Клучни алатки во дигиталниот маркетинг #2

Ова е вториот дел од нашите предлози за клучни алатки во дигиталниот маркетинг, кои веруваме дека ќе ти помогнат во постигнувањето на одлични резултати.


Од морето на многубројни алатки, долг и напорен процес е да се одберат вистинските, па затоа водејќи се по нашето искуство, решивме да ја креираме оваа листа која веруваме дека ќе ти биде од голема помош.

Менаџирај ги сите социјални мрежи со HootSuite

Оваа алатка е наречена Social Media Management System, затоа што помага во менаџирањето и следењето на сите профили на социјалните мрежи. Со оваа платформа, можеш да ги закажуваш сите објави на различните медиуми како Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn.


HootSuite може да ти помогне и во следење на тоа колку содржината е ефикасна според резултатите кои се постигнати. Исто така, со оваа алатка можеш да ги мериш сите conversions, ROI (Return of investment), како и да ги следиш сите јавни конверзации за твојот бренд, производ или услуга.


Бидејќи постојат многу социјални мрежи на кој е присутен одреден бизнис и кои треба да се менџираат и да се одржуваат, алатките како Hootsuite го поедноставуваат целиот тој процес.


Доколку ја користиш оваа алатка, на крајот од секоја недела на твојот e-mail ќе добиеш извештај со анализа на сите кликови, најпопуларните линкови, локација на публиката.

AdEspresso e решението за одлични Facebook и Instagram кампањи

Ако се прашуваш како да поставиш успешни кампањи на најголемата социјална платформа на која компаниите трошат огромни буџети за рекламирање, од голема помош ќе ти биде оваа алатка.


Со AdEspresso на лесен начин можеш да ги оптимизираш кампањите на Facebook и Instagram и ќе ти помогне во сегментирање и таргетирање на публиката, со цел да се пренесе пораката до вистинските купувачи.


AdEspresso e решението за твоите кампањи може да бидат next level и оваа алатка од дигиталниот маркетинг ќе ти помогне во однос на:


  • креирање и следење на резултатите на твоите реклами;
  • детална анализа за таргетирање на публиката;
  • предлози за подобрување на кампањите;
  • подобрување на содржината која се користи во овие кампањи.

Подготви ги твоите извештаи со Swydo

Преку онлајн платформата на Swydo, можеш да ги следиш резултатите од сите маркетинг активности и да креираш извештаи за PPC, социјалните медиуми и сите останати активности.


Со оваа алатка и нејзиниот user-friendly interface, можеш да одбереш од понудените templates, да закажеш кога да се испраќаат и да креираш custom извештаи. Исто така, може да ги следиш сите трошоци и дали тие се во рамките на буџетот, да ги следиш KPIs и поставените цели во стратегијата за дигитален маркетинг.


Преку анализа на овие извештаи ќе знаеш дали резултатите се во насока на целите кои треба да бидат остварени.

BuzzSumo е твојот content wizard

Со BuzzSumo можете лесно да пронајдете која е trending содржината во која индустрија и да ви треба и да дознаете што прави вашата конкуренција. Преку пребарувањето на темите кои се во тренд како и на клучните зборови, можеш да пронајдеш различни идеи за квалитетна содржина.


Ова е една од најпопуларните алатки за content marketing и може да ја користиш за content research, промоција, како и за да ги пронајдеш влијателните инфлуенсери и лесно да се поврзеш со нив.


BuzzSumo ќе ти помогне да видиш кој вид на содржина носи најмногу лајкови и споделувања. Исто така преку Facebook analyzer опцијата можеш да провериш која содржина во моментот е во тренд на оваа социјална платформа.

Yoast – твојот SEO помошник

Yoast SEO plugin e моќна и корисна алатка, која секој што користи WordPress треба да ја применува. Yoast ќе ти помогне да ја направиш веб страната аs search engine-friendly as possible.


Едноставна и лесна за користење, со оваа алатка можеш да ги контролираш мета-описите, клучните зборови и наслови, како и да ја менаџираш твојата sitemap и да одлучиш како секоја страна од веб страната ќе изгледа, ако се сподели на социјалните медиуми.


За полесно оптимизирање на во делот на SEO, преку оценката која ја дава Yoast за таа страна, можеш лесно да идентификуваш страниците на кои треба да посветиш повеќе внимание.


  • Со сива точка се обележани оние страници за кои YoastSEO нема достапни информации;
  • Зелена точка означува дека таа страна е во ред;
  • Црвена точка покажува дека постојат одредени проблеми кои треба да се решат;
  • Со портокалова точка се означени страниците кои се во ред, но може да се подобрат.

Заклучок

Во вториот дел од нашите предлози, ова се уште неколку супер алатки кои ќе му користат на секој дигитален маркетер во работењето, за поставување и спроведување на успешна дигитална стратегија која ќе донесе одлични резултати.


Во Galeksia на програмата за  Certified Digital Marketing Professional имаш можност да научиш за овие и за многу останати алатки и да ја започнеш нивно применување во реалните проекти или задачи.


Запиши се сега и стани професионалец во светот на дигитален маркетинг, учи од светска програма, одобрена од Facebook, LinkedIn, Google, Microsoft.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче