Со сертификатот од Galeksia ние веќе сме ahead of the others

И покрај стекнатото знаење и факултетската диплома, Моника Каџибанова реши да ја продолжи својата едукација. Моника е амбициозен млад дигитален маркетер со голема желба за постојано учење и надоградување.

Денес ни открива повеќе детали околу тоа како програмата на Galeksia го надополни нејзиното формално образование, како ѝ помогна во личниот и професионалниот развој и како да ги совладаш предизвиците со кои ќе се соочиш во текот на учењето.

Прочитај го интервјуто со Моника и започни ја својата кариерна трансформација со Galeksia!





1. Од неодамна се стекна со глобално признат сертификат со изучување на програмата Professional Diploma in Digital Marketing. Какво беше твоето искуство со програмата и полагањето на испитот?   



Искуството беше одлично. Менторите беа максимално посветени во предавањето на материјалот и немаа проблем дури да застанат на некој дел кој не беше јасен и имаа целосно разбирање за нас. Ни помогнаа на сите да научиме, без разлика дали имавме претходно искуство со дигитален маркетинг или не. Со нивна помош и посветеност на материјалот од наша страна, испитот беше само формалност. 🙂 



2. Како студент на Економскиот факултет во одделот на е-бизнис, како изучувањето на програмата на Galeksia ти помогна да ја прошириш твојата формална едукација?



Со оглед на тоа што учам на смер што е поврзан со дигитален маркетинг, програмата многу ми помогна во спојувањето на формалното со неформалното образование. Материјата веќе ми беше позната и сè изгледаше многу лесно. 🙂 



3. Кои се твоите очекувања по завршувањето на образованието, како сметаш дека светски признатиот сертификат може да ти ги отвори вратите во иднина?



Кога ќе ја спојам дипломата од факултет со сертификатот од Galeksia, со малку пракса сметам дека ќе бидам спремна да влезам во светот на дигиталниот маркетинг и бизнисот и одлично да се покажам со своето знаење и искуство што го поседувам.



4. Кој дел од програмата Professional Diploma in Digital Marketing ти беше најинтересен и во кој дел најмногу се пронаоѓаш доколку станува збор за твоја идна професија?



Ова е малку деликатно прашање бидејќи секој модул што го поминавме има нешто што те привлекува да учиш повеќе и повеќе за истиот. Но, ако морам да одвојам тоа би било PPC и Social Media.



5. Како изучувањето на оваа програма ти помогна во твојот личен развој и професионални планови за во иднина?



Програмата те учи на сите опции што постојат во дигиталниот маркетинг, а ние одлучуваме кон која ќе се насочиме. Со самиот сертификат што го добивме ние веќе сме ahead of the others. 😃



6. Кој е еден од најголемите предизвици со коишто се соочи во текот на траењето на часовите и спремањето за испит, како го совлада и кој би бил твојот совет на сите оние кои што се плашат од целокупниот интензитет на програмата?



Доколку си личност којашто гледа за 5 години од сега, имаш амбиции и желба за самоостварување, сега ти е вистинското време да се запишеш на програмата. А, предизвиците и интензитетот ќе ти бидат уживање. 🙂



7. Кои се бенефитите од учењето на Galeksia кои ти беа најважни како иден дигитален маркетер? 



Ме научи на team work преку работата на проектот со Bozinovski. Исто така да се прилагодуваме и да бидеме open minded на константните промени во оваа работа.







Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче