Успешниот маркетер никогаш не престанува да учи и да експериментира

On today’s menu имаме разговор со Маја Даниловиќ – успешен (дигитален) маркетер со исклучително богато портфолио. Одличен пример за секој еден студент запишан на програмата, дека континуираното надградување е единствениот клуч за успешна кариера и дека не е најтешкиот дел да го достигнеш врвот туку да се одржиш таму.

Како Маја ја започнала својата приказна во маркетиншките води, која ѝ е омилена област, што научила на CDMP програмата во Galeksia, и дали го применува веќе на својата работна позиција како Marketing Manager во Damilah, ни дава одговори подолу! Не пропуштај да прочиташ повеќе, со сигурност ќе ти биде корисно!

1.Маја здраво! Најпрво, честитки за сертификатот, иако веќе долги години си во областа, сега и официјално си ја зема титулата Certified Digital Marketing Professional. Имаше навистина напорен период зад тебе, дали успеа да здивнеш конечно?😄

-Благодарам многу! 😊 Беше навистина интензивен период, но истовремено и исклучително значаен. Секој вложен напор донесе нови знаења и вештини, што го прави целиот процес исполнет со задоволство. Здивнав на кратко, но патувањето во маркетингот никогаш не е мирно – секогаш има нови предизвици за истражување и примена!😊

2.Имаш завршено Економски Факултет, но од тогаш некако кариерата почна да ти се приближува многу повеќе кон маркетингот. Дали отсекогаш ти било ова целта и си се фокусирала кон остварување во ова поле или пак се случило спонтано? Какви се твоите почетоци и првите чекори во областа? 

-Сосема спонтано!😊 Започнав како медиа планер во дневен весник, а подоцна и во телевизија. Токму таму ја почувствував моќта на комуникацијата и влијанието што го има добриот маркетинг. Од тој момент, сфатив дека маркетингот е многу повеќе од професија – тој е креативна стратегија, постојана еволуција и разбирање на луѓето. Постепено се пренасочив кон дигиталниот маркетинг, каде што моите економски и аналитички вештини природно се надополнуваа со потребната креативност.  Секој ден е различен и нуди можности за учење и иновации – тоа е она што ме задржа во оваа индустрија.

3.Во моментов зборуваме со Marketing Manager на Damilah. Што подразбира оваа функција, кои се твоите одговорности и работни задачи во текот на денот?

-Маркетинг тимот во Damilah е мал, но тоа го прави предизвикот уште поголем и интересен!😊 Моите задачи се многубројни и вклучуваат управување со дигиталната и content стратегија, дизајн и брендирање, развој и оптимизација на корпоративната веб-страница, како и рафинирање на надворешната и внатрешната комуникација.

Дополнително, сѐ работиме на корпоративен подкаст, следиме аналитика од кампањите и се грижиме за SEO оптимизацијата. Нашиот фокус е на B2B и go-to-market активности, дефинирање на buyer персони, истражување на пазарот и keyword истражувања. Секој ден е исполнет со анализа, планирање, креација и оптимизација – што бара посветеност и многу страст кон работата.

4.Што треба да поседува еден, нема да кажеме добар, туку одличен digital marketer? Како да се истакне меѓу другите? 

-Одличен дигитален маркетер мора да комбинира аналитички и креативни способности, да биде љубопитен и подготвен за постојано учење и прифаќање нови технологии. Клучно е да биде информиран за трендовите, да се прилагодува брзо на промените и да создава стратегии што носат резултати.

Потребно е одлично разбирање на потребите и желбите на публиката. Истакнувањето меѓу другите маркетинг стратегии се постигнува со автентичен пристап, смелост за нови идеи, креирање исклучителна содржина и доследност во комуникацијата. И важно е да се изгради врска со таргет публиката и да се пренесе вистинската вредност.

5.Кога сме веќе кај дигиталниот маркетинг како професија, неизбежно е прашањето околу AI, една тема која е исклучително актуелна во последно време. Би сакале да го слушнеме и твоето мислење, дали ќе успее да нѐ замени или пак треба само да се научиме како да ја користиме правилно во наша полза? Дали стравовите на маркетерите се реални?😊

-AI е навистина возбудлива тема! Верувам дека AI може значително да го олесни нашето работење, но никогаш целосно да нѐ замени. Со AI, стануваме попродуктивни и поефикасни но за вистински иновативни кампањи сè уште е потребен човечкиот аспект.

AI треба да ја гледаме како алатка што ги поедноставува процесите и ни дава повеќе време за креативно размислување и стратешко планирање. Креативноста и интуицијата на маркетерите се незаменливи. Клучот е во правилното интегрирање на AI во секојдневната работа. Јас не можам да си ја замислам работата без AI алатките – тие се наш сојузник во оптимизација, предвидување и анализа.

6.Ти веќе имаше искуство долги години во областа на (дигиталниот) маркетинг. Што те натера да се запишеш на CDMP програмата во Galeksia?😊

-Во Damilah постојано нѐ охрабруваат за преземање на чекори за личен и професионален развој, што е клучно во динамичната маркетинг индустрија која бара постојано надоградување на знаењето. Како full stack маркетер, сакам да ги разберам и применам најновите трендови во дигиталната стратегија за да создадам вредност, а Galeksia беше совршена платформа за тоа.

CDMP програмата беше природен чекор за мене, бидејќи ми овозможи да ги надградам и освежам знаењата во клучни области и да стекнам меѓународно призната сертификација. Со своите 10 модули, програмата понуди сеопфатно и практично знаење за комплексни дигитални стратегии, кои веднаш можев да ги применам во секојдневната работа.

7.Кои дигитални вештини ги научи дополнително на обуката, и веќе ги применуваш на твојата работна позиција? 

-Обуката ми овозможи подлабоко разбирање за дигиталната стратегија, content маркетингот, SEO оптимизација, анализа на податоците и креативни кампањи. Научив како да креирам поефективни стратегии, да ги оптимизирам и да користам напредни алатки за анализа на пазарот и публиката. Овие вештини ми помогнаа да го зголемам квалитетот на кампањите, со подобро таргетирање, персонализација и зголемена ангажираност со клиентите.

Дополнително, работењето со AI алатки за автоматизација и оптимизација ми овозможи да ги поедноставам процесите, да ја зголемам ефикасноста и да донесувам поинформирани одлуки.

8.Дали можеби откри некоја нова љубов во дигиталниот маркетинг, слушајќи ги сите 10 модули на програмата?

-Секој модул носеше нешто посебно и сите се надополнуваа еден со друг. Но, SEO и content маркетингот ми станаа фаворити! Тие нудат многу простор за креативност и стратегија, а нивното долгорочно влијание и способност за зголемување на видливоста навистина ме инспирираат. Не можам да ја изоставам и аналитиката – претходно ја гледав како алатка, но сега ја сметам за срцето на секоја кампања. Податоците раскажуваат приказни кои ни помагаат да донесуваме информирани и стратешки одлуки.

9.Го положи финалниот испит со импресивни 93%, па можеби тоа те прави и најсоодветна во делот со советите до идните студенти. Што би им донело успех на ова поле? Има ли некој shortcut до него или сепак само се работи за максимална посветеност?

–Искрено, се изненадив од својот резултат и особено ми е драго што се најдов во топ 2% најуспешни учесници на програмата. 😀 Едно е сигурно – нема shortcut до успехот; потребни се максимална посветеност, учење со отворен ум и практична примена на знаењето. Моето искуство ми покажа дека успешниот маркетер никогаш не престанува да учи и да експериментира.

10.За крај, што би ги советувала луѓето кои имаат веќе искуство во областа, и се двоумат дали да се запишат на програмата?   

– Ако сте подготвени да излезете од вашата комфорна зона, оваа програма е за вас. Ќе ве предизвика, но и ќе ве награди со нови знаења, вештини и професионална самодоверба. Јас не жалам за вложениот труд и се радувам на сè што научив – програмата е повеќе од учење, таа е инвестирање во себе и својата кариера.


Одлична е за сите кои сакаат да бидат во тек со новите технологии и стратегии. Дури и искусните маркетери ќе најдат нови перспективи, ќе освежат знаења и ќе добијат официјална потврда на својата компетентност. Програмата е соодветна и за почетници и за искусни професионалци – за почетниците може да биде предизвик, но поддршката од менторите е клучна. Менторите се секогаш подготвени да помогнат и да ги разјаснат концептите. Ова е најдобрата маркетинг програма на пазарот и секој што сака да го подигне своето знаење на следно ниво треба да ја разгледа.

Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче