Што работат PPC професионалците?

Дали размислувате за кариера во дигитален маркетинг?

Еден од главните предизвици на дигиталната индустрија е тоа што многу од позициите не се толку „стандардни“ како другите работни места. Понекогаш може да биде збунувачко и нејасно во која од работните улоги можеме да се пронајдиме и да ја изградиме нашата кариера. 


PPC (Pay Per Click) е всушност плаќање по клик. Ова е еден вид на интернет рекламирање каде што компаниите или оние кои што се рекламираат плаќаат одредена сума секогаш кога некој ќе кликне на една од нивните реклами.
Во суштина, тоа е начин за купување посети на вашата страница, наместо да се обидувате да ги „заработите“ овие посети органски.

За вакво рекламирање е потребна необична мешавина на вештини што може да варираат од креативно, до високо аналитичко размислување. И како што индустријата за дигитален маркетинг расте, потребата за квалификувани специјалисти и професионалци за PPC исто така рапидно расте

Како функционира PPC?

За PPC рекламирање потребно е таргетирање на клучни зборови на кои реагираат вашите потрошувачи. Тие треба да бидат соодветни за вашата маркетинг кампања и целокупна дигитална статегија, со цел да си обезбедите поголем број на потрошувачи. 


PPC професионалците “бидуваат” на рекламен простор што ќе генерира ангажман од нивната таргет публика. Доколку ова успее, огласувачот ја плаќа сумата на понудата секој пат кога потенцијален потрошувач ќе кликне на рекламата и ќе се најде на посакуваната веб-страна.


PPC е ефикасен начин на рекламирање затоа што е базиран на истражување. Истражувањето на клучни зборови покажува кои зборови при пребарување ги користи вашата таргет публика. 

PPC Специјалист

PPC професионалец управува со рекламни кампањи на интернет. Ваквото рекламирање вклучува дигитална маркетинг стратегија, дизајн на креативи, имплементација на текст, оптимизација и анализа на перформирањето на рекламата.

Оваа улога е доста динамична и нуди многу предизвици. За да се стане PPC професионалец треба знаење, но и искуство кое што се стекнува со работење на различни маркетинг кампањи. 


PPC специјалист или професионалец, треба да поседува низа вештини кои што ќе му овозможат успешно да ја гради својата кариера. Ова вклучува познавање основните платформи за PPC:

Google AdWords


Кога станува збор за PPC, Google AdWords е најпопуларен и претставува најдобрата PPC мрежа во светот. Со бројот на посетители и клучните зборови што се нудат тука, користењето на оваа платформа може да биде лесно без оглед на вашиот буџет.

Со оглед на тоа што Google е најпопуларен пребарувач на глобално ниво и милијарди луѓе секојдневно го посетуваат, ако сакате вашата кампања да добие најмногу изложеност, Google AdWords треба да биде на врвот на вашата листа како PPC професионалец.


Bing Ads


Bing Ads се добра алтернатива на Google AdsWords. Tој е прилично сличен на Google и сè уште се користи од милиони корисници дневно. Мрежите за рекламирање на Bing нудат реклами на пребарувачите Yahoo и Bing. Таа е втора по големина мрежа за реклами, веднаш по Google.


Facebook Ads


Луѓето неодамна започнаа да забележуваат колку е важна мрежата за рекламирање на Facebook. Во споредба со другите, Facebook Ads има најмногу опции за тергетирање кои ги нема на ниту една друга платформа. 


Наместо фокус на клучните зборови, оваа мрежа им дозволува на огласувачите да ги таргетираат интересите на таргет публиката.


Спонзорираните постови на Facebook се наоѓаат низ News Feed на корисникот, ова го отежнува нивното игнорирање. 


Други вештини вклучуваат:


Истражување на клучни зборови


Да се знае и разбира како луѓето пребаруваат одреден производ или услуга е задолжително за секој PPC професионалец.

Треба да се биде во тек со трендовите, постојано да се истражува и да се сетираат клучните зборови. Секако, доколку е потребна промена и нема резултати, навремено да се реагира.


Kреирање Landing Page


Рекламите често ги насочуваат потенцијалните клиенти на некоја Landing Page, односно Landing страна.

Ваквите страни нудат можност за неколку секунди да ги информирате читателите за вашиот сервис или производ и да ги воодушевите. 


Други карактеристики на PPC професионалците се:

  • Критичко размислување;
  • Аналитички вештини;
  • Комуникациски вештини;
  • Вештини за пишување;
  • Организациски вештини;
  • Креативност;
  • Флексибилност.

Заклучок

PPC експертите им помагаат на клиентите во поставување кампањи, управување со буџет за трошење реклами и правење реклами за привлекување на потенцијални потрошувачи. Тие го применуваат своето длабинско знаење и преку откривање на клучни зборови, истражување на конкурентите и анализа на перформансите носат резултати.


Бизнисите можат да го користат водството на PPC професионалците за да ги пронајдат најдобрите канали, вистинските клучни зборови, начинот на кој што ќе ја таргетираат публиката за нивните производи и/или сервиси.


Ангажирање експерти во полето на PPC му помага на секој бизнис, без разлика на неговата големина, самоуверено да ги вложува своите средства во корисни канали кои што ќе донесат резултати бидејќи се поткрепени со податоци и анализа од страна на обучени професионалци.  


Стекнување на знаење и станување професионалец во областа на Дигиталниот Маркетинг е овозможено со посетување на програмата за Дигитален Маркетинг на Galeksia. Дознај повеќе и стани PPC професионалец.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче