Денес светот се движи пребрзо, и без сомнение дигиталниот свет придонесува витална улога во тоа. Во оваа ера на социјални медиуми и инфлуенсери, повеќето од претприемачите се решаваат да го дигитализираат својот бизнис.
Терминот дигитална трансформација не е нов. Се користи уште од 90-тите години кога бизнис-светот преминувал од аналогна во дигитална ера со експанзијата на интернетот. Всушност, самиот термин дигиталната трансформација претставува премин од аналогниот свет во светот на дигиталните информации.
Од доаѓањето на Amazon, до онаа на социјалните мрежи, па сè до најновите откритија во вештачката интелигенција, компаниите ги модернизираат своите начини повеќе од 30 години. Бизнисите секојдневно се прилагодуваат на новите можности кои ги нуди дигиталната доба, која се развива сè побрзо.
Дали на вашиот бизнис му треба дигитална трансформацијa?
Кога зборуваме поконкретно за дигиталната трансформација во бизнис смисла на зборот, генерално се осврнуваме на начинот на кој некоја компанија интегрира нови технологии и ги искористува придобивките од истата во своја корист.
Станува збор за воспоставување бизнис стратегија што им остава простор на иновациите и технологијата да бидат дел од компанијата, а со тоа таа останува да биде конкурентна на пазарот.
Во последно време, се прават многу истражувања за тоа што се случува кога бизнисот ќе направи дигитален осврт и ќе имплементира нови технологии во истиот. Еден извештај од MIT Sloan Management Review и Capgemini Consulting вели дека доколку компаниите не ги усвојат новите технологии ефикасно, ќе се соочат со конкурентна застареност.
Во моментов секоја компанија треба да има дигитален ум, да се грижи за “светот во облаците” (clouds) и да добива податоци од него.
Се уште не верувате? Едноставен пример би бил доколку замислите дека поседувате мал хостел. Што би се случило ако не понудите резервација преку интернет? Најверојатно никој нема да дојде во Вашиот хостел, без разлика какви услови истиот нуди. Исто така, голема е веројатноста дека никој нема ниту да дознае за овие услови бидејќи бизнисот не е присутен дигитално.
Дури и ако повеќето или сите Ваши бизнис услуги се достапни исклучиво офлајн, мора да се осигурате дека им дозволувате на Вашите клиенти, или потенцијални клиенти лесно да Ве најдат при пребарување на Google и лесно да стапат во комуникација со бизнисот преку е-пошта или на социјалните медиуми.
Осврт кон клиенти
Дигиталната трансформација изразува факти дека денес секој треба да се стреми и да реализира идеи кои што ќе овозможат подобар начин на услужување и задоволување на клиентите, односно купувачите.
Да земеме општ пример од секојдневниот живот. Се сеќавате на билетите од хартија, кои скоро и да исчезнаа со популаризацијата на електронскиот билет и со можноста да се плати билет со мобилен телефон?
Ова е само еден од многуте примери кои се случувале во текот на овие 30 години и кои се применуваат со цел да се усреќи потрошувачот.
Па, следниот пат кога ќе помислите на било каква промена во Вашиот бизнис, размислете дали тоа ќе биде од корист за клиентите. Најчесто, секоја дигитална промена нуди подобрување на целокупното корисничко искуство.
Ефикасна дигитална трансформација
Со цел ефикасно да ја трансформирате Вашата компанија во дигиталниот свет, ќе треба да се осигурате дека ги имате имплеметирано некои од следните дигитални канали и технологии:
Социјални медиуми
Присуството на било кој бизнис тука е повеќе од задолжително. Исто така и рекламирањето. Додека ги рекламирате компанијата или услугите на социјалните медиуми, неопходно е да се осигурате дека ги користите вистинските реклами и дека секогаш внимавате како и на кој начин ќе се рекламирате. Ова остава огромен дигитален отпечаток.
E-трговија
Ако сте сопственик на бизнис кој вклучува производи, продавањето на производите преку интернет е суштински дел од Вашата маркетинг стратегија. Постојат повеќе платформи на кои можете да ги наведите Вашите производи. Сепак, уште подобро е доколку производите и/или услугите кои ги нудите се наведени на веб-страницата на Вашиот бизнис.
Чекај, сè уште немате веб-страница за Вашиот бизнис?
Имате, но не ги имплементира вистинските клучни зборови и не нуди добра содржина за потрошувачите?
Целото ова треба да се земе предвид при дигиталната трансформација. Ова се само мал дел од работите кои што ќе Ви станат јасни и ќе можете да ги превземете во свои раце, по посетувањето на програмата за Дигитален Маркетинг на Galeksia која што ќе Ви овозможи да го дигитализирате Вашиот бизнис.
Анализа на податоци
Анализата на податоците може да го револуционизира начинот на кој ја промовирате Вашата деловна активност, како онлајн, така и офлајн.
Има софтверски програми кои ќе Ви овозможат лесно да пребарувате низ големи количини на податоци од Вашите клиенти и посетители на веб-страницата.
Овие програми можат да Ви помогнат да се запознаете всо демографијата на луѓето што имаат тенденција да бидат најмногу заинтересирани за Вашите производи и услуги. Ова е исклучително моќен ресурс кога станува збор за маркетинг.
Дополнителни причини за дигитализирање на Вашата компанија
Конкуренција
Поттик позади многу иницијативи за дигитална трансформација е стравот дека конкурентите ќе бидат подобри.
Има добра причина за страв. Просечниот животен век на компаниите се намалил од 61 година во 1958 година на околу 20 години, што укажува дека нарушувањето наместо долговечноста е новата норма.
Потрошувачи
Без разбирање на Вашата целна публика, стратегијата која што ќе ја осмислите ќе биде само претпоставка.
Повеќето од бизнисите кои имаат цел да продаваат на т.н. Милениумска генерација мораат да преземат дигитални инцијатви. Да не зборуваме за Z-генерацијата, која што е опседната со Snapchat, Tik-Tok и Instagram.
Овие целни публики нема да ги таргетирате со поставување на реклама во автобус.
Можеби со Вашата досегашна стратегија удривте во плафонот и моментално сте во стагнација. Сигурно се прашувате како можете да излезете од оваа ситуација. Дигитализирањето на бизнисот дефинитивно може да Ви обезбеди поголем број на потрошувачи. Зошто?
Дигиталната стратегија секогаш се стреми да ја анализира целната публика и да обезбеди заинтересирани потрошувачи. Со добро дигитализирање ги задржувате постоечките клиенти, но обезбедувате и нови, па така Вашиот бизнис расте.
Култура на Компанијата
Питер Друкер, познатиот експерт за менаџирање вели: „Културата јаде стратегија за појадок“. Дури и да имате добри дигитални стратегии, тие нема да се остварат без дигитална едукација на вработените.
На пример, кога Adobe реши да го направи преминот од физички софтвер во модел базиран на облак, знаеше дека е потребно да го сврти фокусот кон своите вработени. Ангажманот на вработените и нивното доедуцирање беше клучна стратегија за Adobe да стане cloud компанија.
Секоја компанија се соочува со уникатни предизвици, но дигиталната иницијатива треба да биде придружена со значајни културни промени што ќе ја одржат трансформацијата во иднина.
Заклучок
Не само што е корисно за било која компанија да претрпи дигитална трансформација, туку всушност е и неопходна за успех во 21 век.
Пред да започнете со дигитална трансформација, важно е да знаете дека тоа е тековен процес, кој бара управување, иновации, едукација и прилагодувања за да се успее.
Длабокото разбирање на мотивациите и намерите на клиентите е клучна почетна точка за секоја иницијатива за дигитална трансформација.
Во високо конкурентно бизнис опкружување, имплементацијата на дигиталната трансформација е пат за развој на бизнисот и успех. Важно е да се изгради силна основа за непречена и економична дигитална трансформација која ќе и помогне на компанијата да најде нови можности и да постигне поголеми приходи. Дигиталниот Маркетинг нуди низа од вакви оптимизации кои се клучни за добар дигитален отпечаток.
И за крај, дури и да се направи совршената дигитална стратегија, тоа нема да значи ништо доколку не се направи инвестиција во вработените и нивна едукација која што ќе овозможи цврсто чекорење на бизнисот во оваа дигитална доба.
Уписите се во тек! Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.