Email маркетинг за почетници: Што треба да знаеш?

Сите секојдневно добиваме безброј мејлови во нашето сандаче. Но, дали некогаш си се запрашал што претставува email маркетингот, односно што е она што те тера да останеш претплатен на некои брендови, а да кликнеш unsubscribe на други.


Во основа, маркетинг преку е-пошта значи користење на email за промовирање на услуги или производи. Исто така, секогаш треба да имаш на ум дека главната цел на email маркетингот е да воспоставуваш конекција со потенцијални клиенти и да ги негуваш постојните.


Email marketing им овозможува на деловните субјекти да ги информираат своите клиенти и соодветно да ги споделат маркетинг пораките на својата целна публика.

Зошто ти е потребен email маркетинг?

Скоро секој што има пристап до Интернет има свој email. Ова овозможува поврзување со платформите и можност за примање на пораки за кои сметаме дека се релевантни.


Според статистиката, во 2019 година, бројот на корисници на email изнесувал 3,9 милијарди. Со предвидувања овој број да прерасне во 4,3 милијарди корисници до 2023 година. Тоа е половина од светската популација. Ова сигурно те натера да размислиш на кој начин сакаш да ја достигнеш твојата целна публика, зарем не?


Одреди ги твоите цели и креирај ја твојата еmail маркетинг стратегија


Пред да започнеш, треба да знаетш зошто сакаш да користиш email маркетинг кога станува збор за твојот бизнис. Без план, ќе ти биде предизвик да ја креираш твојата стратегија.


Размислувањето за твоите деловни цели при креирање на маркетинг кампањи за email ќе ти помогне да ги постигнеш посакуваните резултати.


Не заборавај дека твоите цели треба да бидат SMART, односно, специфични, мерливи, достижни, реални и навремени. Еве неколку примери:

  • Како сакаш email marketing кампањите да му помогнат на твојот бизнис?
  • Колку сакаш да ја зголемиш продажбата на твојот производ или услуга?
  • Или можеби сакаш да го зголемиш сообраќајот на твојата веб-страница?
  • Дали си фокусиран да стекнеш повеќе следбеници на социјалните мрежи?


Откако ќе ги поставиш своите SMART цели, треба да се фокусираш и на испраќање на соодветна содржина до вистинските луѓе.

Започнување со email маркетинг

Првиот чекор при започнувањето со маркетингот преку email е креирањето на квалитетна email листа.


За да започнеш со email маркетинг, најпрво треба да ги убедиш луѓето да се регистрираат за добивање на овие мејлови.


Постојат различни начини на кои можеш да креираш квалитетна листа, двата најпопуларни начини се следниве:

  • Барање на луѓето да ја остават својата email адреса лично. Ова може да биде за време на некој настан или кога ќе дојдат во вашата продавница, ако истата е присутна и офлајн;
  • Барање на луѓето да ја остават својата email адреса преку lead generation. Ова може да биде pop-up кој ќе се појавува на вашата веб страница или пак да креирате посебни lead generation кампањи преку кои ќе се здобиете со релеванти email адреси. 


Кога бараш некоја личност да остави мејл адреса, треба да имаш соодветна форма за претплата, која вклучува што сè ќе добие лицето со претплата. На пример, дали ќе му испратите некаков попуст, неделни или месечни вести, или посебни промоции што се наменети само за оние што се претплатиле.


Избери кој Email Service Provider ќе го користиш


Пред да започнеш со маркетинг кампањи, ќе треба да имаш избрано соодветен провајдер преку кој ќе го вршиш испраќањето на e-пораките.


Постојат многу бесплатни ефективни алатки за email marketing, пред да избереш направи мало истражување и одбери го оној Email Service Provider кој сметаш дека нуди најдобри услуги според барањата на твојот бизнис. 


Популарни Email Service Providers се: MailChimp, Klaviyo, Jilt, Omnisend, CM Commerce. 


Што треба да вклучуваат твоите е-пораки?


Постојат повеќе видови на еmail што може да ги испраќаш до твоите клиенти и потенцијални клиенти. Некои примери вклучуваат:

  • Welcome email;
  • Промотивни мејлови за специјални понуди или настани;
  • Сезонски мејлови: за празници, родендени и годишнини;
  • Програми за лојалност и попуст за лојалните клиенти.


Email дизајн


Откако ќе ја испланираш соодветната содржина која што сакаш да ја испратиш, треба да креираш и сопствен дизајн кој што ќе го содржи логото на твојата компанија.


Ова не значи дека сите твои следни мејлови треба да имаат ист дизајн, но треба да имаш во предвид дека дизајните треба да бидат слични и во согласност со брендингот на компанијата за истата да биде препознатлива.


И секако, не заборавај да вклучиш јасно Call To Action копче кое што ќе ги води читателите на мејлот до ”крајната дестинација”.


Subject Lines


Овој елемент ја покажува главната идеја зад секој email што го испраќаш. Овие subject lines, односно наслови на мејлот треба да бидат кратки, јасни, со цел да го натераат клиентот да го отвори мејлот.


Добар совет е да поставуваш прашања, бидејќи тие предизвикуваат љубопитност и интерес, особено ако се релевантни за твоите претплатници.


Header и Footer


Откако ќе го креираш “телото” на твојата еmail marketing кампања, ќе го осмислиш дизајнот и ќе имаш соодветен Subject Line, не треба да заборавиш на Header и Footer на мејлот. 


Во header најдобра практика е да го има логото на компанијата, бидејќи тоа е првото нешто што корисниците ќе го видат кога ќе го отворат твојот email. 


Footer е финалната точна на твојот email. Тука обично се вклучуваат елементи како што се:

  • Линк до социјални медиуми;
  • Детали за контакт;
  • Копче за Unsubscribe;
  • Правни информации.


Откако ќе го креираш твојот email со помош на овој краток водич за почетници, ќе можеш да правиш A/B тестирање на твоите кампањи, да ги следиш метриките и според нив да креираш уште подобри email marketing кампањи во иднина.

Заклучок

Email маркетингот може да биде паметен начин преку кој ќе му пристапиш на твоите потрошувачи со користење на персонализирани мејлови. 


Спроведувањето маркетинг преку email несомнено може да донесе одлични резултати. Треба да следиш неколку чекори, да не забораваш да се грижиш за претплатените корисници, да ја имаш соодветната структура и содржина и да ги анализираш кампањите споредувајќи ги со претходно поставените цели. 


Доколу сакаш да научиш повеќе и да ги усовршиш твоите вештини кога станува збор за дигитален маркетинг, разгледај ги програмите на Galeksia и стани професионален email маркетер.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче