Запознајте го Никола! Ентузијаст за дигитален маркетинг и човек кој не престанува да учи и да се надоградува. Неговата пасија за повеќе и подобро ја преточува во еден ролеркостер од кариера кој секогаш е насочен кон горе!
Од желба да стане ветеринарен лекар, преку Taskforce како еден од првите вработени, до неговиот ‘аха’ момент каде што го наоѓа својот повик во дигиталниот маркетинг. Тој со Galeksia доби сеопфатно знаење, менторско водство од професионалци кои го насочија во кариерата, како и сертификат признат низ цел свет. Сето ова како рецепт за успешно менување на кариера.
Како одел неговиот пат од креирање content, до работа во ⋮IWConnect на престижни проекти за SaaS со акцент на AI, прочитајте во интервјуто!
Здраво Никола! Кажи ни повеќе за себе, со каква позадина доаѓаш и со што се бавеше пред да почнеш да учиш дигитален маркетинг?
Започнав во областа на медицината, каде пред околу 20 години мислев дека ќе станам ветеринарен доктор. За жал тоа не се случи 😀
Неколку години по факултетот, и неколку gigs потоа, имав шанса во 2016 година да бидам еден од првите вработени во Taskforce, тогашен стартап во индустријата за административен outsourcing. Во годините поминати таму научив многу за тоа како функционираат компаниите и office културата. Симбиозата беше дека компанијата имаше потреба од луѓе кои не се плашат да учат, да растат и да прават грешки, и да се прилагодуваат на работни процеси и процедури со кои никој претходно не бил изложен во Битола, и во Македонија.
Во тоа време беше тешко да им објаснам на пријателите и семејството што точно работам. Но, многу од луѓето кои се приклучија во првата година беа луѓе кои сакаа да пробаат нови работи, да учат и да се развиваат професионално.
Врската со маркетингот беше тоа што секогаш сакав да гледам и да читам креативни и штосни реклами на интернет, и сонував дека тоа би била најдобрата работа во светот што човек може да ја има. Мислев, колку тешко би можело да биде??
Но, откако почнав да ги откривам сите нијанси и дисциплини во индустријата за дигитален маркетинг… бев hooked…
Почнуваш активно да креираш content од август 2022, а во тој период почнуваш и да учиш со Galeksia. Кои беа предизвиците со кои се соочи на почетокот во оваа индустрија и што ти помогна да напредуваш?
Да, почнав да објавувам статии на LinkedIn во обид да ja изградам мојата мрежа и да споделам некои знаења и гледања од мојата индустрија и она што мислев дека моите followers ќе ги најдат корисни. Но, брзо сфатив дека треба да го фокусирам моето време на истражување и пробување на она што сум го научил, а не само да се врзувам толку многу за социјалните медиуми.
Силно верувам дека користењето на методот на самостојно учење е единствениот вистински начин на совладување на некоја материја – Правење грешки и учење од нив. Но, причината зошто одлучив да се запишам на CDMP програмата на Галексиа беше тоа што слушањето, учењето и разговарањето со професионалци кои знаат што прават може сериозно да ви заштеди време за да стигнете каде што треба да одите во поглед на она што сакате да подобрите.
Целата поента на програмата според мене е тие професионалци да ве насочат во вистинската насока и да ви кажат дали правите нешто правилно или погрешно, и за тоа треба само 5 минутен разговор. Тие можат да ве упатат во вистинската насока. Да ви го покажат патот. И кога се обидувате да научите нешто толку динамично како дигиталниот маркетинг, тоа е непроценливо.
Потоа следува период кога се посветуваш на работење со data, а од 2023та стануваш и дел од ⋮IWConnect каде што се уште работиш. Кажи ни за компанијата и твојата позиција таму?
Веќе го разбрав процесот во индустријата за осигурување, од back-office до operations, од перспектива на BPO. Работењето со data и аналитики беше само начин да стекнам 360-степени визија на целиот процес што ме одведе до позицијата Insurance Consultant.
Тоа требаше да биде мојот чекор погоре во хиерархијата, но тогаш се појави можноста со ⋮IWConnect.
И на тоа не се кажува ‘не’. Никој не би можел.
Верувам дека ⋮IWConnect е една од ретките иновативни и прогресивни организации кои навиваат да се развиваш и учиш.
Токму затоа се на пазарот веќе две децении и верувам дека ќе продолжат да напредуваат.
И да одговорам на твоето прашање, ⋮IWConnect е компанија за ИТ услуги која им помага на бизнисите со нивната дигитална трансформација со решенија како интеграција, развој на апликации, AI решенија, 3D решенија, ИТ поддршка, QA и многу повеќе.
Мојата моментална позиција како консултант за маркетинг ми овозможува да работам во тим кој извршува извонредна работа за ⋮IWConnect, во однос на брендинг и B2B.
Која е твоја препорака за tools што треба да ги научи некој што цели да ти биде колега?
Научете како да правите истражување на keywords и да работете со алатки за оптимизација – ако сакате да се фокусирате на пишување содржини. За алатки, би рекол – ако имате неограничен буџет – Ahrefs, Semrush и SurferSEO или Clearscope. Опции кои се budget friendly би биле – Ubersuggest и LowFruits.
И секако, научете како да користите вештачка интелигенција. Мој фаворит е Gemini.
Што би ги посоветувал сите кои сакаат да сменат кариера и да почнат да работат во некој дел од дигиталниот маркетинг?
Ако сакате да слушнете како други луѓе би ја вршеле вашата работа подобро, тогаш би рекол да се осмелите 😀
Не, сериозно, би препорачал кариера во маркетинг на секој кој е креативен и има смисол за хумор.
Во 2024та се соочуваме со се поголема интеграција на AI во дигиталниот маркетинг, како тоа влијаеше на твоето работење и на вас во ⋮IWConnect генерално?
Мислам дека вештачката интелигенција е истовремено и amplifier и огледало. Ако некој е креативен, со помош на AI тој ќе биде креативен x10. Ако некој веќе е продуктивен, вештачката интелигенција ќе им помогне да стане Jedi.
Маркетинг тимот во ⋮IWConnect користи и вештачка интелигенција која ни помага во многу процеси.
A генерално во ⋮IWConnect, сè уште не можам да ги откријам AI-powered проектите кои ги развиваме. Но, оние за кои можеме да зборуваме се 3Dots Commerce, Alex – Virtual Storytelling Agent, и VA Pete. Со гордост можам да кажам дека бев вклучен во маркетингот на сите три производи, и со нетрпение очекувам да видам кои други производи нашиот тим ќе ги развие во наредните години.
За крај, кои се твоите идни кариерни планови? На што сакаш да се фокусираш во опсегот на дигиталниот маркетинг?
Би сакал да се фокусирам на стратегии за лансирање на SaaS производи и продукти, и дефинитивно да почнам повеќе да користам Google Analytics.
—
Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!