Запознај ја Билјана – Административен менаџер во Galeksia

Galeksia веќе една година поставува светски стандард во едукацијата за дигитален маркетинг во нашата држава. Оваа цел почнува од групата на најдобрите дигитални маркетери во светот кои ја креираат програмата, до глобално познатите компании кои стојат позади нејзиниот квалитет.


Сè она што стои позади брендот на Galeksia, од менторите кои се експерти во полето во кое работат, интерактивните предавања, менторските сесии, работата на реални проекти, пристапот до информации и материјали на платформата на DMI го претставуваат уникатниот пристап во полето за неформално образование за дигитален маркетинг.


Чест ни е да ја претставиме Билјана Гриовска, најнов член во нашиот тим. А какво со какво искуство ни доаѓа, прочитајте во интервјуото подолу.


1. Здраво Билјана, од неодамна си дел од тимот на Galeksia, добредојде. Која е твојата главна одговорност како Административен менаџер?


Мојата главна задача е успешна координација и комуникација со студентите, менторите, тимот, како и компаниите со кои работиме на реални проекти. Покрај ова, тука влегуваат и административни задачи, организација на документи и финансиски дел, одговарање на прашања и сл.


2. Што е она што сметаш дека најмногу ти помага во соработката со студентите?


Мислам дека моето претходно разновидно работно искуство има огромно влијание: претходната работа со студенти на Правниот факултет, дипломатското искуство како сопруга на амбасадор во Будимпешта и Атина, искуство со организација на бизнис конференции низ Европа, се само дел од она што го работев во изминативе 15 години.

По природа сум многу комуникативна, отворена и непосредна, мислам дека и тоа влијае 🙂


3. Што според тебе е дел од “клучот” за успех на учесниците на програмите на Galeksia?


Посветеност на програмата и планирање на време за учење – програмата е доста интензивна и навистина бара посветеност, особено доколку не постои претходно предзнаење од областа.

Во рамките на секој модул се вклучени и домашни задачи, потоа има можност за работа на проект, има квизови и тестови. Сето ова знае да биде доста напорно во комбинација со секојдневни домашни обврски и работа.

Затоа е навистина неопходно од самиот почеток да се одвои доволно време за учење и да се завршуваат задачите навреме, со цел подобро да се следи секој модул и да не се натрупува заостанат материјал за учење.


4. Ти имаш многу работни обврски кои вклучуваат соработка со фирми за проекти, координација на студенти, организација околку полагање на испит, кој е твојот омилен дел од работата и зошто?


Хмм, мислам дека најомилен дел од работата ми е кога им давам поддршка на студентите. Многу често, особено пред испит се јавува страв дали доволно го знаат материјалот, или имаат прашања за кои им е потребна помош, па мојата улога овде е да разговарам со нив, да најдам решение, да им покажам дека навистина се грижиме за секој од нив и имаме индивидуален пристап.


5. Дигиталниот маркетинг е сфера која вртоглаво брзо расте и секојдневно се менува. Која е клучната карактеристика која ја забележуваш кај сите учесници на програмите на Galeksia, која е заслужна за нивниот успех?


Студентите во секоја група имаат ралично искуство и предзнаење, но она што им е заедничко е желбата за учење и амбицијата да навлезат длабоко во сферата на дигиталниот маркетинг, да го одберат делот кој најмногу им лежи и да имаат успешна кариера.


6. Која е вредноста која ја овозможуваат програмите на Galeksia? По што тие се разликуваат од другите програми во нашата држава?


Има неколку аспекти по кои програмите на Galeksia се поразлични – квалитетот на содржините, искуството на менторите, индивидуалниот пристап, пристапот за студентите до платформата на Digital Marketing Institute каде што имаат огромен број на дополнителни материјали: вебинари, подкасти, книги, форум за комуникација со преку 130.000 професионалци од целиот свет.

И секако, глобално признатиот сертификат по завршувањето на наставата, за кој полагаат тест во најголемиот тестинг центар Pearson Vue.


7. Кој е според тебе најважниот сегмент во грижата за учесниците на програмите на Galeksia?


Тоа е индивидуалниот пристап кој го применуваме во Galeksia.

Секој студент има различно предзнаење, свое темпо на учење, свои обврски, грижи, приватен живот кои секако влијаат. Сите овие работи ги земаме во предвид при комуникацијата со секој студент и се трудиме на најдобар можен начин да одговориме на секој предизвик.


8. Како Galeksia учествува во кариерниот развој на учесниците на програмите?


Организираме работа на реални проекти, со голем број на компании, каде што студентите практично го применуваат стекнатото знаење.

Исто така, им помагаме на студентите за пронаоѓање на пракса или вработување, со помош на компаниите со кои соработуваме.

Во текот на наставата, менторите вклучуваат примери кои им се блиски на учесниците со цел да ги разберат подобро процесите.

Платформата на Digital Marketing Institute на која секој студент има пристап е исто така од голема помош, со оглед на тоа дека постојано им нуди дополнителни активности за учење за да бидат во тек со најновите случувања, форум за комуникација и вмрежување со професионалци од сферата.


9. Како Galeksia обезбедува дека учесниците ќе се стекнат со реално, применливо и практично знаење освен со светски признат сертификат?


Работиме по програмата на Digital Marketing Institute која е создадена и одобрена од претставници на најголемите компании во индустријата: Facebook, Google, Microsoft, LinkedIn, Coca-Cola, да споменам само неколку, кои постојано ги прегледуваат и унапредуваат содржините кои се изучуваат, со цел она што се учи да биде навистина релевантно.

Нашите ментори се исто така сертифицирани обучувачи и професионалци со повеќегодишно искуство во областа.


10. Покрај менаџирање на учесниците на програмите, ти си задолжена и за успешна реализација на проектите со компаниите – партнери на Galeksia. Кој е клучниот mindset на успешните компании кои им помагаат да ги достигнат своите цели во дигитален маркетинг со помош на реалните проекти?


Работата на реални проекти ни е многу важна, бидејќи тоа е одлична можност за директна примена на стекнатото искуство.

Со компаниите креираме активности кои ќе бидат од корист и за компанијата но и за студентите. Од овие соработки произлегуваат сериозно добри кампањи, кои потоа компаниите ги спроведуваат, а студентите се горди дека биле дел од тој процес, учеле преку работа, создавале и се стекнале со знаење кое само понатаму ќе се збогатува.


11. Кој е клучот за успешна подготовка за финалниот испит на Galeksia и како вие како тим им помагате на учесниците на програмите да имаат загарантиран успех?


Клучот за успешна подготовка на тестот е навремено извршување на задачите. Модулите се логички поврзани еден со друг, така што за секој нов модул е важно да се познава претходниот.

И прашањата на испитот се најчесто така поставени што  бараат поврзување на она што е научено, а тоа е така за да го мотивираат студентот навистина да го разработи материјалот за на крајот да добие знаење кое е веднаш применливо.

Пред полагањето на завршниот тест, ние им даваме тестови за вежбање на студентите, кои се симулација на вистинскиот тест за да добијат јасна слика што ги очекува. Менторите исто така организираат дополнителни сесии каде што даваат објаснување и помош за сѐ што не е јасно.



Доколку и ти сакаш да си дел од Galeksia, разгледај ја програмата за Professional Diploma in Digital Marketing. Уписите се во тек.



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче