Знаењето од Galeksia ми ги отвори вратите кон светот

Во денешното интервју разговараме со Елица Мајсторова, студентка на CDMP програмата. Елица живее во Малта и работи како ПР администратор во Hotel Line Limited која реши да направи професионален скок во кариерата и да си го надогради знаењето. И покрај многуте можности за неформално образование во Малта, Елица ја одбра токму програмата на Galeksia поради бројните позитивни искуства на студентите и менторите кои се врвни професионалци во својата област!


Елица е креативна и позитивна личност, посветена мајка на Иан, која успешно ја проследи програмата од Малта и се стекна со дигитални вештини кои ѝ помогнаа во работата од самиот почеток. Ни раскажа повеќе за животот во Малта и можностите кои ги нуди, причината зошто баш Galeksia, и како програмата ѝ помогна да го смени целосно пристапот на компанијата во која работи од традиционален во дигитален маркетинг. Навистина се радуваме и сме горди на успесите на нашите студенти и на позитивните промени кои ги носат.


Прочитај го целосното интервју подолу!




Запиши се!





1. Здраво Елица! Ти си наша студентка која успешно ги заврши предавањата на CDMP програмата! Како ти се одвиваат подготовките за тестот? Кои ресурси ги користиш за успешно да го совладаш материјалот?



Токму така, ги завршив предавањата, но сега доаѓа оној “потешкиот дел”. 🙂 Се подготвувам на тој начин што ги користам транскриптите и видеата од DMI  платформата, но се разбира и видеата од нашите ментори без кои верувајте не е можна подготовката за тест. Ги вежбам и прашањата кои ни ги овозможува платформата затоа што многу е важно да се разбере и пристапот на прашањата од DMI.



2. Она што е интересно за тебе е дека живееш и работиш во Малта неколку години, од каде што успеа и да ја завршиш програмата онлајн. Раскажи ни нешто повеќе за себе и животот во Малта!



По професија сум дипломиран новинар и лице за односи со јавноста. Додека живеев во Македонија активно се занимавав со новинарство , овде во Малта работам во вториот сегмент од мојата професија ПР администратор. А, од пред 5 месеци и мајка на едно прекрасно бебе Иан (виновникот за одложување на полагањето во deadline-от). Морам да бидам искрена со вас и да ви кажам дека животот во странство е убав, но подеднакво и тежок, во смисла прилагодување на средината, наоѓање на соодветна работа и што се вели, „застанување на нозе“.



Малта е остров кој навистина нуди многу. Не за џабе големи филмски имиња снимале сцени токму овде на Малта. Сигурно веќе и знаете за Game of  Thrones дека е еден од многуте кои снимале овде :). Летата се преубави и претопли во Малта. Ако излезете да шетате буквално ќе забележите дека во Малта можете да се капете каде ќе стигнете, затоа што насекаде има фини карпи од кои има пристап до морето.



Малтежаните се многу гостопримлив и љубезен народ. Интересно е што овде официјални јазици се малтешкиот и англискиот, така што навистина доколку говорите англиски, нема да имате никаков проблем со јазичната бариера. За Малта има многу што да се зборува, но ова е генералната слика за островот кој по површина е колку град Скопје, без околните села. 😀



3. Работиш како ПР администратор во Hotel Line Limited повеќе од две години. Кажи ни колку и како стекнатато знаење од програмата ти помага подобро да ги извршуваш твоите работни обврски и задачи?



Да бидам искрена, ми помогна многу. Затоа што компанијата во која јас работам преферираше повеќе традиционален маркетинг и она што е word of mouth, отколку дигителен маркетинг. Само што почнав да ја следам програмата на DMI, веднаш почнав да воведувам новини кои беа забележани и од менаџерите и од колегите во компанијата. Можам да кажам дека драстично се промени пристапот и сум многу горда на тоа.



Во моментов работиме на нова веб-страница, која ќе биде добрo оптимизирана, а се спремаат и мали кампањи со кои се надевам дека ако не до крајот на оваа, некаде до првата половина од 2022ра ќе допринесат за зголемена продажба на производите кои ги нудиме на пазарот. Во компанијата каде што работам се размислува дигитално, нели таму е иднината 🙂



4. Се запиша на програмата за да се стекнеш со сертифицирано знаење во областа на дигиталниот маркетинг, да напреднеш во кариерата и да започнеш твој сопствен бизнис. Дали веќе работиш на остварување на твоите цели?



Поради сè она што ми се случи во изминативе 5 месеци, остварувањето како мајка и грижата околу Иан, моите планови за остварување на сопствените цели малку ќе се забават, но сигурно дека токму тој како и моето семејство е мотив плус да работам и ги остварам моите цели.



5. Живееш во Малта, а одбра да учиш по DMI програмата на Galeksia овде. Зошто ја одбра баш Galeksia? Колку е развиено неформалното образовние и какви програми за дигитален маркетинг постојат во Малта?



Пред да се запишам на оваа програма истражував за академии повразани со дигитален маркетинг. Дојдов до Galeksia и сите оние искуства на студентите пред мене некако ме “купија”, па подоцна и биографиите на менторите кои се врвни во своите професии ме натераа да станам дел од Galeksia.



Ја одбрав оваа програма пред тие што се достапни во Малта, затоа што навистина сакам да учам од професионалци од мојата држава. А, што се однесува до неформалното образование, во Малта е број еден моментално, има толку многу различни курсеви што навистина е жално да не го надоградиш своето знаење. 



6. Програмата по која изучуваше опфаќа 10 модули, со динамичен интензитет и бара посветено учење. Кој модул ти претставуваше најголем предизвик? Во кој модул би рекла дека најмногу се пронајде?



Модул кој ми претставуваше најголем предизвик дефинитивно е Digital Marketing Strategy, а го предаваше Михаил од кој има многу што да се научи. А, мислам дека најмногу се пронајдов во Google Analytics модулот кој воедно како и Digital Marketing Strategy се предмет на интерес во кој сакам да продолжам да се надоградувам.



7. Кој ментор ти остави најголем впечаток и зошто?



Сите ментори се предобри и навистина е тешко да се избере, но еве дека морам, кажав и претходно Михаил, навистина ментор од кого има што да се научи, и затоа што секогаш имаше примери за поедноставно да го разбереме модулот кој е и те како тежок :). Сара која на многу забавен начин ни го престави „модулот на иднината“ како што вели таа. Морам да ги спомнам и Верче и Тео, и Наташа која навистина детално не водеше низ нејзиниот модул.



8. Опиши го искуството во Galeksia со три збора!



Позитивно – Врвно – Квалитетно



9. По завршувањето на програмата и успешно полагање на тестот, ќе се стекнеш со сертифицирана диплома за дигитален маркетинг која е призната секаде во светот! Од какво значење е за тебе оваа сертификација? Кои можности ти ги отвора во Малта и пошироко?



Дефинитивно после Galeksia и DMI сертификатот, моето образование е првенствено на многу повисоко ниво кое ќе ми ги отвори вратите на светски компании кои свои филијали имаат во Малта. Воедно како професија во моментов е навистина број еден, што дополнително отвора врати за работа во компании во кои навистина маркетингот им е на многу високо ниво. А, со горенаведеното, се надевам и на остварување на сопствен бизнис.



10. Од твоето лично искуство, што би им препорачала на сите кои сакаат да се запишат на DMI програмата во Galeksia?



Препорачувам дефинитивно, иднината е дигитална. А, зошто Galeksia; затоа што Galeksia не е само институт, Galeksia е големо семејство кое се грижи за своите членови и по завршувањето на програмата. 



Инспирирај се и ти од успешната приказна на Елица и направи чекор напред во твојата кариера! Нема подобро време од сега да се стекнеш со дигитални вештини и да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг во Galeksia. Пријави се денес!





Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче