Дигитален маркетинг и креативно размислување

Благодарение на мрежите и алатките кои ни се достапни денес, постојат голем број опции кои ни се од помош при креирањето на дигиталната маркетинг стратегија. Секој успешен дигитален маркетер е запознаен со начините преку кои може да се допре до публиката и познавањето на онлајн светот е од исклучителна важност. 


Оттаму, јасно е дека постојат нивоа на знаење со кои секој може да се стекне. Меѓутоа, сепак постои и нешто повеќе од техничкиот перфекционизам зад креирањето содржини.


Досега, сигурно си се запрашал/а:


Што ја прави една маркетинг стратегија подобра од другата? Како да станеш подобар дигитален маркетер? Треба ли да вложиш повеќе од учењето на основата?


Токму затоа, во продолжение на овој текст, ќе ти помогнеме да научиш како да станеш добар дигитален маркетер вклучувајќи го процесот на креативно размислување.

Зошто е важно да си креативен дигитален маркетер?

Онлајн светот денес е преплавен од разни спонзорирани содржини кои имаат за цел да допрат до потенцијалните потрошувачи. Имајќи предвид со колку многу објави се сретнуваме секојдневно, содржините кои ни остануваат во меморијата никогаш не се безлични и едноставни.

Со цел да се задржи уникатноста на брендот при процесот на креирање стратегија за дигитален маркетинг, сите креативни компании вложуваат време и сили во креативен стимулс.


Пробај да се сетиш на последната реклама која ти оставила впечаток и те натерала да станеш потрошувач на одреден бренд. Сигурни сме дека процесот на креативно размислување при подготвувањето на истата бил на многу повисоко ниво од останатите конкуренти. Затоа, осмислувањето содржини со високо ниво на креативност е од особена важност доколку сакаш да ја победиш конкуренцијата. 

Со креативност до подобра кариера како дигитален маркетер

Доколку си во почетоците на градење маркетинг кариера, сигурно си свесен за потешкотиите кои искрснуваат на патот до успехот. Со цел да останеш најдобар, мораш континуирано да се адаптираш на промените кои во континуирано се случуваат во маркетинг светот.


Работата како дигитален маркетер налага многу повеќе од употреба на здодевни статистики. Овој став води до прашањето: Како да бидеш креативен, а притоа и умешно да ги информираш клиентите?


Кога е во прашање процесот на креативно размислување, многумина сметаат дека креативноста доаѓа вродено, без опција за постепено развивање на креативното мислење како вештина. Меѓутоа, вистината е дека зад самиот концепт постојат фази кои може да се следат и научат. Доколку имаш јасна визија и целиш кон станување специјалист за дигитален маркетинг, стапките кои мораш да ги следиш се темелат на креативно осмислување содржини. 


Изоставувајќи ја генералната заблуда која е заснована на ставот дека креативноста е нужна само во сферата на графичкиот дизајн, своите вештини можеш да ги покажеш креирајќи објави на социјалните мрежи или пак пишувајќи креативни блог постови. Оттука, сосема е јасна важноста од стварање содржина која ќе допре до публиката, наместо блокови текст кои нема да отстапат од генералната матрица.

 

digitalen marketer so svetska kariera

 

Како да ги оствариш своите креативни можности?

Доколку си љубопитна личност која секогаш цели кон остварување на максималниот потенцијал, веројатно е дека до сега си се запрашал/а како можеш да понудиш вештина која ќе отстапува на пазарот на трудот. Со оглед на големата конкуренција, трката за успех станува сè потешка, што укажува на потребата од адаптација и постојано учење. 


Со цел да го разбудиш својот креативен стимулс, постојат неколку работи кои можеш да ги направиш. Најпрво, особено важно е да останеш информиран околу опциите и начините преку кои можеш креативно да се изразиш креирајќи содржини како дигитален маркетер. Меѓутоа, доколку целиш кон професионална обука, постојат многу курсеви кои би ти помогнале да ги следиш стапките на најуспешните во тоа поле.


Накратко, со цел да ја разбудиш вештината за креативно размислување, потребно е да преминеш низ неколку етапи:

  • Обиди се да наоѓаш заеднички врски меѓу прашањата, проблемите и навидум неповрзливите статистики;
  • Секогаш запрашувај се! Овој процес ќе ти помогне во наоѓањето нови идеи и ќе ти изнуди пат кон поотворен процес на размислување;
  • Труди се да изградиш мрежа со луѓе кои размислуваат поинаку, стекнувајќи нова визија за поинакви можности од оние кои до сега ти се познати;
  • Експериментирај со своите идеи и потруди се да ги реализираш и покрај ризикот да не се комплетно успешни.

Соработувај со специјалисти за дигитален маркетинг!

Како што претходно напоменавме, посетувањето на професионална обука би ти помогнало да ги подобриш своите маркетинг вештини и да достигнеш ново ниво на креативно размислување.


Најдобриот начин да научиш некој новитет или да ја подобриш веќе стекнатата вештина се темели врз учење од луѓе кои веќе оствариле успех во тоа поле. Доколку сметаш дека ова е правилниот пат, можеш да станеш специјалист за дигитален маркетинг посетувајќи ја обуката која ти ја нуди Galeksia.


Следејќи ги предавањата ќе се стекнеш со знаење преку материјали и модули креирани од светски лидери во дигитален маркетинг. Ваквиот начин на учење ќе ти помогне многу повешто да се оствариш на професионален план, работејќи со предавачи кои ќе те усмерат кон опциите што ти се нудат.

Веднаш откако ќе се запознаеш со трендовите, алатките и начините за работа, ќе можеш многу полесно да креираш содржини кои ќе отстапуваат од конкуренцијата.

Вака изградената база на знаења природно ќе ја стимулира твојата креативност и ќе ти помогне да размислуваш креативно, правејќи те вешт дигитален маркетер кој има да понуди многу повеќе од она што просекот го нуди.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче