Нашите студенти се од најразлчини индустрии и со различно ниво на познавање на дигиталниот маркетинг пред да почнат да ја учат програмата.
Еден од студентите кој успешно ја заврши прогамата за Certified Digital Marketing Professional и веќе го применува знаењето е Мартин Костадиновски. Тој е млад и амбициозен сопственик на агенција за дигитален маркетинг, кој решил да се надогради и да напредува со својот бизнис.
Неколку месеци по стекнувањето на сертификат, разговаравме со него за реалната промена во своето секојдневно работење после Galeksia.
1. Како би го опишал работниот ден на еден сопственик на дигитална маркетинг агенција?
Дефинитивно многу динамично. Особено во последниот период откако започна пандемијата со Ковид-19 бидејќи се поголем дел од активностите се префрлија онлајн и на дигиталните канали. Со оглед на тоа што главниот приоритет е да се задоволат потребите на клиените, денот започнува со редовна комуникација со нив и разгледување на активностите и плановите кои што се направени. Потоа веќе започнува да се работи на тие активности. Тука спаѓа голем дел поминат пред компјутер, дел од денот е физички или онлајн состаноци. Едноставно секој ден е приказна за себе.
2. Која беше главната причина која кулминираше со твоето запишување на Galeksia?
Во текот на работењето се соочував со разни барања за клиентите за кои што не бев доволно запознаен. Покрај тие барања во одредени период имав и проблем со менаџирањето на активностите во областа на дигиталниот маркетинг што доведе до тоа да одлучам дека треба да го надоградам своето знаење. Пребарував на повеќе места, но на крајот се одлучив за Galeksia од причина што нудеа изучување на најважните области од дигитален маркетинг преку програма направена од врвни светски експерти и програма која е признаена интернационално. Кога веќе подобро ги запознав менторите од тимот на Galeksia, сфатив дека сум направил правилна одлука.
3. Како изучувањето на Professional Diploma in Digital Marketing програмата му помогна на твојот бизнис?
Искрено да признам завршувањето на Galeksia многу ми го промени начинот на работење и размислување за дигиталниот маркетинг. Започнав да размислувам многу критички и подетално за работите со кои секојдневно се соочував. Со самото тоа почуствував поголема самодоверба во извршувањето на обврските за клиените. Ако ја споредам мојата работа пред и после завршувањето на програмата на Galeksia, се забележува разлика и тоа доста голема. За некои активности од дигиталниот маркетинг го пронајдовме начинот како побрзо да дојдеме до резултатите и со тоа скративме на време и ја зголемивме успешноста и продуктивноста.
4. Како дигитален маркетер со свој сопствен бизнис, каков совет би им дал на сите кои што сакаат да бидат претприемачи и детално да се запознаат со светот на дигиталниот маркетинг?
Како што кажав и претходно, дигиталниот маркетинг е доста динамична област и потребно е труд и доста детално истражување и тестирање. Најдобрата работа е што секојдневно се соочувате со различен контент, продукти и услуги и едноставно никогаш не е досадно. Како најдобар совет кој што би го дал е да имаат трпение, да бидат истрајни во процесот на реализација на идеите и постојано да размислуваат. Фокусот да им биде примарна цел.
5. Какво е твоето целокупно искуство од Galeksia, што е она што би го споделил со сите наши идни студенти?
Според мене обуката на Galeksia е правилен избор за секој што сака да се занимава со дигитален маркетинг, без разлика дали имаат или немаат познавања од оваа област. На моменти темпото на изучување на програмата може да биде напорно и помалку стресно, но ако детално влезете во процесот ќе почуствувате веднаш напредок. Би ја издвоил и огромната помош од менторите кои што се достапни 24/7 за време на часовите и учењето и кои што барем јас лично и по завршувањето на академијата знам да бидам „досаден“ и да ги прашам за некој совет за некоја работа која што не ми е јасна. Секогаш ми излегувале во пресрет.
6. Како искуствата од преточеното знаење на Galeksia ти помогнаа да го промениш погледот кон дигиталниот маркетинг и да направиш позитивни промени при работењето?
Како што кажав и претходно, најпрво го променив начинот на работа, ми помогна да станам поорганизиран преку корисните алатки за дигитален маркетинг, полесно да ги препознаам барањата на клиентите и да возвратам на истите.
7. Што е она што треба да го знае секој дигитален маркетер, особено доколку сака да создаде успешна комуникација со своите клиенти?
Прва и основна работа е да го знае целокупниот процес. Односно да ја има големата слика во главата за дигитален маркетинг. Потоа да знае да ги ислуша клиените и да ги разбира нивните барања. Сето тоа да може да го напише многу едноставно, и да види која од обласите во дигитален маркетинг најмногу ќе му помогне да го направи она што клиентите го бараат. Како најважно нешто е постојаното истражување и тестирање.
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!