7 причини зошто да инвестираш во дигитална трансформација

Без разлика во која сфера и индустрија е твојот бизнис, клучно е да бидеш во тек со сите најнови технологии, трендови и промени со цел да си конкурентен на пазарот! Доколку твојата цел е да обезбедиш светла иднина за твојата компанија, инвестирање на време, ресурси и енергија во дигитална трансформација е неизбежно.


2020 година ни покажа како преминот во диги-светот и инвестирање во истиот е неопходен, поради неможноста да допреме до нашите потрошувачи надвор од нивните домови.


Сите компании имаат различна, но сепак иста цел, нашите потенцијални купувачи да станат наши клиенти. За да го постигнеме тоа мора да ги искористиме сите актуелни маркетинг ресурси и технологии, од кои во модерниот свет интернетот е на врвот на листата. Со ова можеме да заклучиме дека секој бизнис има потреба од дигитален маркетинг. Прочитај зошто!  




Запиши се!



Достапност



Дигиталниот маркетинг се смета за многу поевтин пристап за разлика од другите маркетинг методи. Всушност се смета дека ќе те чини повеќе ако не направиш дигитална трансформација. Секако дека зависи од тоа кои ресурси ги користиш, но финансиите потрошени за реклама се помали во однос на традиционалиот маркетинг.



Флексибилност



Постојат многу канали и начини за да се искористи целосниот потенцијал на дигиталниот маркетинг, меѓу кои платени реклами, email маркетинг, content маркетинг, како и постови на социјалните мрежи. Додека истражуваш како креативно да се прикажеш на пазарот, секогаш ти се отвораат нови можности за маркетинг страгетии во иднина. Предноста на дигиталниот маркетинг е што можеш постојано да тестираш и оптимизираш тековни кампањи кои не перформираат добро. 



Мултимедија



Содржината која вклучува слики, видеа како и аудио, подолго го држи вниманието на публиката. Според анализа на Microsoft, attention span-от на корисниците е 8 секунди, со што можеш да заклучиш дека повеќе од важно ни е нашата содржина да е креативна, визуелна и интерактивна со цел да го задржиме вниманието на публиката.  А, како најлесно можеш да го постигнеш тоа? Online.



Интерактивност



Со онлајн присуството имаш прилика да комуницираш со публиката која те следи. И тоа преку коментари на сајт, директни пораки, email marketing, постови на социјалните мрежи и оценувања. Со ова им покажуваш на потрошувачите дека се грижиш за тоа што имаат да кажат и се дел од приказната која ја градиш. Имаш уникатна можност  да добиеш информации од нивниот фидбек и да ги имплементираш во иднина со цел да постигнеш подобри резултати



Smartphone генерација



Дали знаеш дека 90% од светското население користи интернет на smartphone? По ова можеме да заклучиме дека главниот извор на информации на корисниците е на нивните смартфони. Што значи ова за тебе? Ти овозможува директно да комуницираш со корисниците. За разлика од порано кога интернетот не беше толку актуелен, кога публиката се информираше преку весници, на ТВ и радио, нештата денес се сменети, па така и фокусот на маркетерите. Преку активно користење на социјалните мрежи, читање вести и безброј други активности дознаваме што сака нашата целна група, а што не. Кои им се желбите и потребите и што им задржува внимание, а тоа ни помага секогаш да сме чекор пред нив.



Остани конкурентен на пазарот



Инвестирање во стратегиите за дигитален маркетинг ти овозможува да останеш конкурентен на пазарот, затоа што поголемиот број бизниси се присутни онлајн. За да се допре до што поголем број корисници, како на домашниот така и на странскиот пазар, од суштинска важност е да сме достапни онлајн.  Исто така имаме можност подобро да ја запознаеме конкуренцијата, што нудат, кои се нивните предности и слабости.



Мерливи резултати



За разлика од традиционалниот маркетинг, предноста на дигиталниот е тоа што секогаш ќе знаеш точно какви се твоите резулати, поради тоа што буквално може да ги измериш. Со помош на дигиталните алатки имаш увид во резултатите од твоите кампањи, со вклучени демографски податоци.  Ова ти овозможува да се фокусираш на оној сегмент од каде доаѓаат најмногу потенцијални потрошувачи.



Numbers don’t lie ☺



Доколку сето ова не те убеди да вложиш во дигиталната трансформација, издвоивме неколку факти од анализата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија:



  • Македонците во 2019 се над европскиот просек во користење на интернетот за социјални медиуми, видео повици и разменување инстант пораки на Skype, Messenger, Whatsapp и Viber.


  • Вредноста на вкупните трансакции направени кон онлајн продавниците од Македонци дома и во странство има пораст од 56% во однос на 2017.


  • Разликата сега во однос на 2017 на македонскиот онлајн купувач е тоа што сега купува најмногу од домашни е-трговци.


  • Македонците потрошиле 4.3 милијарди денари со платежни картички кон домашните интернет продавници и растот во првите 6 месеци од 2020 година спрема истиот период во 2019 изнесува 113%.


  • Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 се зголемиле и 76% од испитаниците се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн, а 8% изјавиле дека ќе продолжат со зголемен обем.


И повеќе од очигледно е дека за твојот бизнис да се искачи скалило нагоре кон успехот, од витално значење е да започнеш со дигиталната трансформација уште веднаш. Имаш многу опции за инвестирање во дигиталниот маркетинг, затоа размисли внимателно од каде да почнеш за да го прилагодиш својот буџет. Доколку си заинтересиран да дознаеш повеќе за можностите кои ти се нудат, можеш да прочиташ повеќе овде.



Уписите се во тек! Најновата група започнува во септември. Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.



Пријави се уште денес!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче