Пристапот на менторот треба да биде конкретен, јасен и со реални примери

Михаил Китановски е сертифициран DMI тренер и ментор на Galeksia за модулот Digital Marketing Strategy. 


Тој e сопственик и генерален директор на компанијата за консултантски услуги Kitanovski & D2EM (D2EM Consulting) и е консултант за менаџмент во бизнис заедницата. 


Неговото портфолио вклучува повеќе од 20 години искуство во работа со интернационални, светски-познати, компании за бизнис стратегија, продажба, финансирање и прашања поврзани со растот на компанијата.


Повеќе за Михаил прочитај од нашето интервју со него.


1. Здраво Михаил, веднаш да преминеме на главното 🙂 Ти имаш работено со повеќе од 700 клиенти низ целиот свет во повеќе од 80 различни индустри, на 4 континенти, која е тајната успехот? 🙂


Благодарам. Тајната е многу едноставна – секој ден планирано учење по 40-60 минути, или повеќе. Знаењето во комбинација со реални примери од пракса претставува клучот за успехот. До врвот се стигнува со работа и само работа, а тоа во оваа индустрија претставува учење/знаење.


2. Како еден од најистакнатите светски консултанти за деловен менаџмент во светот, може ли накратко да ни кажеш како изгледа еден твој типичен работен ден?


Мислам дека не сум на врвот во светот, но во секој случај Ви благодарам :).


Во текот на утрото, а тоа е редовно пред 08 часот, веднаш почнувам со работа, а доколку имам повеќе време почнувам со брзо одење, 40-50 минути и продолжувам со работа. 


Во последно време, 80 % таа работа е преку камера, а останатите 20% се состаноци или работни сесии onsite, се разбира со сите мерки за безбедност. 


Во попладневните часови сум дома, со семејството, или т.н. слободни активности :).

Речиси секој втор ден, од 22 часот продолжувам со активности на компјутер во зависност од неколкуте клиeнети кои ги имаме во соодветната временска зона.


Свесен сум дека ваквиот распоред се одвива со брзo работно темпо, но верувајте ми, речиси секоја година наоѓам 30-40 денови за одмор. 


3. Какво беше твоето искуство при изложувањето на специфичното знаење на студентите и споделување на твоето искуство за различниот пристап на работа со клиенти?


Мислам дека е најважно пристапот на предавачот/консултантот да биде конкретен, јасен и со реални примери.


Пренесувањето на знаењето треба да биде недвосмислено и поврзано со стручна литература. Само и само во тој случај и студентите и клиентите се задоволни бидејки добиваат мерлив излез во облик на знаење, решение, конкретни консултации и предлози за подобрување. Секако, важна е комплетна интеракција и соодветен хумор во одредени мигови


4. Според тебе зошто дигиталната стратегија и планирањето е нешто за кое што познавање треба да има секој дигитален маркетер?


Во денешно време, постојат неколку исклучително важни причини:

 
– Познавање на т.н. audience & market share;

– Идентификација на постоечка конкуренција; 

– Реална и адаптибилна value proposition; 

– Препознавање на online купувачи;

– Актуелна позиција во дигиталниот свет. 


Мислам дека од 2012 година, процесите во однос на потребата за дигитална стратегија рапидно се менувaа и потребата за креирање/модификување на стратегиите е неминовна. 

 

digitalen marketer so svetska kariera

 

5. Кои се најголемите придобивки кои ги нуди програмата на Galeksia за сите кои што сакаат да се едуцираат во полето на дигиталниот маркетинг?


Тимот на Galeksia, енергијата и позитивната мисла во тимот, можноста за 24/7 поддршка, конкретното знаење кое се испорачува, примерите кои се користат како и можноста за одговор на било кое прашање претставуваат клучни аудити за сите кои имаат желба за едуцирање од ваков карактер


6. Слушнавме дека твоите предавања се доста динамични и отвараат различни теми поврзани со дигиталниот бизнис свет. 🙂 Каков е твојот менторски пристап? 


Благодарам. Секогаш се трудам да пренесам знаење преку 100% реални примери или примери кои одговараат на индустријата/областа во која работат моите слушатели. А што се однесува до основното знаење, тоа е редовно преку стручна литература или литература која одговара на барањата/курикулумот.


7. Имаш искуство со in-house бизнис обуки и отворени тренинг сесии, како би го споредил тоа искуство со држење на предавања на нашите студенти?


Да, токму така. Студентите на Galeksia поставуваат конкретни прашања бидејки од самиот почеток критериумите се на високо ниво.

Бидејќи речиси секој студент мора да го следи методолошкиот процес во учењето, Galeksia овозможува стекнување на реални знаења, не само за акредитираникот испит со кој се стекнува со сертификат, туку и осознавање на темите во пракса и употреба на знаењето. Со еден збор, многу слично како in-house работна сесија. 


8. Покрај неверојатниот ангажман на професионален план, знаеме дека си врвен пијанист. Што друго би споделил за себе си? Како најчесто го поминуваш слободното време?   


Хаха – многу далеку од врвен пијанист. 🙂


Држам предавања за Leadership, HR & sales преку клавир, во неколку градови во светот, така да слободното време е вежбање на клавир (класична музика, џез итн), а многу често се трудам да креирам нешто ново преку креативни концепти: музика и менаџмент. 


Можам да кажам дека пливањето ми одговара :).



Доколку си подготвен да стартуваш кариера како дигитален маркетер или да го надоградиш твоето знаење, нашите ментори ќе се погрижат да  стекнеш беспрекорно знаење и практично да ги искористиш стекнатите вештини.


Запиши се на некоја од програмите на Galeksia и стани сертифициран дигитален маркетер.

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче