Со групата формиравме community каде секој учи од секого

Сара Пупалевска е дел од февруарската група на CDMP во Galeksia. За себе смета дека е оптимист, исклучително креативна и максимално посветена на секој предизвик со кој се соочува. Сара е доктор по дентална медицина и е пример за тоа дека дигиталниот маркетинг е, и треба да е, застапен во секоја една сфера и индустрија.


Навлегувањето во областа од дигиталниот маркетинг за неа претставува персонално и кариерно надополнување, како и искористување на можноста да го преточи својот креативен потенцијал во активности кои даваат резултати.


Прочитајте го блог постот подолу да дознаете како некој со background во стоматологија се снаоѓа во дигиталниот свет, како е да се работи за две големи фирми во Македонија и кои се очекувањата на Сара по завршувањето на програмата!  




Запиши се!





1. Она што е интересно за тебе е дека доаѓаш од областа на медицината, односно си доктор по дентална медицина. Како се вклопи дигиталниот маркетинг во твојата приказна?   



Дигиталиот маркетинг секогаш беше дел од мојата приказна, но никогаш немаше главна улога. До сега немав време кога да му посветам доволно внимание, но заради пандемијата и моите скратени часови на стажирање – ми се даде прилика која едноставно не можев да си дозволам да ја пропуштам.



Имав желба да откријам што можам да направам со мојот креативен потенцијал и во што можам да го преточам и сакав да се стекнам со вештини кои ќе ми помогнат во иднина да водам било каков бизнис. Изучувањето на дигиталниот маркетинг е перфектна егзекуција на исполнување на моите желби. 



2. Зошто се одлучи за кариерна промена од стоматологија во дигитален маркетинг?



Јас лично не би го нарекла мојот потег за дополнителна едукација во digital кариерна промена, туку би го нарекла персонално и кариерно надополнување. Сакале или не, факт е дека живееме во време каде без digital односно online присуство не може да опстои, просперира и расте ниту еден бизнис од било која индустрија или сфера. Силно верувам дека секоја индивидуа во денешницата треба да акумулира одредено ниво на едукација за дигиталниот свет на било кој начин. Мојот начин е Galeksia заедно со DMI.



3. Кои беа предизвиците со кои се соочи во процесот? Дали имаше одредени несигурности околу навлегувањето во нова сфера?



Како личност што се труди да биде најискрена пред себе и пред другите, се радував на предизвиците. Можеби затоа што секој предизвик го перцепирав само како дополнителна шанса за раст. Парцијално ова се должи на нашите out-of-this-world прекрасни и трпеливи ментори кои ни стојат нас студентите на располагање 24/7 и имаат вистинска желба да ни го пренесат нивното знаење.



Од другата страна, мојот mindset од самиот почеток беше да научам колку што можам повеќе и при било којја ситуација која делува безизлезна да се присетам себеси – ‘’when there is a will there’s a way’’. Било кој процес на стекнување на нови знаење ќе биде smooth sailing доколку си комплетно посветна личност и личност која нема страв од неуспех или правње грешки.  



4. Дел си од групата во февруари. Како се снаоѓаш во средина и област која е нова за тебе?



Благодарение на тимот на Galeksia и the big and warm welcome into both the community and the Academy многу лесно. Имам чест да сум дел од интернационална група која е многу креативна и иновативна и ниту во еден момент не се почуствував out of place. Моите колеги се многу open minded и дружељубиви индивидуи и поголемиот дел од нив веќе професионално се занимаваат со некоја област од digital, така да природно се формира едно мало community каде дополнително секој учи од секого. 



5. По природа си креативна и комуникативна, и сакаш да креираш содржини за Instagram. Дали најмногу се пронајде во модулот Social Media или некоја друга твоја особина исплива на површина?



Иако и Social Media i Content модулите ми се во срцето, морам да признаам дека позитивно бев изненадена од фактот дека по аналитичките модули како SEO и Google analytics ми станаа едни од поомилените. Мислам дека тоа е така зошто без разлика колку и да се добри креативите или контентот не можат да функционираат како што треба и да ги дадат потребните резултати без добро планирање и оптимизација на истите.



6. За кратко ќе почнеш со работа на реален проект за Bonatti. Какви се твоите очекувања и какви бенефити сметаш дека ќе ти донесе овој проект?



Како и проектот со Авалон, од работата на реалниот проект за Bonatti очекувам да стекнам незаменливо практично знаење и искуство што најверојатно не би го добила никако освен преку Galeksia. Многу сум среќна што имав шанса да работам за два изворедни македонски брендови, во различни обласи од дигиталниот маркетинг. Ваквите проекти имаат за цел да ги извадат помошните тркала на велосипедот и да те научат како успешно да возиш низ улици, односно да те припремат за реалниот свет. И за мене баш тоа и го направија.



Конкретно за проектот за Bonatti едвај чекам да почне да се спроведува дигиталната стратегија на која сеуште работи тимот од кој сум и јас дел. Не сакам да откривам ништо пред време, освен фактот дека најтешката работа секогаш дава најсладок плод.



7. Што се твоите планови по завршувањето на програмата? Како реално планираш да го употребиш наученото за твој кариерен раст?



Многу луѓе имаат грешна перцепција на тоа што се дигиталниот маркетинг учи.  Не е се само познавање и искористување на платформи и алатки. Според мене, не учи како добро да истражуваме, формираме цели и да ги исполниме истите. Не учи на механизми како да стигнеме до посакуваниот успех најлесно и како да го задржиме истиот. Ќе го искорирам стекнатото знаење како дополнителна мотивација за стекнување на плус знаења, а што носи иднината конкретно времето ќе покаже.







Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче