Умот на Модерниот Маркетер

Денешното влијание на технологијата врз секојдневниот живот е огромно. За да бидеш модерен маркетер, не е доволно само да знаеш дигитален маркетинг. Треба да имаш и soft skills.

 

Со поседување на двете, ти ќе го имаш идеалнот начин на размислување што сите работодавачи во светот го бараат.

 

Што е подобро – soft skills или експертиза?

 

Вистината е дека едното оди со другото. Во минатото, сè се вртеше околу ескпертизата и колку знаеш како функционираат платформите за дигитален маркетинг. Денес, тоа не е доволно. Soft skills се исто толку вреднуваат како самата експертиза.

 

Што се soft skills?

 

Soft skills (или емоционални вештини) се креативност, снаодливост, прилагодливост, соработка и лидерство.

 

Креативноста придонесува модерниот маркетер да има идеи за подобар резултат во различни ситуации. Исто така, креативен маркетер може да постигне се со помош на креатива и добро напишан текст.

 

Снаодливоста придонесува модерниот маркетер да знае да најде релевантни извори на податоци кои што ќе го прикажат резултатот од креативноста.

 

Прилагодливоста придонесува модерниот маркетер да знае кога треба да се смени и адаптира нешто. Ова се однесува и на стратегии и на тактики за маркетинг.

 

Соработката овозможува модерниот маркетер да ја сфати важноста на соработувањето. Модерниот маркетер соработува со комерција, производство, набавка, и други оддели кои се вклучени во самата компанија. Сите оддели соработуваат да се движи бизнисот нагоре.

 

Лидерството е посебен soft skill што овозможува маркетерот да инспирира колеги со нови увиди, споделување на знаењето и желба за успех.

 

Што е перфектната комбинација помеѓу експертиза и Soft Skills?

 

Перфектната комбинација е поседување на квалитети како:

  • Прилагодливост
  • Артикулативност и убедителност
  • Жед за знаење
  • Соработување
  • Креативност
  • Носење на одлуки базирано на податоци
  • Емпатија
  • Љубопитност
  • Страст


Повеќето од горенаведените се редефинирање на основните soft skills

 

Идеалниот ум на маркетерот е да има soft skills што не можат да се автоматизираат


Денес, повеќето процеси што само до пред неколку години беа правени рачно се комплетно автоматизирани. Сепак, фактот дека комјутерите можат да учат не значи дека можат да направат комбинација помеѓу технички и емоционални вештини.

 

Ова е можноста што модерниот маркетер треба да ја искористи, бидејќи soft skills е делот каде машината завршува и маркетерот почнува.

 

Учењето со помош на емоции и инстинкт за маркетинг создаваат модерен маркетер – експерт кој што ќе биде релевантен секогаш и никогаш нема да биде автоматизиран.

 

Бидете релевантни!

 

Со Galeksia, ќе бидете во тек со сите промени во индустријата, ќе останете релевантни во период на забрзана автоматизација и ќе го поседувате идеалниот начин на размислување што сите работодавци го ценат.

 

Стани Certified Digital Marketing Professional!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче