Зошто да вложиш во едукација ова лето?

Доколку се прашуваше што да правиш ова лето и како да ги надополниш твоите дигитални знаења, we’ve got you covered! Ти претставуваме лимитирана летна понуда за кратки курсеви по дигитален маркетинг кои ќе бидат достапни во 3 термини: 14 јуни, 12 јули и 16 август!


Кратките курсеви се одлична можност да ги продлабочиш знаењата за дигитален маркетинг или да се стекнеш со нови вештини. Предноста е во тоа што времетраењето е две недели, ќе ги слушаш онлине и ќе добиваш директни насоки и совети од твојот ментор!


Ги прашавме Теодора, сопственик на Galeksia, и Билјана, административен менаџер во Galeksia, да ни откријат повеќе детали околу програмата, вредноста и бенефитите што се добиваат од кратките курсеви. . 


Што ни споделија прочитај во интервјуто подолу!





1. Ова лето Galeksia овозможува 6 кратки курсеви од областа на дигиталниот маркетинг. Која е вредноста што ја носат кратките курсеви?   



Теодора: Фокусот на кратките курсеви е пред сè пренесување на знаења од конкретна област во дигиталниот маркетинг за која студентите се заинтересирани. Желбата кај студентите за изучување на дигиталниот маркетинг е огромна, но не секој знае што е она што сака да го учи и работи. Кратките курсеви го овозможуваат токму тоа, запознавање со основите во одреден модул и добивање идеја што е она што се изучува во областа.



Кратките курсеви се организирани за време на летниот период со цел лесно вклопување во речиси сечив животен стил. Имате можност за краток период, но преку квалитетна и релевантна програма да се стекнете со нови вештини кои ќе го продлабочат вашето знаење.

 



2. Зошто Galeksia одлучи да воведе кратки курсеви? 



Билјана: Кратките курсеви се одлична можност за развивање на вештини од дигиталниот маркетинг во специфична област. Времетраењето на секој курс е кратко, достапни се само во текот на летото, материјалот е фокусиран, вклучени се по две менторски сесии со ментор, а на крајот на курсот по полагањето на тестот, се добива глобално признаен сертификат.



По завршувањето на кратките курсеви, учесниците имаат можност да ја одберат програмата за Professional Diploma in Digital Marketing, која опфаќа 10 модули и е во траење од 6 месеци, со цел да го продлабочат знаењето од областа на дигиталниот маркетинг.



3. За кого се наменети кратките курсеви? 



Теодора: Овие курсеви се наменети пред сè за сите оние кои сакаат да започнат со изучување на сертифицирани програми за дигитален маркетинг, а сакаат да почнат со пократок курс. Исто така, кратките курсеви се идеални за тимови и сопственици на бизниси кои немаат многу време, но сепак сакаат да инвестираат во надградување на знаењето. 



Моја топла препорака за сите мали тимови е да одберат два до три курсеви и да го сублимираат заеднички стекнатото знаење во нов проект за компанијата во која работат.



За сопствениците на бизниси кои сакаат да вложат во своите вработени, ова е идеална шанса да го надградат нивното знаење, со лесно достапни програми кои се глобално сертифицирани и признаени.



4. На каков начин ќе биде организирана наставата?



Билјана: Наставата е организирана online, во време и темпо кое секој учесник самостојно си го одредува. Вклучени се две менторски сесии со ментор, каде што менторот одговара на прашања и им помага на учесниците во процесот на учење, а на првата сесија задава и практична домашна задача. На почетокот на секој курс се организира и средба со учесниците за запознавање со програмата и совети за спроведување на истата.



5. Какви бенефити им носат на оние кои немаат предзнаења и на оние кои сакаат да ги надоградат своите вештини?



Теодора: Било какво надградување на знаењето во било кое поле, секогаш носи бенефит за оној кој учи. Кога станува збор за дигитален маркетинг, континуираното надградување на вештините е задолжително ако сакате да останете во игра со најдобрите и да не заостанете позади конкуренцијата.



За почетниците би рекла дека навистина никогаш не е доцна да се почне со дигитален маркетинг, бидејќи ова е област која штотуку почна да го доживува својот масивен развој и во иднина ќе биде уште повеќе барана на глобалниот пазар.



6. Што е она по што се издвојуваат кратките курсеви на Galeksia од останатите?



Билјана: Со помош на овие курсеви за многу краток период се добива знаење и се развиваат специфични вештини од неколку области од дигиталниот маркетинг. Глобално признаениот сертификат кој на крајот се добива е доказ за стекнатото знаење и квалификации.



7. Зошто треба да се вложи во едукација за дигитален маркетинг?



Теодора: Ако има нешто што нè научи глобалната Covid-19 криза, тоа е дека најголемиот број бизниси можат успешно да се изборат со истата, доколку ги дигитализираат своите процеси и ако поактивно вложат во дигитален маркертинг. Сведоци сме на голем број компании кои имаа рапиден раст како последица на нивната инвестиција во дигитален маркетинг.



Најдобар начин да ја дигитализирате компанијата е да вложите во едукацијата за дигитален маркетинг. А, најдобар начин да останете компетентни на пазарот на труд, е повторно, да вложите во едукација за дигитален маркетинг. 🙂



8. Која е улогата на менторите во програмата?



Билјана: Менторите се многу важен елемент во процесот на учење затоа што ќе им бидат достапни на учесниците за одговор на сите прашања кои ги имаат. На првата менторска сесија на учесниците ќе им биде зададена практична домашна задача, каде што секој учесник ќе може да го примени стекнатото знаење.



Менторите имаат долгогодишно искуство во својата област и се врвни професионалци, така што за учесниците ова е одлична можност да поставуваат прашања и да добиваат практични совети, корисни tips & tricks кои понатаму ќе им помогнат во работата.





Запиши се на некој од новите кратки курсеви на Galeksia и стекни се со практични знаења применливи веднаш. Првата група започнува на 14-ти јуни!



Резервирај си место денес!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче