Марија е дипломиран правник, но во потрагата по динамична и креативна професија, одлучува да се запише на програмата за Certified Digital Marketing Professional на Galeksia.
Процесот за промена на нејзината кариера, го започнува со отказ од работата која не ја исполнува, за целосно да се посвети на учењето на дигиталниот маркетинг.
Прочитај за уште една успешна приказна од Galeksia и дознај како Марија успешно ја промени кариерата и ја доби посакуваната работна позиција.
1. Одлучи да дадеш отказ на минатото работно место за да се посветиш на изучување на дигиталниот маркетинг. Од оваа гледна точка, како таа одлука влијаеше на твојот кариерен пат?
Да, сфатив дека ми треба нешто подинамично и нешто кое секој ден ќе носи нови предизвици. Дефинитивно тоа беше вистинската одлука, бидејќи комплетно се пронаоѓам во дигиталниот маркетинг и максимално се вложувам во тоа што го работам.
2. Изборот на програмата за Certified Digital Marketing Professional на Galeksia, е твојот вовед во светот на дигитален маркетинг. Koe e твоето искуство од предавањата и што најмногу ти помогна во подобрување на твоите вештини како дигитален маркетер?
Моето искуство со програмата за CMDP е одлично! Програмата го опфаќа баш секој аспект од дигиталниот маркетинг и овозможува да ја добиеш големата слика, но во исто време е толку детална, што ти дозволува да се пронајдеш во она што најмногу ти лежи.
Она кое посебно ми се допаѓа кај оваа програма е можноста за да се научи преку практични примери и работење на реални проекти, а не само теоретски.
Програмата е перфектно скоцкана, така да секој нареден модул се надоврзува на претходниот.
3. Kaко ти помогна кариерното советување од страна на менторите, за побрзо да го пронајдеш патот до твојата идеална работа?
Во неколку наврати разговарав со дел од менторите околу поважни прашања кои ги имав во однос на идната кариера. Беа достапни и навистина се потрудија да го разберат што е она кон што целам, па ми дадоа насоки.
Секој од нив ме советуваше од своето професионално, па и животно искуство, а тоа доста ми помогна да го структурирам патот кон мојата цел.
4. Бидејќи среќата ги следи храбрите, успеа да станеш дел од тимот на Vrootok Мarketing & Consalting. Честитки! Можеш ли да ни раскажеш за целиот процес на твоето вработување?
Благодарам! Да, особено сум среќна што станав дел од тимот на Vrootok Marketing & Consalting.
При самиот разговор за работа, увидов дека ова е исклучителна можност да го започнам своето кариерно докажување, да научам од професионалци и да го дадам својот максимален придонес со што би испорачале најдобри решенија за нашите клиенти.
Го ценам тоа што го увидоа мојот потенцијал и што ја вреднуваат напорната работа и постојаното учење и надоградување, бидејќи само тоа е сигурен пат до успехот!
5. На твојата нова работна позиција во Vrootok, ќе работиш на делот за Email Marketing. Како програмата на Galeksia те подготви да се справиш со предизвиците кои ги носи ова работно место?
Програмата на Galeksia ми ја даде потребната основа за да можам да почнам да работам на оваа позиција.
Самиот модул за Email Marketing е толку подробен, што овозможува да ја совладаш целата проблематика. А, практичните вежби и креирањето на кампањи максимално ми го доближија тоа искуство.
Она што можам со сигурност да го потврдам е тоа дека искуството со Galeksia ми помогна да направам пресврт во кариерниот развој и ми овозможи брзо да растам во оваа модерна индустрија.
6. Ќе работиш со клиенти од целиот свет. Што според тебе е најважно за да се постигнат посакуваните резултати на една е-маил маркетинг стратегија?
Најдобро е да се постават јасни цели според кои ќе се гради самата стратегија. Откако ќе се лансира самата кампања, неопходно е да се следат резултатите и главните метрики за да знаеме дали истата се движи во посакуваниот правец.
Континуираното следење ќе ни помогне пред време да го сменеме текот и сепак да ја оствариме крајната цел.
7. Кој е твојот совет до сите оние кои сакаат да учат дигитален маркетинг во Galeksia и да ја променат кариерата во динамичното поле на дигиталниот маркетинг?
Мојот најискрен совет е да се запишат на програмата за CDMP, програма креирана од професионалци и да инвестираат во себе, бидејќи оваа програма со сигурност обезбедува квалитетна основа за кариерен пат во областа на дигиталниот маркетинг.
Започни ја или усоврши ја твојата кариера во дигиталниот маркетинг и гради ги твоите професионални успеси со Galeksia.
Уписите за програмата Certified Digital Marketing Professional се во тек!