Business Elite Awards ја објави листата на добитници на престижната наградата „Under 30” за најдобри бизнис-претприемачи, иноватори и визионери под 30 години на глобално ниво. Tеодора Филовска е избрана помеѓу 30те најдобри кои го добија признанието „Under 30”. Теодора е основач на институтот за дигитален маркетинг Galeksia, сопственик на дигиталната маркетинг агенција Vrootok, консултант, ментор и говорник за маркетинг и бизнис.
„Пред сè многу ме радува фактот што имаме сè повеќе претставници на успешни компании од нашите простори на кои им е препознаен трудот и достигнувањата. Лично сметам дека наградата припаѓа не само на мене, туку и на целиот тим на Galeksia, кој работи посветено за беспрекорен квалитет на програмата и да им помогне на сите учесници да се стекнат со вештини и знаење од дигиталниот маркетинг. Ова признание е од големо значење за мене и ќе ме охрабри да постигнам уште позначајни резултати во работата.” – вели Теодора
Уште во 2019та беше избрана за една од најуспешните претприемачи во Европа од страна на U.S. State Department и World Chicago. Посветеноста на сопствениот професионален развој и развојот на вработените ѝ овозможи да се стекне со уште едно признание од светски рамки.
Galeksia е единствениот Институт за дигитален маркетинг кај нас, кој овозможува сертифицирани програми за дигитален маркетинг, акредитирани од реномираниот Digital Marketing Institute.
,,Нашата главна цел како единствен Институт за Дигитален Маркетинг во државата од самиот старт е да го подигнеме нивото на неформална едукација за дигитален маркетинг и да им овозможиме на нашите учесници да се стекнат со практични вештини за развој на нивната кариера.
Заедно со мојот тим активно и неуморно работиме на остварување на целта и на едуцирање на студентите во областа на дигиталниот маркетинг и усовршување на дигиталните вештини. Galeksia е прва и единствена компанија за дигитален маркетинг која овозможува сертифицирани обуки за стекнување на дигитални вештини и светски признат сертификат.
Нашите учесници го препознаваат квалитетот на програмата од DMI и вредноста на сертифицирана диплома во Македонија и надвор. Најмногу од сè ја препознаваат посветеноста на нашиот тим на ментори, кои се врвни професионалци во својата област и неуморно се вложуваат на секој час и надвор од него. Упорноста, посветената работа и јасната цел нè донесе до оваа значајна награда Elites Business Awards „Under 30.”
Според Теодора, клучот на успехот за сите оние кои сакаат да напредуваат е во посветената работа на својот развој, да бидеш постојано во тек со најновите промени и случувања, да инвестираш во стекнување на нови вештини.
„Ова признание уште повеќе нè мотивира да работиме на усовршување на искуството кoе го имаат учесниците на нашите програми и да им овозможиме на што повеќе поединци да го унапредат своето знаење во дигиталниот маркетинг. Со тоа се надеваме дека ќе го подигнеме стандардот во неформалната едукација за дигитален маркетинг кај нас и ќе им помогнеме на нашите студенти да бидат чекор поблиску до градење на светска кариера која ќе им го отвори патот до работа од соништата!”
Наградите Business Elite Awards „Under 30” се дел од канадско-американска групација Global Top Brands Awards и годинава беа доделени на гала-вечер организирана во Будимпешта. „Under 30” наградите се доделуваат секоја година и претставуваат мотивација за сите млади претприемачи и визионери да работат на личниот и професионален развој со цел да постигнат многубројни успеси во работата.
Ноемвриските уписи за DMI програмата се во тек!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!