Нашата потсвест е управувана од емоциите, па така и одредени наши постапки се водени токму од овие емоции, а тие имаат големо влијание на тоа како ние доживуваме одреден бренд.
Сети се само колку пати ти се случило да купиш нешто поведен од емоциите, а преку логичкото размислување да се обидеш да ја оправдаш твојата постапка?
Токму поради ова, во стратегијата за развој на бизнисите е вклучено и создавањето на емоционална врска помеѓу брендот и потрошувачите. Преку оптимизирање на логото, дизајните и целокупното корисничко искуство, се воспоставува лојалност на корисниците и се создава таа специјална емоционална врска.
Целта на емоционалното брендирање е поврзување со корисиците, a успешна стратегија за емоционално брендирање е кога голем дел од публиката се поврзува и се согласува со мисијата или визијата на брендот.
Emotional branding претставува:
Креирање на врска помеѓу брендот или производот со публиката, преку провоцирање на нивните емоции.
Во маркетингот тоа се постигнува со создавање на содржина која ќе ја привлече публиката преку нивната емоционална состојба, нивните потреби и желби, нивниот карактер и его.
Оваа емоционална врска, овозможува градење на доверба и лојалност кај клиентите, со што се зголемува и вредноста на брендот.
Сигурно ти се случило да си речеш за одреден бренд или за одреден производ: „ме фатија на емоции“. Во право си, токму тоа била и намерата. Ваквото „фаќање“ на емоции всушност е дел од стратегијата на самиот бренд преку која успешно ја градат емоционалната врска за која зборувавме, со нивната публика.
А затоа што луѓето купуваат според тоа како се чувствуваат, или како одреден бренд, производ или компанија прави тие да се чувствуваат, преку провокација на емоциите успешно се допира до нив и се гради поврзаност со публиката токму преку нивните емоции.
Примери за emotional branding
Помисли на CocaCola. Сигурно ти текна на црвена боја, на црвената лименка или пак на празничните божиќни реклами со препознатливиот CocaCola камион. Емоционалното брендирање на овој бренд е насочено кон една емоција, а тоа е среќа. Па така сите нивни активности, како и дигиталните кампањи се насочени кон оваа емоција.
Исто така кампањата Сподели CocaCola каде наместо нивното лого, на амбалажата имаше имиња, стана вирален хит и беше масовно споделуван на сите социјални медиуми. Секако, среќа беше да си го пронајдеш твоето име на CocaCola шише, или пак името на другар, другарка, или на некој од семејството.
Аpple и нивната стратегија која е целосно насочена кон потребите на купувачите, нивните желби и естетика, како и тоа што многумина ги купуваат производите токму поради познатото лого, не поради цената.
Водени од едноставноста и модерниот дизајн, Аpple ја користат најосновната емоционална потреба, а тоа е потребата да се биде дел од нешто големо, да се користи најсовремена технологија, односно да се биде дел од нешто важно.
Поврзи се со твојата публика
Првиот чекор е да ја поставиш основата во комуникацијата со твојата публика. Која е твојата таргет публика и на кои емоции тие би реагирале? Како да го пробудиш интересот кај нив за твојот бизнис?
Во светот на напредната технологија, преку дигиталниот маркетинг до сите нас дневно стигнуваат илјадници пораки. Во ова поле со толку многу информации, најдобриот начин да се истакнеш е да бидеш различен од останатите, а во исто време да останеш релевантен.
Боите кои се користат во кампањите се еден од начините да се задржи вниманието на публиката, како и да се предизвика нивнo емоционално реагирање. Преку креативни кампањи, со различни бои може да се предизвикаат различни реакции.
Пример, употреба на црна или виолетова боја се поврзува со нешто моќно, силно, црвената се смета за стимулирачка боја, а сината се поврзува со нешто комфортно и мирно.
Денес повеќе од било кога, бизнисите имаат моќ силно да се поврзат со своите клиенти. Со дигиталниот маркетинг и кампањите на социјалните медиуми, веб страниците, или е-мејл кампањите, секојдневно се прават напори да се изгради значајна емоционална врска помеѓу брендовите и потрошувачите.
Како да го направиш тоа? – Мора да и покажеш на публиката што е тоа што им се допаѓа кај твојот бренд, зошто одбрале да се поврзат и да им го понудиш решението на нивните проблеми. Слушни и дознај што е тоа што публиката сака да го види и тоа нека биде насоката за креирање на дигиталната стратегија.
Емоционална врска со публиката
Емоционалните врски се случуваат природно кај сите нас, тоа е дел од нашата човечка природа. Затоа што сме створени да ги негуваме овие врски и да се потпираме на нив, покрај огромниот и значителен напредок на целата технологија и наука, човечките емоции (главно нашата потсвест) имаат огромна улога во креирањето на поврзаноста со публиката.
Па затоа, активностите во дигиталниот маркетинг треба да бидат насочени кон овие искрени човечки емоции. Имај на ум кога ќе ја креираш следната лендинг страна, следниот пост, или следното CTA копче на твојата кампања, дека важен фактор е да се поврзеш емоционално твојата публика.
Затоа што потрошувачите ги бираат брендовите според емоциите наместо логиката, колку повеќе е развиена емоционалната интелегенција на тој бренд, толку повеќе конверзии ќе имаат и секако подобар ROI.
За целата умешност на креирање на кампањи, лендинг страни, како и целата дигитална стратегија, можеш да научиш на програмата за Certified Digital Marketing Professional на Galeksia.
Изгради ја твојата кариера во дигиталниот маркетинг или научи нешто плус, а за твоето знаење ќе биде признаено во целиот свет.