Кои се најактуелните digital marketing трендови за 2022?

Не е нова вест дека дигиталниот маркетинг е индустрија која се менува секојдневно. Она што денес е актуелно, нема никаква гаранција дека ќе го задржи својот тренд и во иднина. Но, затоа сите што имаме интерес во дигиталниот маркетинг, наша обврска е да се информираме и да бидеме во тек со сите нови трендови и технологии. Сè со цел да останеме релевантни во индустријата и да се прилагодиме на ова ever–changing поле.

 

Во овој блог пост ти подготвивме мало истражување во кое ги опфативме сите digital marketing трендови кои ќе ја одбележат 2022 година! 

 

Кои се топ 6 трендови во дигиталниот маркетинг за 2022?

 

1. Фокусирај се на креирање видео содржина

 

Веќе добро познато е дека веќе неколку години, mobile полека, но сигурно, преовладува во споредба со desktop. Со новите технологии, брзиот интернет кој е достапен сè повеќе, video streaming-от е и подостапен од смартфоните и таблетите. Па не е ни чудно што TikTok го зазема првото место во најпопуларни платформи за 2021. 

 

Снимањето видеа е поедноставно од кога и да било. Можеш да снимаш од каде било, но и можеш да го гледаш и стримуваш кога било. Можност која ја немавме или беше прескапа за нашите стандарди, во времето кога се броеше во мегабајти, а не гигабајти. 

 

Корисниците обожаваат видea! Видео маркетингот со сигурност ќе биде еден од најголемите digital marketing трендови во 2022. Ако сè уште не си започнал со креирање видео содржина, дефинитивно треба да го прегледаш твојот content маркетинг план за 2022.

 

Научи сè што треба да знаеш за рекламирање на видео content на модулот Display & Video Advertising на DMI програмата!

 

 

2. Voice search е повторно во игра

 

Voice search опцијата крена галама во 2019, кога многу маркетинг гуруа и експерти го ставија на листата за најактуелни трендови во дигиталниот маркетинг. Но, сепак не ја задржа својата популарност. Годинава повторно е на листата топ трендови за 2022 година и многумина сметаат дека ќе се задржи.

 

Па така, нема да е на одмет да ја оптимизираш својата содржина и за voice search. Полесно е одошто мислиш! Веќе со години сите вложуваат во SEO и се фокусираат на оптимизација на содржината според главните правила на SEO. Сè со цел да се искачат кон врвот на првата страница од пребарувањата на Google. Оптимизација за voice search не е ништо поразлична, бидејќи пребарувачите како Google сè уште користат пишана содржина за да ги прикажат резултатите за вербалните queries.

 

Една негативна страна овде е тоа што добиваш нула кликови за пребарување со voice search, што може да е малку фрустирачки за сите нас. Не постои можност да се анализираат податоците од voice search пребарувањата со алатките кои ги користиме за анализа како, Google Analytics и Google Search Console. Но, не значи дека нема да се најде начин и за таков вид анализа. Таквата опција би била big win за сите дигитални маркетери!

 

upisi na programata za digitalen marketing

 

3. Персонализирај ја пораката до корисниците

 

Сите ние, преку најразлични начини, оставаме многу лични податоци онлајн. Па така за возврат очекуваме персонализирано искуство од брендовите. Корисниците онлајн се веќе далеку од скромни и имаат големи очекувања за своите барањата. Сакаат да го добијат она што го бараат во моментот кога им треба!

 

Што ни кажува ова? Ова значи дека мораме да работиме на персонализација на пораката која ја праќаме и да бидеме присутни кога корисниците пребаруваат. Многу маркетинг алатки веќе имаат достапна автоматска персонализација, како на пример при рекламирање на Google Ads или праќање на welcome emails на Mailchimp. Мал потсетник за твојата e-mail маркетинг стратегија, да ја искористиш опцијата за сегментирање на твојата публика во различни категории.

 

Исто така, кога ги креираш кампањите за рекламирање, никако не треба да ги таргетираш сите твои следачи. Прошири ги твоите погледи и размисли за различните типови на корисници кои се заинтересирани за твоите услуги и модифицирај ги рекламните кампањи според тоа. Со сигурност ќе забележиш раст во CTR метриката.

 

4. Искористи ги micro-moments

 

Зголемената употреба на смартфоните ни го скрати attention span-от. Одлуката за каде да одам, што да јадам или каде да купам нешто се врши за неколку секунди. Запамти го ова добро, кога ќе ја развиваш твојата маркетинг стратегија. 

 

Овие мали моменти на одлука, Google ги нарекува micro moments и според нив постојат четири типови:

 

  • I want to know моменти
  • I want to go моменти
  • I want to do моменти
  • I want to buy моменти

 

За да можеш да си дел од одговорот на овие прашања кога корисниците пребаруваат и носат инстанти одлуки, мораш да најдеш начин да им го привлечеш вниманието на корисниците во неколку секунди. Според последните истражувања на Microsoft, attention span-от на корисниците доживеа пад од 12 во 8 секунди. Тоа значи дека имаш помалку од 8 секунди да ја испратиш твојата порака до корисниците. 

 

Micro-moments се тесно поврзани со персонализацијата што ја споменавме погоре и таргетирањето во рекламните кампањи. Мораш да си присутен на платформите каде што се присутни твоите корисници и да инвестираш во кратки реклами кои даваат одговор на micro прашањата на корисниците. Под кратки реклами подразбираме, концизни, eye-catchy и директно насочени кон корисниците, се со цел да им го привлечиме вниманието. Никој нема да чита долга и пресложена содржина.

 

5. Маркетинг со инфлуенсери

 

Видливо е дека сè поголема е недовербата на корисниците во инфлуенсерите и нивната промоција на продукти и услуги. Но, ова дефинитивно не значи дека маркетингот со инфлуенсери е „надвор од употреба”! Соработката со инфлуенсери останува релевантна и во 2022. Позитивната страна на ваквиот вид на маркетинг е тоа што им овозможува на брендовите да ги развијат своите односи со корисниците и да допрат до таргет публиката на поперсонализиран начин.

 

Во 2022 има многу начини на кои можеш да ја примениш соработката со инфлуенсери во твојата маркетинг стратегија. Не само што можеш да користиш разновидни канали за промоција, како што се Instagram, TikTok, како и Јутјуберите, туку и истите нудат различни форми на промоција на содржината. Ќе го земеме за пример Instagram, којшто нуди опција за регуларни објави, stories, guides и секако моментално најакутелниот тренд, Reels.

 

Овде е важно внимателно да ги избереш инфлуенсерите со кои соработуваш. Веќе постојат најразлични алатки со кои можеш да ја истражиш нивната популарност и легитимност. И нормално мораш да направиш темелна анализа на публиката, за да ги избереш инфлуенсерите кои ќе ти донесат резултати. Една од алатките кои ќе ти помогнат во истражувањето е Upfluence, која нуди повеќе можности. Прегледај ги останатите алатки овде.

 

6. Metaverse и VR/AR

 

Last, but not least, мора да ја споменеме новата револуција во технологијата, односно Metaverse и сите нивни проекти кои следат. Во октомври, минатата година, Марк Цукербург ни ја најави трансформацијата на Facebook во Meta. Ова е повеќе од само промена на име.

 

Компанијата објави дека работи на концептот Метаверзум кадешто ја менува целосно новата генерација на користење на социјалните мрежи и општо интернетот. Со воведување на VR елементи кадешто ќе имаме можност да комуницираме и функционираме во виртуелен свет. 

 

Што можеш ти да направиш во врска со ова?

 

Почни со истражување на опциите и креирај ја твојата Метаверзум стратегија со можности за VR и AR маркетинг. Веќе постојат многу апликации кои функционираат во виртуелна реалност како и веќе применливи виртуелни продавници, достапни на нашите смартфони. Во нашиот преглед, можеш да прочиташ што всушност претставува Metaverse и да размислиш како можеш да ги примениш можностите кои ги нуди во твојата маркетинг стратегија за 2022.

 

metaverzum 2022

 

Трендовите во дигиталниот маркетинг се менуваат со брзината на светлината и додека ова се предвидувањата за трендовите во 2022, не значи дека ќе останат непроменети. Со цел да останеме конкурентни на пазарот, мора постојано да се информираме и едуцираме за тековните трендови и новите технологии. 

 

Програмата на DMI се обновува секои шест месеци со цел да остане релевантна. Една од поголемите предности на програмата е тоа што имаш пристап до најновите блог постови, алатки, case studies и how-to’s на платформата и по завршувањето на   програмата. Искористи ја шансата да станеш дел од големото DMI семејство и да ги добиеш најновите информации од светските експерти како што е Neil Patel, кој е еден од креаторите на програмата. Доколку сакаш да се стекнеш со релевантни дигитални вештини и знаење, приклучи се уште денес.Февруарските уписи се во тек, пријави се овде.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче