Сања Здравковиќ е најновиот член во тимот на Galeksia, Manager of Business Administration која им овозможува беспрекорно искуство и едукација на нашите студенти на програмата.
Дипломиран преведувач од шпански јазик, event planner, искуство во осигурителната дејност се само дел од богатото портфолио на Сања. Нејзината главна одговорност како административен менаџер е успешна координација и комуникација со студентите, менторите, тимот, како и learning партнерите со кои соработуваме на практичните проекти.
Во ова интервју ја „испрашавме“ буквално сѐ што би те интересирало за програмата, за кого е наменета, што опфаќа програмата, како најефикасно да се подготвиш за финалниот тест и „клучот” за успехот на студентите.
Запознај ја Сања во интервјуто подолу!
1. Здраво Сања! Ти си последното засилување на тимот на Galeksia како Manager of Business Administration. За почеток, претстави ни се на кратко во неколку зборови!
Здраво, најпрво би сакала да кажам дека многу се радувам што сум дел од тимот на Galeksia, ваков спој на hard-working, positive и friendly colleagues се клучот за успех на секоја компанија, а секако го направивте мојот onboarding процес многу полесен отколку што очекував. Доколку мора да се опишам во неколку зборови (најтешка задача хаха) би издвоила ведра, комуникативна, емпатична и секогаш подготвена за нови предизвици.
2. Дипломиран преведувач од шпански јазик, искуство во осигурителната дејност, event planner, се дел од твоето богато портфолио. Па кажи ни, како стигна до овде? Што те привлече да започнеш со работа како административен менаџер во Galeksia?
Да, вака кога ќе согледам од овој аспект, досега променив прилично различни области во обидот да се пронајдам себеси некаде баш целосно, но позитивната страна е што никогаш не се помирувам додека не ја достигнам целта, па така и сега. По природа сум личност која се стреми кон постојан напредок во било кој поглед, а Galeksia ми го понуди токму тоа, простор за учење и динамично темпо на работа како добитна комбинација.
3. Твојата главна одговороност е овозможување на беспрекорно искуство и едукација на студентите. Кои се твоите секојдневни работни активности и задачи?
Освен регуларните административни задачи, организација на документи и финасии, овозможување соработка на проекти и целокупна координација, можеби како главна задача на прво место би ја одвоила омуникацијата со студентите. Настојувам да им дадам до знаење уште од самиот почеток, па дури и пред да се запишат на програмата, дека може да сметаат на мојата апсолутна достапност за било каков проблем, консултација, прашање, од моментот на првото предавање па сè до полагањето на испитот, а дури и понатаму.
4. Неодамна се приклучи на нашиот тим, но веќе си една од омилените помеѓу студентите! 🙂 Како твојата работа им помага на студентите да останат фокусирани и да изградат успешна кариера во дигиталниот маркетинг?
Како што споменав и претходно, клучот е во комуникацијата и блискиот однос со студентите, впрочем затоа и работиме во помали групи кои бројат максимум 15 членови, за да можеме да им посветиме доволно внимание на секој еден од нив. Па оттука не се здобиваат само со интернационален признат сертификат, туку и со пријателства за цел живот како бонус.
Во Galeksia креиравме мрежа на контакти во дигиталниот свет како една исклучително динамична област, сè повеќе компании нè контактираат барајќи наши студенти за практиканти или full-time job бидејќи веќе стануваат свесни колкаво знаење поседуваат сите оние што ја завршиле оваа програма. Наша задача е само да ги насочиме во кој дел од дигиталниот маркетинг би сакале се усовршат и да им помогнеме да се лансираат побрзо на патот до успехот.
5. Сè почесто го добиваме прашањето „дали дигиталниот маркетинг е вистинската професија за мене?“. Од твоја гледна точка, за кого е наменета програмата? Дали секој може да се приклучи или е потребно некое предзнаење?
Според мене, не постои нешто што не може да се научи, и колку и да звучи клише – најбитна е желбата. Програмата не е воопшто лесна, меѓутоа токму и поради таа причина самите предавања траат шест месеци, а оставаме плус простор од месец и половина за подготовка за крајното полагање. Таа е креирана да одговара на сечие ниво на знаење, и за почетници, но и за професионалци кои сакаат да го унапредат своето знаење, за сопственици на мали бизниси кои сакаат да се пробијат полесно на пазарот.
Почнуваме од нула, од воведот во дигиталниот маркетинг за понатаму постепено да преминуваме на покомплексни области, како што се social media, платените реклами, оптимизација на веб-сајт итн. Огромен придонес во програмата на Galeksia се самите ментори кои внимателно се одбрани, не само како експерти секој во својата област, туку пред сè поради нивната посветеност и желба преку практични примери да им го пренесат своето знаење на студентите.
6. Што според тебе е „клучот” за успехот на студентите на програмите на Galeksia?
Пред сè, да си ја сфатат сериозно работата, редовно да учат модул по модул бидејќи материјалот е прилично обемен, да не дозволуваат да чекаат еден месец пред крајот за да “почнат со учење”. Не само да присуствуваат на предавањата редовно туку и активно да се вклучуваат во истите, да си ги решаваат домашните задачи и секако да ги слушаат менторите.
7. Една од твоите задачи е и организација и координација на практичните проекти со нашите learning партнери. Кои се клучните бенефити од ова искуство и зошто секој треба да се пријави за работа на практичен проект?
Практичните проекти претставуваат супер можност за студентите кои веќе ги ислушале повеќето модули од програмата, постепено да ги подготвиме за самостојна работа и практична употреба на стекнатото знаење. Проектот се подготвува околу еден месец, каде студентите со поддршка од менторите „работат” за потребите на една компанија, во зависност од тоа што би сакале тие да подобрат од аспект на дигиталниот маркетинг, дали тоа ќе биде SEO, email marketing, social media итн. Учеството во проектите го збогатува и портофолиото на самите студенти, и претставува мотив плус да не ја пропуштаат шансата која им се нуди.
8. Enough about work :D. Која е Сања надвор од работното место? Што те исполнува и опушта?
Хмм, па би можела да кажам дека сум истата, позитивна и true social butterfly 24/7, со таа разлика што лаптопот го заменувам со природа и планини, и долги прошетки во друштво на омилениот travel buddy – ретриверот Нала.
9. Ајде уште ова :). Твој совет за крај, што би им препорачала на сите оние кои сè уште размислуваат да се запишат на програмата?
Штом веќе размислуваат за запишување тие веќе се на половина пат, така што би им препорачала да не чекаат и да одложуваат за иднина бидејќи вложувањето во себе е најисплатлива инвестиција. Недостаток на време, страв од полагање, милион прашања во главата од типот “дали ќе успеам да се снајдам во програмата” итн. се само изговори кои нè спречуваат на патот до успехот. The time to act is now, ве чекам во следната група! 🙂
Доколку сè уште размислуваш да започнеш кариера во дигиталниот свет, направи го вистинскиот избор и приклучи се на програмата за дигитален маркетинг. Зошто да учиш кај нас? Можностите кои ги овозможуваме, постојана поддршка за нашите студенти, во текот и по завршувањето на програмата, нашата learning partner програмата и помош при вработување се само дел од придобивките! Уписите се во тек, приклучи се денес!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.
Запиши се и учи со нас!