Дали знаеше дека 82% од маркетерите значително повеќе се посветиле на content маркетинг, што е за 70% повеќе од претходната година?
Content маркетингот е одлична маркетинг стратегија за секој бизнис да постигне врвни резултати! Со добра content стратегија можеш многу лесно да си го подобриш присуството онлајн и да изградиш заедница која ќе го претставува твојот бренд во најдобро светло. Content маркетингот претставува неопходен дел од еден маркетинг план. Содржината која се користи треба да бидат вистинита, релевантна, да има вредност и да буди интеракција со публиката.
Што всушност претставува content marketing?
Content стратегијата е план во кој користиме разновидна содржина, како текст, аудио и визуелни елементи, којa ќе ти помогне да ги оствариш твоите бизнис цели. Со креирање на успешна content стратегија ќе можеш да ја привлечеш твојата таргет публика во секој дел од инката (eng. funnel) и да ги едуцираш во секоја фаза од нивното customer journey.
Претставува неразделив дел од секој друг тип на маркетинг, како што се social media, SEO, email marketing и останатите. Без разлика дали си почетник во content маркетингот или веќе посветено работиш на креирање интерактивна содржина, нема да е на одмет да се навратиш повторно на твојата content стратегија. Со детална анализа ќе се осигураш дека е up-to-date, иновативна и комуницира со твојата публика!
За да започнеш со креирање на content стратегијата, мораш да имаш одговор на следниве прашања:
- За кого е наменета содржината која ја креираш?
- Каков проблем ѝ решаваш на твојата публика?
- Како твојот бизнис се издвојува од другите?
- На каков тип на формат ќе се фокусираш, односно каков тип на содржина преферира публиката?
- На кои социјални мрежи и канали најмногу е застапена твојата публика? Кои канали ќе ги користиш за креирање и објавување на содржината?
Научи како да креираш успешнa content marketing стратегија на модулот Content Marketing
Дури и да мислиш дека твојата content стратегија е беспрекорна, нема да ти наштети да да ја анализираш и модифицираш повторно. Ти подготвивме водич со најважните компоненти на еден добар content marketing план.
Истражи добро!
Сè што креираш и создаваш нема доволно вредност ако не си ја познаваш таргет публиката! Има многу начини детално да ја истражиш публиката, како што се креирање на фокус групи, анкети и polls на социјалните мрежи. Со помош на овие методи можеш да добиеш подетална слика за тоа што посакуваат твоите корисници, кои се нивните интереси и проблеми и како можеш да им помогнеш. Со истражување на фокус-групата ќе добиеш квалитетни информации што можеби не си ги знаел претходно и ќе ти помогнат да креираш ефективна buyer persona. Survey Monkey е една од најдобрите алатки за истражување на публиката со која имаш пристап до разновидни темплејти кои се креирани да ти донесат релевантни одговори!
Направи анализа на конкуренцијата
Какo што веќе спомнавме дека е важно да си ја познаваш публиката, подеднакво важно е да си ја запознаеш и конкурецијата – ако не знаеш што креираат и во кој правец се движат твоите конкуренти, нема да си дел од конкурентниот пазар. Добрата анализа на конкуренцијата ќе ти помогне и ќе ти даде насоки со кои ќе одредиш каков тип содржина да креираш. Започни со research за тоа кои всушност ти се конкуренти, колку и како се застапени онлајн и на коj начин комуницираат со потенцијалните корисници.
Со сите податоци кои сега ги имаш, прелистај ги сите social media канали, како и веб-сајтовите, за да откриеш што промовираат и продаваат и како се поистоветува публиката со нивните услуги. Пример, дали нивните видеа со голем број на прегледи сe на Instagram или некој друг канал, или дали нивните најчитани блог постови се објавени на Facebook? Што перформира добро кај нив, а што не? И како можеш да ги искористиш нивните слабости за да ја подобриш содржината кај тебе?
Истражи го нивното целокупно онлајн присуство и искористи ги податоците од анализата да ја таргетираш подобро својата публиката. Ако успееш во тоа, не само што ќе ја подобриш твојата content стратегија за да го искористиш максимално потенцијалот, туку и ќе откриеш кои пропусти конкурентите ги имаат кај нив и ќе го искористиш тоа за да се издвоиш од “толпата”! Со ова ќе добиеш можност за креирање на нов тип на содржина и ќе избегнеш презаситеност со досегашнате објави и содржина.
Креирај содржина за паметење!
Сега откако добро си ја познаваш публиката, конкуренцијата и каналите кои најдобро ти перформирааат, следниот чекор е креирање на killer содржина. Што е и всушност суштината на еден добар content маркетинг план!
Сите онлајн доживуваме “content shock” поради презаситеноста од разна содржина, така што објава со впечатллива и добро смислена содржина со сигурност ќе привлече внимание и ќе се истакне.
Најважно е да се фокусираш на работите кои нудат најмногу вредност. Ќе ги земеме за пример Facebook и LinkedIn кои се фокусираа да направат раст на платформите со објавување на Live Video, додека Snapchat и Instagram се фокусираа на начинот како да ја зголемат интеракцијата со корисниците преку видео!
Како пример за добар content маркетинг ќе го земеме Mailchimp, email маркетинг софтвер, кој на многу начини успеа да им го доближи брендот на корисниците. Со помош на мини-академијата и информативниот блог, Mailchimp на интересен, во меѓувреме и едукативен начин им помага на корисниците.
Анализирај ги резултатите!
Сè ова претходно кажано ќе нема никаква вредност доколку не се мерат резултатите од перформансот на содржината. Ова претставува единствен начин да се одржува константен успех. На пример, можеш да ги анализираш посетите на твојот блог кои ќе ти откријат што најмногу сакаат да читаат корисниците, колку време поминале на твојот веб-сајт, каков тип на содржина најмногу им задржала внимание и според тоа да ја оптимизираш твојата content стратегија. Истото важи и за објавите и активностите на социјалните мрежи. Кликовите и коментарите се супер показател, но impresions и конверзии ти покажуваат како корисниците комуницираат со твојата содржина и кои чекори ги преземаат со истата.
A/B testing
Кога станува збор за креирање содржина, експериментирањето игра главна улога за да се постигнат добри резултати. Секоја social платформа си има своја магична формула, на пример насловите и фразите кои перформираат добро на Facebook не значи дека ќе резултирааат добро и на Instagram и LinkedIn. Важно е да сфатиш дека е потребно повеќе време за да ги анализираш сите канали и како функционираат пред да можеш да заклучиш кој перформира подобро.
Исто така, никогаш не треба да ја потценуваш важноста на еден наслов, затоа што тоа е првото што луѓето го забележуваат кога ќе наидат на некој тип на содржина. Тестирај неколку различни варијанти на еден наслов на повеќе платформи за да видиш кој ќе перформира најдобро. Можеш да употребиш некој A/B testing софтвер за да тестираш повеќе верзии од содржината на твојот веб-сајт за да одредиш која ќе ти донесе најдобри резултати.
Да, на A/B тестирањето му треба повеќе време, но дефинитивно ќе ти се исплати на крај!
Методите за креирање на content кој ќе ти донесе нови клиенти постојано се менува, но основите принципи се секогаш исти – развивање на top-notch content стратегија базирана на релевантни податоци. Најдобриот начин за воспоставување на нераскинлива и лојална врска со корисниците е преку релевантна, вредна и конзистентна содржина! Дали content маркетингот е дел од твојата маркетинг стратегија?
Доколку сакаш да научиш како максимално да ги искористиш можностите кои ги нуди овој вид на маркетинг, како да го применуваш, кои се најдобрите тактики, приклучи се на нашата програма и стани сертифициран digital marketing specialist!
Уписите се во тек! Најновата група започнува во ноември. Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.