Galeksia втора година по ред е избрана за Platinum Partner на DMI

Особено се радуваме да ви споделиме дека втора година по ред сме избрани за Platinum Partner на престижниот Digital Marketing Institute од Ирска! На годишниот настан DMI Arena Awards Ceremony, беше објавено дека Galeksia го задржува местото на Platinum Partner кое го доби во 2021ва, по само една година постоење.

 

Galeksia е меѓу 4те Platinum Partners од вкупната мрежа на партнери на DMI која брои над 100 партнери на глобално ниво. DMI соработува со еминентни едукативни центри од Дубаи, Малта, Хонг Конг, Словенија, Турција, Австралија, УСА. 

 

Што всушност значи да се биде Platinum Partner на Digital Marketing Institute? 

 

Критериумите кои треба да се исполнат вклучуваат квалитет на настава, експертиза на ментори, процент на положени студенти, грижата за континуираниот развој на студентите, соработката со партнер компании кои овозможуваат практична работа, како и процентот на задоволство од програмата од страна на учесниците.

 

galeksia platinum partner

Како изгледа ова низ бројки за 2021 година?

  • 80 студенти;
  • 5 групи;
  • 13 практични проекти;
  • 13 нови learning partners;
  • 8 ментори експерти во областа;
  • 5.0 оценка за менторите;
  • 92% задоволство од програмата.

 

Континуираниот развој и успех на студентите е она што нè движи

 

Разговаравме и со Теодора Филовска, сопственик и сертифициран ментор во Galeksia, за тоа што претставува за неа ова признание.

 

„Честа е огромна, навистина. Digital Marketing Institute и нивната програма е една од најбараните на глобално ниво. Креатори на програмата се добро познати имиња во дигиталниот маркетинг како Neil Patel, Frank Hattan (Microsoft), Amy Brooks (Facebook), Tyrona Heath (LinkedIn).

 

Тоа што веќе втора година успешно ја спроведуваме програмата и имаме висок процент на студенти кои се стекнуваат со светски признат Pearson VUE сертификат премногу ме радува. Континуираниот развој и успех на студентите е она што нè движи. Во 2021 на 80 студенти им помогнавме да ја направат својата кариерна трансформација и професионален развој!

 

Дигиталниот маркетинг е поле кое дефинитивно почнува многу брзо да се развива во Македонија, така што можностите за работа се огромни. Но, фактот што сертификатот е светски признат им овозможува на студентите да градат интернационална кариера.“

 

Зошто да се избере Professional Diploma in Digital Marketing програмата?

Она што ја издвојува оваа програма од останатите на пазарот е светски признатиот сертификат. По завршување на програмата и полагањето на завршниот тест, студентите се стекнуваат со сертификат издаден од најголемото сертификационо тело во светот Pearson VUE. Pearson VUE е познат по издавањето сертификати за обуки од Microsoft, Adobe, Cisco и голем број други реномирани компании. Што значи, со овој сертификат ти се отвораат вратите кон светот.

 

Програмата е креирана според потребите на индустријата од страна на познати имиња во дигиталниот маркетинг Neil Patel, Frank Hattan (Microsoft), Amy Brooks (Facebook), Tyrona Heath (LinkedIn). Истата се обновува на секои шест месеци со цел да остане релевантна на брзите промени кои се случуваат.

 

pearson vue certificate

 

Она што е исклучително важно е learning partner програмата. Голем број компании кои се лидери во својата област ги отвораат вратите за студентите од Galeksia. Стекнатото знаење од програмата практично се применува преку работа на практични проекти за реални компании од индустријата. Студентите работат на реални сценарија во текот на еден месец и ги нудат своите креативни решенија. Дел од партнерите се Pitch 121, Sara Fashion, Reptil маркети, Anni Farm, HalkBank, Avalon, Bella, TBM Group.

student visit at pitch 121

 

Digital Marketing Institute брои неверојатни 170.000 професионалци во својата глобална мрежа! Студентите исто така добиваат ексклузивен пристап до нивната платформа која е најголемиот извор на бесплатни дигитални ресурси. 

 

Програмата опфаќа 10 модули и трае седум месеци вклучувајќи го периодот на подготовка за тестирањето. Предавањата се онлајн и се одвиваат три пати неделно. Во текот на целото студирање, студентите добиваат континуиран member care од страна на нивниот e-learning менаџер. 

 

Уписите за априлската група се во тек. Резервирај си место тука

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче