9 знаци дека си роден/а да бидеш дигитален маркетер

Изборот на вистинската професија е можеби најважната, а истовремено и исклучително тешка одлука што секој од нас ќе ја направи. Има луѓе кои се сигурни во својата одлука, но има и такви кои менуваат повеќе кариери сè додека да ја најдат онаа која најмногу им одговара. Како да знаеш кој е вистинскиот пат за тебе?



Дигиталниот маркетинг е возбудлива и постојано променлива индустрија. Постојано сме сведоци на промена на трендови, алгоритми, технолошки достигнувања и иновации кои му даваат нова димензија на дигиталниот маркетинг.



За да работиш во индустријата за дигитален маркетинг и да можеш успешно да ги следиш брзите промени треба да си љубопитна, флексибилна и упорна личност. Издвоивме 9 знаци кои ќе ти покажат дали си роден/а за професија во дигитален маркетинг!



Продолжи да читаш и разбуди ја твојата дигитална пасија!



1. Љубопитноста ти е главна карактеристика  



Една заедничка карактеристика на сите дигитални маркетери дефинитивно е љубопитноста. Curiosity killed the cat, but a lack of curiosity can kill a herd of lions! 



Зошто љубопитноста е неопходна? Бидејќи во дигиталниот маркетинг постојано има нешто ново за учење, будно треба да се следат промените и да се тестираат различни пристапи и идеи. Тестирањето и превземањето на различни out of the box идеи можат значително да влијаат врз подобрувањето како на бизнисот, така и на твојот личен професионален развој.



Доколку си љубопитен/на и жеден/на за знаење, тогаш дефинитивно треба да му дадеш шанса на дигиталниот маркетинг!



Симни ја програмата!



2. Знаеш дека комуникацијата е клучна за успех



Комуникацијата важи за универзален клуч, кој ги отвора вратите кон успехот во секое поле. Со работа во дигитален маркетинг секојдневно ќе комуницираш на повеќе нивоа:



  • Kоординација со тимот за успешно извршување на работните активности;
  • Kомуникација со клиенти за квалитетна соработка;
  • Правилно и јасно пренесување на пораката до публиката.


Способноста кратко и јасно да се пренесе пораката е од суштинско значење. Добрата комуникација ќе ти помогне полесно да се поврзеш со другата страна и да се осигуриш дека целта на комуникацијата ќе биде исполнета.



3. Ти треба прилика да ја искажеш креативноста



Дали размислуваш различно и постојано сонуваш за промени? Знаеш дека си створен/на за кариера во дигитален маркетинг ако имаш нескротлива желба да се изразуваш креативно. Дигиталниот маркетинг е креативна кариера која постојано бара нови и свежи идеи. Публиката сака да биде воодушевена и забавувана. 



Да го земеме во предвид како метрика attention span-от на публиката денес. Ако во 2000те тој бил 12 секунди, денес тој изнесува само 8. Тоа значи дека содржината која ќе им се пласира треба да е доволно интересна и креативна за да им остави впечаток во овој краток attention span. 



Креативноста се смета за број 1 најбарана карактеристика од работодавците. Иако најчесто е вродена, има голем број начини како може да се подобри. Замисли ја како мускул кој треба да се тренира. За да ја амплифицираш, опкружи се со креативно изразување, поминувај го времето читајќи книги, објави за дигитален маркетинг, свири инструмент или интересирај се за уметност.



4. Имаш незаситен глад за знаење



Ова е тесно поврзано со љубопитноста. Треба постојано да учиш нови работи и да се интересираш за промените и трендовите, се со цел да си во тек и да останеш релевантен. Единствениот начин да се „преживее“ во дигиталниот маркетинг е континуираното учење и надоградување. Тука во буквална смисла се применува онаа поговорка дека „Човек учи додека е жив“. 



Од голема важност е постојано да ги усовршуваш твоите вештини и да градиш портфолио со кое ќе отстапуваш од толпата. Читај повеќе, поминувај време на социјални медиуми каде можеш да научиш корисни работи, учи нови стратегии и трикови и изработувај свои мини проекти.



Galeksia ти овозможува професионална сертификација која ќе ти биде доказ за квалитетот на знаењето што го поседуваш. Учи по програма која се обновува на секои 6 месеци за да бидеш сигурен/на дека си во тек со сите промени во дигиталниот маркетинг.



Надогради ги твоите вештини!



5.Напредуваш во средина што постојано се развива



Една работа е сигурна, како дигитален маркетер ниту еден работен ден нема да ти биде монотон и досаден! Еден ден ќе подготвуваш темелна keyword research за клиент, наредниот ден ќе бидеш заглавен/на „до гуша“ со креирање content за социјални медиуми, понатака ќе ги анализираш сите резултати кои произлегле од твојата работа, 



За да работиш во дигитален маркетинг ова не треба да те плаши. Треба да те возбудува. Ако напредуваш во ваква хаотична и брза средина, тогаш дефинитивно треба да размислиш за почеток на кариера во дигитален маркетинг. 



6. Истовремено си solo worker и team player



Колку и да звучи контрадикторно, it’s the truth. За да си успешен/на дигитален маркетер треба да можеш да работиш самостојно, но и да си флексибилн/а за супер да се вклопиш во тимската работа. 



За квалитетно да ја завршуваш самостојната работа треба да си мотивирана, независена и многу организирана личност. Ова е клучно бидејќи во секојдневното работење ќе треба сам/а да носиш одлуки и да бидеш продуктивен/на и кога нема никој да те надгледува.



Од друга страна, teamwork makes the dream work. Извршувањето на стратегиите за клиентите бара координација на целиот тим. Треба да создадеш здрави и продуктивни односи за да можеш продуктивно да ги исполнуваш целите. 



7. Никогаш не се откажуваш



Ќе се согласиш со мене дека патот до успехот не е секогаш лесен. Особено не во светот на дигиталниот маркетинг, каде постојаните промени некогаш може да ти претставуваат вистинска препрека. 



Ќе има денови каде содржината што ја креираш е одлично прифатена од публиката, но и денови каде ќе преовладува критика. Некогаш ќе ти недостасува време, буџетите ќе бидат мали, ќе се зголеми конкуренцијата и барањата на клиентите, но она што е важно е секогаш фокусот да ти биде во наоѓање на решение, а не во себепреиспитување.



Никогаш не треба да се откажуваш. Секоја препрека е всушност скриена можност.





8. Не те плашат податоци

Голема предност на дигиталниот маркетинг е тоа што сè е мерливо. Тоа значи дека секоја активност што ја превземаш можеш да ја анализираш колку е успешна и како понатака да ја подобриш.



Залудна е секоја активност што ја правиш, ако не ги анализираш резултатите од истата. Она што е најважно за секоја кампања е добра анализа на податоците и модификација на пристапот според резултатите. Само со анализа и промени ќе имаш успешна кампања и задоволна публика.

За да работиш во дигитален маркетинг не треба да се плашиш од тоа што кажуваат броевите, туку напротив, треба да ги пречекуваш со раширени раце бидејќи тие ти покажуваат каде си и каде треба да одиш. 





9. И за крај, имаш пасија за дигитален маркетинг

Можеш да се пронајдеш во сите погоре наведени карактеристики на еден дигитален маркетер, но она што ќе те направи вистински успешен/на е љубовта кон дигиталниот маркетинг. 



Дали имаш пасија за дигитален маркетинг? Дали те интересираат технолошките промени? Дали сакаш да си дел од дигиталната револуција? Дали помислата да работиш како дигитален маркетер ти раѓа возбуда? Токму оваа страст ни помага мене и на другите дигитални маркетери да го развиваме нашиот потенцијал секојдневно. Сепак, without passion there is no satisfaction.







Колку од овие 9 карактеристики ги штиклираше на листата? 



Одбирањето на кариера не е едноставна работа и затоа не треба да ги игнорираш знаците кои ти покажуваат дека си роден/а за кариера во дигитален маркетинг! Ако имаш пасија и го сакаш дигиталниот маркетинг, со истрајност, учење и упорност ќе можеш да ги доразвиеш гореспоменатите карактеристики и да изградиш успешна кариера како дигитален маркетер. 



Дали си подготвен/на да ја почнеш својата дигитална трансформација? 




Запиши се денес!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче