Она што денес ни е познато како дигитален маркетинг е производ на рапидната дигитализација на светот воопшто. Пред повеќе од две децении, кога не постоеја смартфони и кога интернет мрежата не беше така раширена како што е денес, нештата во маркетингот беа многу поедноставни.
Достапноста на информации и ограничениот избор ги правеа полесни одлуките за купување. Но денес, сите дигитални канали се користат во насока на продажба, а со тоа дигиталниот маркетинг зеде замав. Речиси на секој вебсајт, на секоја социјална мрежа, па дури и на Google и на email, можеме да видиме реклами.
Бидејќи оваа тема е доста актуелна, прочитај како се развивал дигиталниот маркетинг низ годините, односно она што денес претставува маркетинг автоматизација.
Како започна сѐ?
Експанзијата на купување персонални компјутери е она што ги обележа 90-тите години. Сѐ повеќе луѓе започнаа да користат компјутери и email, а со достапноста на интернетот бројот на корисници вртоглаво се зголемуваше преку ноќ.
Во тоа време компаниите сеуште ги користеа традиционалните форми на маркетингот, но „визионерите“ веднаш ги сфатија бенефитите на дигитализацијата и започнаа да прават стратегии.
Првиот банер на кој можеше да се кликне и да го однесе корисникот до лендинг страна, се случи во 1994 година од страна на компанијата „АТ&Т“. Банерот водеше до сосема едноставна лендинг страна на која имаше информации. Овој потег драматично го промени користењето на интернетот за маркетинг и комерцијални цели. Компаниите започнаа да се фокусираат на лансирање на веб страни и стануваа подостапни и поблиски до своите корисници и партнери.
Лансирањето на Google и Yahoo! Во доцните 90-ти беше нова еволуција. Претворувајќи ги своите вебсајтови во првите интернет пребарувачи комплетно ја променија употребата на интернетот и го „олеснија“ животот на корисниците.
Со почетокот на новиот милениум започнаа да се лансираат и социјалните мрежи. Она што порано беше нивна цел – лесна комуникација и споделување важни моменти или интересни содржини со блиските, со текот на времето само подлабоко навлегува во секојдневието на корисниците. Денес, тие се еден од основните канали кои ги користи секој дигитален маркетер.
Мобилната дигитализација и Z генерацијата
Појавата на смартфоните во последната декада направи голем take over врз интернет користењето и социјалните мрежи. Откако корисниците повеќето пребарувања започнаа да ги прават на своите смратфони, Google во 2018 го наметна правилото за сите содржини на вебсајтовите да бидат оптимизирани првично за добар приказ на секој смартфон.
Генерацијата Z дефинитивно е генерација на клучна точка на еволуција на дигиталниот свет, а со тоа и на дигиталниот маркетинг. Ова е генерацијата која сега почнува да е работна сила и која има куповна моќ. Оваа генерација е целната група на речиси секој дигитален маркетер. Генерацијата Z практично „живее“ на интернет и на своите смартфони.
Z генерацијата става голем акцент на персонализацијата и релевантноста на содржините. Она што секој дигитален маркетер се обидува да го направи е да искористи релевантни информации кои ќе допрат до оваа публика. И уште поважно, ја персонализаираат содржината, бидејќи публиката сака да се чувствува „посебно“. А, кој не сака? 🙂
Ова само со уште поголема брзина го турка дигиталниот маркетинг во нагорна линија. Компаниите и бизнисите од сите индустрии веќе ги пласираат своите кампањи на дигиталните платформи. Органските и платените промоции на социјалните мрежи, оптимизацијата на содржината за сајтовите, како и email маркетингот стануваат засебни професии во дигитален маркетинг.
Транспарентноста и лесниот пристап им овозможуваат на корисниците лесно пребарување на производи и услуги, како и споредување со конкуренцијата. Ова е вистински предизвик за секој дигитален маркетер – издвојување од толпата и задржување на вниманието врз својот бренд.
Што во иднина?
Она што со сигурност можеме да го потврдиме е дека ерата на дигиталниот маркетинг само што започна. Новиот начин на живеење и понатаму ќе ги наметнува современите решенија.
Актуелните алатки и канали на дигиталниот маркетинг и понатаму остануваат во широка примена. Интерактивните содржини на социјалните платформи, оптимизацијата на сајтовите и нивната содржина, како и персонализираните форми на комуникација допрва ќе ја доживеат својата експанзија во индустријата.
Покрај овие, постојат доста нови можности кои се развиваат. Тоа се решенија „од иднината“ кои секој дигитален маркетер може да ги искорист, а дел од нив се:
- Користење на вештачка интелигенција;
- Креирање на објави на социјалните мрежи за директна комерција;
- Користење на микро-инфлуенсери за промотивни кампањи;
- Користење на гласовна оптимизација поради гласовното пребарување;
- Масовно користење на видео кампањи;
- Разговарање со ботови.
Сѐ повеќе луѓе се одлучуваат за кариера во дигитален маркетинг. Оваа модерна индустрија има широк дијапазон на можности и секој кој е љубител на технологијата, креативец или аналитчки размислува може да ја пронајде идеалната професија за себе.
Почнувањето на кариера во дигитален маркетинг не било никогаш полесно. Но треба да се внимава при изборот на програма за едукација. Добиеното знаење е најважно, но кога истото ќе биде светски признато е полн погодок.
Galeksia, како единствен сертифициран партнер на најголемиот Институт за дигитален маркетинг ја нуди најдобрата едукативна програма која опфаќа сѐ што ти е потребно за да станеш светски признат професионалец и да ја започнеш својата кариера во дигитален маркетинг.
А, за оние кои бараат курс и веќе знаат во кој дел сакаат да ја надограт својата експертиза, ги имаме специјализираните програми, заокружени со светски признат сертификат од DMI.
Одбери ја идеалната можност за тебе. Те очекуваме!