Што претставува Google Tag Manager?

Во работата не секој дигитален маркетер има голема улога анализата на сите податоци. Без разлика дали станува збор за голема e-commerce веб страна или веб страна на помал бизнис, важно е да се разбере што прават корисниците на страната и кои акции ги превземаат. Исто така, од голема важност е да се обезбедат податоците за тоа кои се посетителите на страната и како повторно да се допре до нив.


За детални извештаи и анализи го имаме Google Analytics, но за да ги добиваме овие информации за активностите на одредена веб страна,  треба сите Java Script кодови или тагови за следење на податоците, правилно да бидат поставени на веб страната. Оваа потехничка работа најчесто ја извршуваат програмерите.


Meѓутоа, за сите дигитални маркетери, тука е Google Tag Manager to the rescue.

Зошто е важен Google Tag Manager?

Оваа бесплатна алатка во дигиталниот маркетинг практично им ја олеснува работата на сите дигитални маркетери. Со Google Tag Manager на полесен начин се инсталираат, тестираат и менаџираат сите кодови за следење кои треба да бидат поставени на веб страната, без да треба во оваа работа да биде вклучен и програмер.


Google Tag Manager кодот кој содржи разни маркетинг и тагови за анализа се поставува на сите страници од веб страната само со неколку клика, а голема предност е што истиот може да се едитира, отстранува или да се додаваат нови тагови преку самиот интерфејс кој е user friendly.


Па, веќе не мора да зависиме од програмерите, а кога станува збор за помали бизниси, ангажирањето на програмер е само дополнителен трошок. Google Tag Manager е решението кое ќе им помогне на многу бизниси да се прилагодат на брзорастечкиот и променлив свет на дигиталниот маркетинг.

Кои се предностите на Google Tag Manager?

Во остварување на целите на самиот бизнис, а воедно и за да се провери дали веб страната функционира правилно, многу ќе ти помогнат податоците кои ги добиваш. Преку нивно анализирање, се одлучува и за идните маркетинг планови и идеи и во која насока да биде целата дигитална стратегија.


Ова се некои од придобивките од користењето на Google Tag Manager и следењето на активностите на твојата целна публика.

  • Бидејќи сите тагови се контролираат од една програма, наместо да се креираат и менаџираат на различни платформи, Google Tag Manager го подобрува целиот процес на употребување на овие тагови. 

    Значително се подобрува ефикасноста и се елиминира нивно повторување и потенцијални грешки. Лесно и брзо се додаваат или се прави update на таговите, без да треба да се направат комплексни промени на самите кодовите на веб страната.

  • Секојпат кога ќе се направи одредена промена преку Google Tag Manager, нова архивирана верзија се креира, со што во било кое време може да се вратиме на оваа стара верзија.

    На овој начин доколку се направи било каква грешка со таговите, само со еден клик на копче може оваа грешка да се поправи, односно да се вратиме на архивираната верзија која е зачувана.

  • Google Tag Manager им овозможува на своите корисници одредени алатки за debugging, кои ќе им помогнат во проверувањето дека секој таг функционира правилно, пред да биде инсталиран на веб страната. Со вакво тестирање на секој таг, се овозможува да се соберат сите потребни податоци и информации кои се потребни.

  • За да се следат одредени настани како кликови на одреден линк или видео, или пополнување на форма, претходно беше потребно да се додаде код на веб страната. Меѓутоа, со опцијата на Google Tag Manager за автоматско следење на овие настани, повеќе не е потребно мануелно да додава таг на секој од овие линкови.

  •  Уште една предност на Google Tag Manager, која ја поедноставува работата на дигиталните маркетери, е што во самата платформа има вклучено error tracker, односно овозможува лесно да се идентификуваат и поправат проблемите.

    Доколку се појави некоја грешка, корисникот добива известување во кое е посочено не само која е грешката, туку и каде се случила.

За што може да се користи Google Tag Manager?


1. Следење на превземања на PDF документи


Многу бизниси како дел од нивната маркетинг стратегија имаат PDF документи како е-книги или водичи на нивната веб страна, кои корисниците може да ги симнат. 

Информациите за тоа кој ги симнува овие документи, или колку пати тоа е направено, имаат голема улога во насоката на постигнување резултати, па затоа Google Tag Manager овозможува следење на овие податоци, за полесно одредување на тоа што ја интересира вашата публика.


2. Што прават корисниците на веб страната


Преку акциите кои корисниците ги превземаат на веб страната и на кои линкови кликнале, се добива увид во тоа која содржина е повеќе или помалку привлечна. На тој начин, може подобро да се организира самата веб страна и да се одлучи кои промени треба да се направат, каков вид на содржина да биде споделена, односно што сè треба да се подобри, за да биде подобрено и корисничкото искуство.


3. Следење на активностите од видео содржината


Видеата се најпопуларна и актуелна содржина во моментот, која може да се искористи за подобрување на резултатите од дигиталниот маркетинг, па затоа е важно да се следи колку луѓе го виделе видеото, колку долго го гледале, кога престанале да го гледаат.

Овие добиени информации може да бидат корисни за продукција на сите наредни видеа, да се дознае која содржина ја преферира публиката, или која е идеалната должина на видеото според посетителите на страната.

Заклучок

Google Tag Manager е моќна алатка и овозможува дигиталните маркетери да ги следат маркетинг трендовите и да ја подобруваат самата содржина, преку која ќе се остварат и целите на дигиталната стратегија, секако со подобрување и на самата веб страна.


Со следење и анализа на добиените податоци, разбирањето на што се интересите на публиката и насочување на идните активности во тој правец е клучот за постигнување одлични резултати.


Ако сакаш да научиш повеќе, или да ја насочиш твојата кариера во дигиталниот маркетинг, запиши се на некоја од програмите на Galeksia.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче