Постојат голем број на придобивки од имплементирање на твоите стекнати вештини и знаења на Galeksia преку реални проекти од нашите Learning Partners.
Со запишување на некоја од прогамите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.
Сите наши партнери се дел од дигиталниот свет и несомнено ги одржуваат своите стандарди на високо ниво, кога станува збор за квалитетен кадар. Дознај повеќе за можностите кои ги имаш со нашите Learning Partners во текстот подолу.
1. Neptun е име кое сите го знаат! Најголемиот бренд за бела техника и апарати, со традиција подолга од 20 години. Официјален застапник на Philips, LG, Sony, Beko и многу други.
Како наш студент ќе имаш можност да работиш на реални проекти за овој бренд како и да се стекнеш со можност за вработување.
2. 6Pro Marketing е дигитална маркетинг агенција која специјализира во Paid Advertising за глобални клиенти.
Студентите на Galeksia кои ќе го положат Pearson VUE тестот со највисоки поени и ќе покажат одлично знаење, ќе имаат предност при вработување во 6Pro Marketing.
3. Cosmic Development e Канадска компанија за IT поддршка, со главен фокус на развој на софтвер, дигитален маркетинг и продажба, како и администрација и виртуелна асистенција. Основана во 2011 година, веќе има претставништва во Скопје, Белград и Битола.
Денес Cosmic Development има над 200 професионалци, портфолио од над 300 завршени проекти и воспоставени деловни односи со над 90 среќни клиенти од Канада, САД, Европа и Австралија.
Студентите на некоја од програмите на Galeksia кои ќе покажат одлично знаење, иницијатива и ентузијазам, ќе добијат шанса да станат дел од тимот на Cosmic Development.
4. Ampstor e алатка со која можете да креирате, дизајнирате и објавувате web stories во вид на веб-страна, брзо и лесно.
Базирана на Google AMP Story форматот, оваа иновација може да ги зајакне брендовите и маркетерите и да им помогне да монетизираат и да бидат вирално споделувани.
Дополнително, знаејќи дека брзината е рангирачки фактор, приказните креирани со Ampstor ќе бидат одлично оптимизирани и високо рангирани на Google SERP.
Тимот од млади ентузијасти кои го развиваат Ampstor расте и веќе добива поддршка од Google Cloud for Startups, а токму ти како студент на Galeksia можеш да добиеш шанса да станеш дел од нивнит тим.
5. Triximi е компанија за развој на IT решенија кои го унапредуваат твојот бизнис и го отклучуваат комплетно пазарниот потенцијал. Нивната глобална работна сила е посветена на развивање моќни и релевентни продукти од целосниот спектар на IT индустријата.
Ова е совршено место каде што ќе имаш можност да ги покажеш твоите стекнати вештини и знаења на Galeksia и да имаш предност при вработување во Triximi.
6. Bozinovski watches & jewelry e наш Learning Partner и како наш студент ќе имаш можност да работиш на реални проекти за светски познатите брендови како Breitling, Omega, Swatch, Calvin Klein!
Со Galeksia можеш да го изградиш своето портфолио со најдобрите.
7. BtoBet е компанија која обезбедува решенија за iGaming индустријата. BtoBet е пионер во оваа област и нуди целосен опсег на услуги за управување.
Врвната технологија која ја имплеменитраат во нивните производи, заедно со нивниот пристап за изнаоѓање на иновативни решенија, овозможуваат предвидување на идните потреби на индустријата. Ова ги прави партнерите на BtoBet конкурентни на пазарот.
Студентите на програмите на Galeksia кои ќе покажат одлично знаење, и успешно ќе ги совладаат алатките за дигитален маркетинг, ќе имаат предност при вработување во BtoBet.
8. Singular е високо етаблиран бренд во iGaming индустријата, со претставништва во 3 земји, повеќе од 10 години постоење и клиенти од целиот свет.
Како наш студент ќе добиеш шанса да работиш на реални проекти во оваа брзорастечка идустрија, со можност за вработување по завршувањето на програмата!
9. Adeva е IT компанија која промовира remote working преку поврзување компании и стартапи со квалитетни IT професионалци. Како ексклузивна мрежа на девелопери, мисијата на Adeva e да им донесе еднакви можности на програмерите од целиот свет, без оглед на нивната локација, пол или раса.
Студентите на Galeksia ќе имаат предност при вработување во Adeva и можност за истакнување на нивните стекнати вештини и знаења.
10. Vrootok Marketing & Consulting e компанија која работи со клиенти од САД, Австралија и Западна Европа. Со повеќегодишно искуство во областа на дигиталниот маркетинг, како со странски, така и со домашни клиенти ова е дигитална маркетинг агенција која може да ти помогне да ја изградиш твојата кариера како дигитален маркетер.
Токму во Vrootok започна и една успешна приказна на студент од програмата за Certified Digital Marketing Professional.
11. Relevant е компанија за прилагодени решенија за потрошувачка лојалност, односно глобален водечки снабдувач за mobile-centric CRM решенија.
Постои од 2011 година и специјализира во работа со ресторани, фокусирајќи се на развој на клучни функционалности и архитектура, наспроти само визуелен приказ.
Нивната платформа нуди лојалност, критики од гости, директен маркетинг и решенија за плаќање за да им помогнат на рестораните подобро да се разберат и да комуницираат со своите клиенти.
Студентите на Galeksia кои ќе покажат одлично знаење, иницијатива и ентузијазам, ќе имаат предност при вработување во Relevant.
Galeksia нуди: обезбедување на најдобра практика, подобрувања во квалитетот на едукацијата за дигитален маркетинг, пристап до низа можности за развој и алатки, обезбедено континуираното подобрување на твоите перформанси.
Запиши се на Galeksia и добиј можност, со помош на нашите Learning Partners и стекнатото знаење да дојдеш до кариерата која ја посакуваш.