I am a woman in Digital Marketing. What’s your superpower?

Updated: 03.11.2022

 

Дали знаеш дека поголемиот дел од досегашните студенти на програмата за Professional Diploma in Digital Marketing во Galeksia се жени? Дали знаеш дека тројцата најдобри студенти за 2021 година се исто така жени? Во време во кое стремежот е насочен кон родова еднаквост и поголема инклузивност на жените во бизнис заедницата, горди сме што активно сме дел од таа иницијатива.

Инспирирана од статистиката која покажува дека учеството на жените во дигиталниот маркетинг и генерално во бизнисот е во нагорна линија, сакам да ги охрабрам сите млади девојки и жени непоколебливо да ги следат своите соништа.

If you can dream it, you can achieve it! Сè што ќе замислиш е остварливо, ти треба само силна волја и правилна насока.

Galeksia – Едуцира, инспирира, поддржува

Без разлика дали бараш кариерно усовршување или кариерна трансформација, програмата на Galeksia ќе ти помогне во реализација на твојата цел. Нашите обуки за дигитален маркетинг се прилагодливи за сечии потреби и барања.

Во моменталната февруарска група имаме жени од секоја бизнис сфера и секоја возраст. Млади девојки на почетокот на својата кариера, без предзнаење во маркетинг, но со огромна желба да успеат.

Мајки, кои и покрај тоа што чуваат мали деца, успеваат да најдат време професионално да ги усовршат своите знаења и вештини.

Жени – сопственици на свои бизниси, кои се трудат да развијат успешна маркетинг стратегија за својот бизнис.

Секоја од нив доаѓа од различна позадина и носи со себе различна приказна. Но, сите се сплотени со иста цел. Да станат успешни жени во сферата на дигиталниот маркетинг со сертифицирани знаења.

Приклучи се и стани и ти дел од нашата заедница на успешни професионалци во која секој се истакнува со својата посветеност без разлика на полот.

Инспиративната приказна на Верица Влаинова

Верица Влаинова е наша студентка, која со сертифицираната диплома се стекна пред околу две години. На програмата се запиша како почетник, без никакво предзнаење во областа. По завршувањето на програмата Верица се вработува како Social Media Specialist во добропознатиот македонски бренд Sara Fashion. Посветеноста, добиеното знаење како Certified Digital Marketing Professional и нејзината упорност ја доведоа до позиција на Head of Marketing само една година по вработувањето! Верица во моментов е одговорна за три региони во кои работи Sara Fashion: Македонија, Косово и Србија. 

 

„Да бидам искрена, секој еден којшто сака да напредува во својата кариера и да се усовршува, мора да знае дека е неминовен процесот на постојано инвестирање и вложување во самиот себе.“ – Верица.

 

Ја прашавме како би ја опишала маркетинг програмата со еден збор: „Не би можела да издвојам еден збор. Со сигурност тоа би била едукативна, продуктивна, енергична, cool и must-have програма којашто секој еден поединец кој сака да се занимава со дигитален маркетинг, мора да ја има како дел од своето животно искуство.“

 

Вложи и ти во твоето образование и стекни се со светски признат сертификат. 

 

 

Како сертифицираната диплома од Galeksia ќе ти помогне во твојата кариера?

Светски признатиот сертификат со кој ќе се стекнеш ти ги отвора вратите од светот. Можеш да работиш и во земјава и во странство бидејќи твојата диплома е призната интернационално. Богатата програма ти овозможува да работиш во различни индустрии и на различни позиции.

Знаењата што ќе ги стекнеш ќе те направат поконкурентна на пазарот на трудот. Ќе ти овозможат да си во позиција да предложуваш свои идеи, да носиш одлуки врз база на твоите знаења и вештини и континуирано да ја подобруваш компанијата во која работиш.

Сите вештини кои ќе ги стекнеш ќе ти ја зголемат самодовербата да прифаќаш нови предизвици и да превземаш храбри чекори.

На крајот на денот да кажеш “Јас сум жена, мајка, сопруга. Го живеам својот сон, уживам во кариерата и сум задоволна со себе и со она што го правам.”

Кои се другите бенефити кои ги овозможува кариерата во дигитален маркетинг?

Работа од дома

Да се одржи балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот не е едноставна работа. Особено не за жените. Желбата за реализација како мајка и сопруга од една страна, и реализација на професионален план од друга страна, се предизвици со кои скоро секоја жена ќе се сретне во животот.

Но, имаме good news! Професијата во дигиталниот маркетинг ти ги овозможува двете! Можеш да бидеш суперхерој кој со дете во раце гордо ќе ги качува скалилата на успехот. Флексибилноста на оваа професија ти овозможува да работиш од дома и истовремено да бидеш финансиски независна.

Растот на значењето на remote jobs е дефинтивно оправдано. Според анализите на Eurostat, приближно 40% од работниците во Европа започнале да работат од дома во последнава година. Можноста за работниците да работат во било кое време и од било кое место несомнено има многу бенефити. Работата од дома придонесува за подобар work-life баланс, подобра благосостојба, поздрав животен стил и ултимативно поголема продуктивност.

Сè поголемото зголемување на бројот на жените во дигиталниот маркетинг сега има смисла, зарем не? 

Разбуди ја својата креативност

Жените по природа важат за покреативниот пол. Има ли подобар начин да ја искажеш својата креативност од започнувње нова кариера во дигитален маркетинг? (цртање на домашни задачи по ликовна уметност не се важи 🙂)

Диверзитетот на дигиталниот маркетинг дава простор секој креативно да се изрази на начин на којшто најмногу му одговара. Дали тоа ќе биде креативно изразување во пишување content, креативност во создавање на маркетинг стратегија, или креативно пренесување на пораката до таргет публиката.

Покрај големиот број на домашни задачи кои им се даваат на студентите од програмата за дигитален маркетинг на Galeksia, тие имаат можност и креативноста да ја изразат со работа на реални проекти. Нашите learning partners како Pitch 121, Sara Fashion, Portret, Bonatti, Neptun, Bozinovski, AvalonHalkbank и други лидери на пазарот им овозможуваат на студентите практично да ги применат своите знаења. Ова е од голема важност бидејќи можеш веднаш да ги преточиш знаењата во практична работа.

Уште еден бенефит на практичната работа е што ти овозможува да го збогатиш твоето CV и да направи да отскокнеш од останатите апликанти.

Тука можеш да видиш како всушност изгледа работа на реален проект за реална компанија.

Жени во сферата на дигиталниот маркетинг на кои сме горди

Како што веќе ќе го претпоставиш одговорот на она што ќе го кажам, повеќе од половина од менторите на Galeksia се жени. Уште еден факт кој треба да те мотивира да почнеш нова работа или обука во сферата на дигиталниот маркетинг. Нашите менторки се успешни професионалци во својата област, секоја специјализирана во одредена насока. Ајде да ги запознаеме!

Сара Стојковска – аналитичар на податоци, Google Analytics експерт и сертифициран DMI тренер. Нејзината работа вклучува презентација на преку 100 извештаи со 100+ KPI’s за повеќе од 20 типови на бизниси.

Верче Карафилоска – продукт маркетер и copywriting/messaging консултант. Реализирала над 100 проекти за клиенти од земјата и странство, 1000+ е-mail секвенци за 25+ различни индустрии, 20+ веб страни.

Наташа Мрмачовски – менаџирање на тимови за маркетинг, брендинг, lead generation, репутациски менаџмент, Google Ads. Сработени 200+ успешни Google Ads кампањи за 20+ различни индустрии во земјава и во светот.

Ивана Јовановска – E-mail Marketing и сертифициран DMI тренер. 200+ e-mail маркетинг кампањи, и неверојатни над 1 милион долари потрошени во Paid Advertising.

 

Елена Наковска – Social Media Marketing ментор и Social Media & Marketing manager во The Bright Box. Таа има огромна пасија за дигиталниот маркетинг со богато портфолио кое брои над 40 успешно водени бизниси на социјални мрежи, во над 17 држави и 2 континенти.

Теодора Филовска – сопственик на дигитална маркетинг агенција Vrootok и основач на Galeksia, сертифициран DMI тренер и маркетинг консултант. Нејзината извонредна работа придонесува да биде избрана за еден од најуспешните претприемачи во Европа за 2019 година од страна на U.S. State Department и World Chicago.

Ќе се согласиш дека она што го постигнале е прилично неверојатно! Ако имаш желба и амбиција да успееш, не се плаши да го превземеш првиот чекор. Секој почеток е тежок, но со правилниот тим и голема посветеност ништо не е невозможно.

Доказ за тоа се нашите студентки кои супер го совладаа материјалот и со одлични резултати се стекнаа со светски признатиот сертификат. Дел од нив сега работат во дигитален маркетинг во различни сектори како SEO Specialist, Creative Art Director, Copywriter, Head of Digital, Social Media Manager, Content Marketing Specialist. Други ги усовршија своите знаења и продолжија уште похрабро и поуспешно да го освојуваат светот на дигиталниот маркетинг.

Запиши се на програмата за дигитален маркетинг на Galeksia и откриј ги твоите супер-моќи! Ти посакуваме многу успех!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче