Традиционален маркетинг vs. дигитален маркетинг

И покрај тоа што маркетинг буџетот е важен за секој мал бизнис, подеднакво е важно и да го потрошите правилно. Како знаете каде да го потрошите кога станува збор за избор помеѓу традиционален наспроти дигитален маркетинг?


Да, постои процент на луѓе кои не користат интернет за вршење било какви трансакции. Како и да е, значителен дел од популацијата редовно го користи интернетот за повеќе намени, вклучително купување на одредени продукти или добивање пристап до одредени услуги.


Па така, секој бизнис треба да се осигура дека е чекор пред конкуренцијата. Тоа значи дека не можете повеќе да зависите од застарените маркетинг методи. Од голема важност е да ја погледнете поголемата слика и да ги искористите најновите техники на дигиталниот маркетинг за да го зголемите профитот.

 

Што е тоа традиционален маркетинг?

 

Секојдневно сме изложени на традицонален маркетинг. Тоа е конвенционален начин кој помага да се допре до публиката. 


Овој тип на маркетинг тешко се игнорира и ги вклучува сите реклами со кои се соочуваме секојдневно. Ова вклучува:

  1. ТВ и радио реклами;
  2. Надворешен маркетинг (билборди);
  3. Реклами во списанија и весници;
  4. Реклами во форма на каталог или флаер;
  5. Телемаркетинг.


Неспорно е дека традиционалниот маркетинг е сè уште ефективен, но не секогаш ги таргетира вистинските луѓе. Денес, со развојот на технологијата, бизнисите имаат можност да се поврзат со својата публика како никогаш досега. Иако за специфични компании и индустрии, методите на традиционалниот маркетинг се доволни, важно е да се земат предвид неговите недостатоци пред да се инвестира во него.

 

Што е тоа дигитален маркетинг?

 

Едноставно кажано, дигитален маркетинг претставува рекламирање на вашите производи или услуги со помош на дигитални алатки и интернет. Ваквите реклами публиката ги гледа на електронски уреди како што се таблети, паметни телефони и компјутери.


Причината зошто дигиталниот маркетинг е клучен за успешен бизнис денес е затоа што интернетот станува дел од модерниот човек. Сè повеќе луѓе користат интернет за извршување на разни активности, за работа и за купување на производи и услуги.


Значи, кога станува збор за дигиталниот маркетинг наспроти традиционалниот маркетинг, јасно е дека дигиталниот има значајна предност.


Како што технологијата расте, светот на дигиталниот маркетинг расте со неа. Една од причините зошто овој тип на маркетинг продолжува да дава резултати е затоа што е форма на влезен маркетинг. Што значи дека без разлика дали станува збор за реклама на Google или создавање на содржина поврзана со вашиот бизнис, сè е со цел да ја привлечете вашата целна публика и да ја раширите свеста за вашиот бренд.


Колку повеќе луѓе знаат за вашата веб-страница, вашиот бренд, производите што ги продавате или услугите кои ги нудите, толку подобро за Вашиот бизнис. 


Интернетот преку дигиталниот маркетинг ви нуди начин да изградите авторитет во вашата сфера и да го развивате вашето дигитално присуство како никогаш порано. Прочитај го нашиот блог пост во кој опфативме 7 причини зошто да инвестираш во дигиталната трансформација.

 

Бенефити од дигитално рекламирање

 

Традиционалниот маркетинг и дигиталниот маркетинг имаат свои добри и лоши страни. Сепак, дигиталниот маркетинг знае да се издвои кога станува збор за придобивките кои еден бизнис ги има доколку се одлучи за овој тип на маркетинг.  


Релевантност


Замислете дека се движите по улица и одеднаш гледате билборд со реклама за невестински фустан. Доколку не ви е во план да рипнете во тавче во скоро време, зошто ваквата реклама би ви била релевантна? 

 

Сега замислете дека за неколку месеци треба да ја правите вашата свадбена прослава, доколку отворите на интернет и пребарате костум или невестински фустан, соодвентно, ќе ви се појават повеќе реклами кои што би ви биле важни, па може да одберете на која од нив ќе кликнете. Ова е пример кој покажува дека дигиталниот маркетинг таргетира според пребарувањата, односно според потребите на клиентот. 

 

Економичност

 

Економичноста е од голема важност кога станува збор за маркетинг. Конвенционалните начини на рекламирање се многу поскапи во споредба со рекламирањето преку интернет. 

 

Кога станува збор за трошоците за маркетинг, факт е дека многу бизниси немаат куповна моќ за да ги искористат големите билборди на ударно место, или да си обезбедат реклама на ТВ која што ќе трае 30 секунди. Она што е светла точка, е дека ова не е потребно!  

 

Предноста која ја нуди дигиталниот маркетинг е тоа што носи неверојатно ниски трошоци за рекламирање, споредено со традиционалниот начин на рекламирање. Сè што треба е да имате познавање во дигиталниот маркетинг и да знаете да креирате привлечни кампањи.

 

Доколку правилно знаете да направите SEO оптимизација на вашата веб-страница ќе имате можност и ‘бесплатно’ да се појавувате како резултат од пребарување на Google. 


Персонализација

 

Креирањето на персонализирани реклами и содржина е важно! Ваквиот пристап на рекламирање е тренд кој што овозможува одлично корисничко искуство. 

 

Во повеќето случаи, социјалните медиуми што ги користите, како Facebook, Instagram или Twitter, собираат многу информации за вас, што е целосно легално. Тие ја знаат вашата возраст, локација, интереси и потреби и можат да ги користат овие информации за да создадат подобро рекламно искуство за вас. 


Интеракција со публиката

 

Интеракцијата со вашата публика е возможна со помош на социјалните медиуми. Традиционалните методи за маркетинг не овозможуваат интеракција со публиката. Можете да ги охрабрите вашите клиенти да ја посетат вашата веб-страница, да прочитаат за вашите производи и услуги, да ги оценат, да ги купат и да обезбедат повратна информација што е видлива за вашиот пазар.


Мерливи резултати


Кога станува збор за мерење на резултати од вашите маркетинг активности, дигиталните алатки станаа неверојатно софистицирани. Можете инстантно да имате увид во резултатите од вашите кампањи, со вклучени демографски податоци, што не е случај кога станува збор за традиционален маркетинг.


Виралност

 

Колку често вашите флаери за продажба се пренесуваат веднаш до вашите клиенти и перспективи? На социјалните медиуми, користејќи ги копчињата за споделување овозможувате вашата порака да се споделува неверојатно брзо. 


Ако на пример земеме предвид дека просечниот корисник на Facebook има 300 пријатели од кои во просек 12% ги гледаат неговите објави – едно споделување на вашата објава може да донесе 25 нови перспективи. 


Затоа висококвалитетната содржина е толку важна, бидејќи може да донесе споделувања, а со тоа и нови клиенти. 


Постојат уште многу предности кои ги нуди дигиталниот маркетинг во споредба со традиционалниот.  Иако дигиталниот маркетинг е очигледен избор 90% од времето, тоа не значи дека традиционалните реклами се бескорисни.. 

 

Сè зависи од тоа која е вашата целна публика. На пример, ако продавате производи наменети за постари лица, можеби ќе добиете подобри резултати со традиционален маркетинг, затоа што постарите лица го поминуваат поголемиот дел од времето на гледање ТВ, читање весници или слушање радио. 

 

Заклучок

 

Доколку не можете да се одлучите, или едноставно не сакате да се откажете од традиционалниот маркетинг, рекламирајте го вашиот бизнис и на двата начина.


Сосема е во ред, ако не и препорачливо, иницијално да користите дигитални кампањи за да стигнете до вашите таргет потрошувачи. Секако, не занемарувајте го користењето на рекламни материјали за зајакнување на врската со вашите нови и веќе постоечки клиенти.


Наместо да се пристапи кон сè или ништо, се чини дека мулти-канален пристап кој ги користи единствените придобивки од традиционалниот маркетинг, во комбинација со практичноста и достапноста на дигиталниот ќе има најдобри резултати.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче