Светски признатиот сертификат беше клучен фактор да ја изберам Galeksia

Ема Мицковска е студентка од септемвриската група на програмата Professional Diploma in Digital Marketing.  

 

Ема работи моментално како Digital Marketing Executive во Simplify ERP, но тоа не ја спречи дополнително да вложи во својот професионален напредок и развој во кариерaта.   Напротив, нејзината амбиција ја мотивира да освојува многу нови хоризонти во оваа област. 

 

Зошто Ема ја одбра токму Galeksia за да ги реализира своите цели и амбиции и што таа им порачува на сите што се двоумат дали да го направат овој чекор кој ќе ги води малку поблиску до кариера од соништата. Прочитај подолу!

 

 

1. Здраво Ема! Ти си студент од септемвриската група на програмата. Како би се опишала себеси накратко, која е Ема?

 

Здраво. Јас сум Ема, имам 24 години. Студирав Бизнис администрација” и по завршувањето на студиите го барав полето во кое сакам да го усовршам своето знаење. Започнав како практикант во Simplify ERP, и тука се пронајдов во сферата на дигиталниот маркетинг, каде решив да продолжам да се надоградувам.

 

2. Веќе имаш искуство во област на дигиталниот маркетинг, работиш моментално во Simplify ERP, но се запиша на програмата со цел да ја унапредиш својата кариера и дигиталните вештини, со што би достигнала уште поголеми успеси на професионален план. Како си задоволна од целокупното искуство на програмата?

 

Програмата на DMI потполно се вклопува со секојдневната моја работа, затоа што тука се опфатени сите области од дигиталниот маркетинг. Па така, правам паралела и сите нови tips and tricks гледам како е возможно да ги имплементирам во мојата работа. 

 

3. Можеш ли да ни опишеш како изгледа еден твој работен ден?  Што конкретно работиш, кои се твоите задачи?

 

Мојот работен ден започнува со огромна шоља на кафе. ☕Потоа проверка на мејловите и приоритизирање на тасковите за тој ден. Како community manager одговорна сум да направам план за дистрибуција на целиот content на social media, да привлечам релевантна публика на нашите профили и нашиот website. 

 

Работата во Simplify ERP се изведува на хибриден начин, па кога работиме од дома секогаш имаме виртуелни brainstorming состаноци со маркетинг тимот, што сметам дека е клучот за имплементацијата на успешна маркетинг стратегија.

 

4. Иако целите постојано ни се менуваат во различна фаза од животот, сепак кога ќе размислиш од моменталната перспектива, кои се твоите career goals? Дали изучувањето на програмата те поттикна да развиеш особен интерес за некоја конкретна област од маркетингот?

 

Изучувањето на оваа програма ми даде појасна слика кои се работи ги опфаќа дигиталниот маркетинг, и мило ми е што стекнав basic познавања во секоја од тие области. Сакам да продолжам подлабоко да ги изучувам секоја од нив, а себеси во иднина се гледам како Digital Marketing Strategist.

 

5. Заедно со уште шест студенти учествуваше во практичниот проект за компанијата Sara Fashion. Колку ти помогна ова искуство и според тебе колку е важен тој team work за да се изработи една успешна маркетинг кампања?

 

Моето digital маркетинг искуство се базира на работа за B2B компании, а во Sara Fashion имав можност да спремам content календар за B2C кампања. Сметам дека B2C маркетингот овозможува поголема слобода за разговорлив и интересен пристап на social media, и уживав додека ја изработував мојата задача.

 

Со сите останати девојки од тимот согледавме колку е важна тимската работа и дека интерен состанок со тимот е првото нешто што треба да се спроведе пред да се започне со работа.

 

6. Кажи ни, зошто баш Galeksia? Што е она што те привлече да се запишеш токму на Professional Diploma in Digital Marketing програмата? 

 

Глобално признатиот сертификат и тоа што програмата ја имаме достапна за изучување на англиски и македонски јазик, беа клучните фактори да ја изберам токму Galeksia.

 

7. Дали можеби твојот кариерен пат би го продолжила надвор од нашите граници?

 

Секако дека ДА! 

Сметам дека никој од нас не знае што му носи утрешниот ден и сè што можеме да замислиме, можеме и да го оствариме.

 

8. Надвор од маркетингот и работните обврски, како го поминуваш слободното време? Од каде ја црпиш енергијата, инспирацијата и креативноста?

 

Моето слободно време го поминувам со моето кутре Cloud и моите најблиски, кои се извор на инспирација и моја поддршка на сè што правам.

 

9. Ти веќе успешно ја градиш својата кариера како дигитален маркетер, како за крај каков совет би им дала на оние кои размислуваат да ја унапредат не само кариерата, туку и знаењето?

 

Унапредување на знаењето треба да биде причина број еден за запишување на било која програма, а напредокот во кариерата неминовно ќе следи.

 

Никогаш не застанувајте со учење на нови работи, истражувајте ги сите области кои ја будат креативноста во вас и ве исполнуваат додека ги работите, затоа што тоа е тајната на градењето на успешна кариера. 

 

 

 

Инспирирај се и ти од приказната на Ема и направи чекор напред во твојата кариера! Нема подобро време од сега да се стекнеш со дигитални вештини и да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг. Уписите сè уште се во тек. Пријави се денес!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче