Што работи еден content маркетер?

Content marketing е посебна дисциплина во digital marketing, која ја претставува врската помеѓу бизнисот и клиентите. Поради тоа, завзема клучна улога и не смее да се занемари.


Но што всушност претставува оваа релативно нова професија? Со кои проблематики се бави? Какви знаења и искуства ти требаат за да бидеш content маркетер?


По дефиниција, контент маркетер е оној дигитален маркетер којшто е одговорен за планирање, креирање и објавување на содржина. Со крајна цел, да се допре до поголем број на луѓе и да се создаде поголема публика од можни купувачи, додека пак веќе потенцијалните клиенти да се трансформираат во лојални потрошувачи.


Најважната цел на контент маркетерот е да изгради трајна врска со купувачите. Тоа се остварува преку едуцирање на публиката и градење на доверба со помош на содржина, со која потенцијалните клиенти ќе го спознаат и засакаат самиот бренд.


Видот на содржината која се објавува, зависи од индустријата за која е наменета. Неколку главни форми на содржина се: блог постови, објави на социјални медиуми, email и видео содржина. 

 

content marketing vo Galeksia


Content маркетингот претставува уметност во изразувањето. 


Содржините треба секогаш да се наменети за клиентот. Насочени кон тоа како да му помогнат, да му одговорат на прашањата и да му решат некој проблем на одреден начин. Во исто време треба да бидат забавни за читање, гледање и слушање. Информациите кои се користат треба да бидат вистинити, релевантни, да имаат вредност и да будат интеракција со публиката.


На крајот на денот, content маркетерот треба да ја “измери” ефикасноста од применетата стратегија, а резултатите да ги насочи во креирањето на следните стратегии на брендот. Но, дефинициите многу често не ни значат ништо ако не ги поткрепиме со повеќе примери. 


Содржината е неразделлив дел од сите дисциплини, па затоа контент маркетерот за да биде успешен мора да има одлично познавање од Social Media Marketing и SEO Marketing. Еден content маркетер во своето портфолио треба да има најразлични вештини. Двете најзначајни се да биде креативен раскажувач и одлично да анализира податоци. 


Storytelling


Успешноста на еден бренд, може да ја утврдите според тоа колку добра приказната “продава” на пазарот.

Добар content маркетер знае како да ги преточи целите на компанијата во добра приказна и како неа да ѝ ја пласира на публиката. Публиката мора прво да ве запознае и засака за да купи од вас. Без стекната препознатливост на самиот бренд и врска со купувачите, вие сте само уште една компанија.


Стратегија


Еден добар content маркетер ги разбира суштински идеалните клиенти на компанијата. Дел од неговите обврски е да создаде стратегија во која што ќе ги анализира тие идеални клиенти, нивниот пат до купувањето, но и нив како посебни индивидуи на демографски, психолошки и според начинот на кој се однесуваат.


Во секоја добра стратегија треба да бидат анализирани и конкурентите. Од нив може да се научи што се покажало како успешно, но и што тие веќе пробале, а не успеало кај публиката. 


Од сето ова треба да се извлече заклучок, не само за веќе пробаните механизми за пристап, туку и за тоа во која насока да се движи содржината која ја пласира компанијата. Оригиналноста е од огромно значење во ова време на лажни вести и се поконкурентен глобален пазар.


Креативно пишување


Еден контент маркетер мора да биде и одличен писател. Тој е одговорен за содржина на веб сајтови, блог постови, ebooks, инфографици, но и copywriting. 


Да, има разлика помеѓу content marketer и copywriter. Оваа честа забуна се создава поради методите користени во минатото во традиционалниот маркетинг. Во денешно време, во дигиталниот маркетинг, контент маркетерот е меѓудругото и copywriter.


Социјални мрежи


Поради огромната побарувачка и се побројните платформи, многу content маркетери се одлучуват да се специјализираа само за овој сегмент, но и доколку ја работите целокупната контент маркетинг стратегија, мора да сте со одлични познавање барем за две до три социјални мрежи, а другите да ви со на солидно ниво.


Еден contentмаркетер знае да препознае секаков тип на социјална мрежа, истата детално да ја анализира, а на брендот да му ги пласира само мрежите кои одговараат за конкретната индустрија. Тој знае каде е присутна публиката која е целна група на компанијата.


На пример Facebook е платформа со најголем број на корисници и претставува одлична можност за да се допре до огромна публика. Twitter е одлична платформа за промоција на нова актуелна содржина, бидејќи е со real-time концепт на прикажување на објавите. TikTok е најактуелна социјална мрежа во моментов, меѓутоа највеќе е користена од млада популација до 25 години.

Заклучок

Ако имате лидерски способности, желба за да создавате најразлични типови на содржина и одлична способност за пишување, тогаш кариерата во контент маркетингот е дефинитивно нешто за кое треба да размислите како возбудлива опција.


Повеќе за content marketing и за сите аспекти во работењето на еден content marketer можете да научите на програмите на Galeksia. 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче