Водич за почетници: Google Analytics

Доколку не знаете што е Google Analytics, како функционира, или пак никогаш не сте вметнале таг во веб-страница или не сте погледнале во податоците од сообраќајот на страницата, тогаш овој водич е токму за вас.


За оние што веќе знаат што е Google Analytics, фактот дека сè уште има веб-страници што не ја користат платформата можеби звучи чудно. Но сепак, таквите страни постојат. Овој текст е наменет токму за тие луѓе, и ќе почне од самата основа од перспектива на личност што нема никакво познавање од аналитики.

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Зошто ви е потребна Google Analytics имплементацијата?

Доколку поседувате блог, или вашиот бизнис има страна – буквално секој што има веб страна треба да има имплементирано Google Analytics во истата. Оваа неверојатна платформа ви дава одговор на следниве работи:

1. Колку ја посетуваат страницата

2. Каде живеат 

3. Дали ми треба страница што изгледа добро на мобилни уреди

4. Од кои веб-страници доаѓаат моите потрошувачи

5. Кои маркетинг тактики носат најдобар резултат за мене

6. Кои засебни страни од мојата веб-страници се најпопуларни

7. Колку посетители на страницата станале потрошувачи

8. Од каде дошле овие потрошувачи

9. Како да ја подобрам брзината на страницата

10. Кој тип на содржина на мојата страницата им се допаѓа најмногу на моите потрошувачи


Ако се прашувате дали горенаведеното е сè , да ви одговорам – баш напротив. Одговорите од горе се само површината на платформата. И можеби се најважните. Но, позади секое од нив има еден тон метрики кои ако знаете да ги разберете, ќе знаете што функционира (и што не функционира) на веб-страницата, и ќе знаете стратешки да превземете акција.

Како да имплементирате Google Analytics во вашиот веб-сајт?

За да можете да пристапите до податоците што платформата ќе ги собира од вашата страница, ви треба кориснички профил на Google Analytics платформата.


За да направите профил, кликнете на официјалниот линк на Google Analytics. Пополнете ги потребните податоци (име на профилот, име на веб-страницата, адреса на веб-страницата, индустрија, временска зона, и подесувања за споделување на податоци.)


Кликнете на Get Tracking ID за да ја комплетирате регистрацијата.


Инсталација на кодот за следење


Google Analytics платформата функционира со помош на вметнување на скрипта (JavaScript код) за следење во вашата веб страна. 


За да го вметнете овој код, треба да направите мала модификација на датотеките од самата веб-страница. Доколку немате основно познавање од програмирање, оваа задача најдобро е да ја оставите на програмер.


Со вметнување на овој код во урнеците за страните на вашата веб-страница (во <head> делот од секоја страна што сакаде да ја следите во Analytics,) вашиот профил ќе е финализиран и ќе добиете податоци во реално време.

Следење на податоци во Google Analytics

Со завршување на горенадевеното, вие сте спремни за следење на податоците од вашите корисници на вашата веб-страница. Најдоброто од се е фактот што самата платформа ви нуди голем избор на метрики кои можат да се модифицираат во зависност со вашите потреби. 


Најрелевантните метрики во Google Analytics


Conversions – оваа метрика ги брои конверзиите на вашата страна, без разлика дали тие се комплетирање на форма, симнување на брошура, прегледана секција од дадена страна, или директна продажба. Сè што е важно за вас и вашиот бизнис може да се вклучи во оваа метрика.


Channel/Traffic source – оваа метрика дава евиденција во различните маркетинг канали од кои што вашите корисници доаѓаат, вклучувајќи ги и UTM таговите што ги додавате на Вашите кампањи.


Session Duration – оваа метрика дава увид во тоа колку време вашите корисници трошат на било кој дел од вашата веб-страница.


Bounce Rate – ова е процентот на посетители кои што прегледуваат само една страна и се гасат.


Event – ова се настани коишто можете самите да ги дефинирате, и истите можат да вклучат многу работи, како на пример кликови на одредени делови од страната, симнување на податоци, видливост на елемент од страната, итн.


Landing Page – оваа е првата страна што посетителот ја прегледува кога ќе дојде на вашата веб-страница.


Organic Search – посетители коишто дошле на вашата веб страна од органски резултат од пребарувачите.


Segment – секој сегмент е посебен филтер којшто можете да го дефинирате самите, како на пример посетители од одредена кампања или посетители од одредена направа.


Acquisition – овој дел од платформата ви покажува од кои канали доаѓаат посетителите, и истата вклучува органско пребарување, мејл, социјални медиуми, итн.


Keywords – овој дел ви кажува кои зборови биле користени за да се појави вашата веб страна во резултатите од пребарувачите коишто донеле до кликови и посети.


Lifetime value – овој извештај ви покажува колку е животниот век на еден потрошувач на вашата страница. Овде се вклучени сите работи што корисникот ги има направено, од првата посета, па повторени посети, продажби, и многу, многу повеќе.


Active users – овој извештај ви дава увид во тоа колку корисници се всушност активни на вашата страна. Овде ќе видите кои страни се најпосетувани од овие посетители, и ќе ви овозможи да идентификувате што им го задржува вниманието, и истото да го вметнете и во другите страни.


Овде е важно да се забележи дека горенаведените метрики се само мал дел од тоа што Google Analytics платформата го дава во нејзините извештаи.

Кои работи во Google Analytics се најважни за мали бизниси?

Подолу се неколку работи што се исклучително важни за почетници и мали бизниси:


Traffic Sources


Овде ќе ги прегледате сите канали од каде што доаѓаат вашите посетители. Овој извештај се пристапува од Acquisitions делот во левото мени од платформата.


Custom Reports


Самиот превод на овој дел од платформата е сопствен извештај. Тука, може да дефинирате категории за мерење што се од важност за вас, како на пример во е-продажба боја на продукт, големина, идентификационен број на продуктот, итн. 


Исто така, овде може да интегрирате извештаи од трети платформи, како CRM и ERP системи.

Ова е само површината

Google Analytics е една од есенцијалните алакти што секој маркетер мора да знае да ги ракува. Целиот овој пост служи како вовед во оваа моќна алатка, но во некои наредни текстови ќе покриеме одредени делови од платформата и како да ги користите истите за да го пораснете вашиот бизнис.


Доколку сакате да научите повеќе, запишете се на некоја од програмите на Galeksia и станете сертифициран дигитален маркетер.

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче