Со Galeksia го унапредив и усовршив своето знаење

Кристина е креативец, амбициозен дигитален маркетер, беше дел од нашата програма за Professional Diploma in Digital Marketing, а сега е и се сертифициран член на DMI светското семејство на лидери во индустријата.

За неа оваа програма беше откочна даска за уште поголеми достигнувања, можност за надоградба и кариерен раст. За нејзиното искуство со Galeksia, советот кој има да им го даде на сите што сакаат да работат freelance, ама немаат сертификати и нејзината секојдневна мотивација прочитајте од интервјуто во продолжение!



1. Како дел од Портрет магазин односно Portret.digital како го применуваш стекнатото знаење од програмата Professional Diploma in Digital Marketing?

Иако имав претходно знаење на полето (барем за оној дел од дигиталниот маркетинг кој активно сум го користела на работното место) сепак имав неколку „дупки“ во знаењето бидејќи учев сама, а кога учиш сам најчесто го учиш тоа што ти треба во моментот и доаѓаш до ситуација да имаш селективно знаење… 80% од ова, 30% од она…

Конкретно оваа програма ми помогна да се стекнам со квалитетна основа од различни полиња на дигитален маркетинг, да го унапредам тоа што веќе го знаев и слободно можам да кажам дека препознав поголеми можности за развивање и подобрување на бизнисот. Дел од нив веќе ги применуваме на социјалните медиуми, а направивме и неколку промени во начинот на пласирање на содржината бидејќи има голема разлика помеѓу читател на содржина онлајн и читател на магазин во печатена форма. Уште не сме примениле се што може да се примени бидејќи за покомплицираните промени треба време и тестирање, но активно работиме на случајот.



2. Како би го опишала твојот креативен процес?

Најчесто гледам видеа од се можно што може да ме инспирира, а што е поврзано со темата, читам содржини, пребарувам по стари и нови странски списанија кои ги следам и почитувам, барам колку што е можно повеќе информации и размислувам што може да се направи подобро. Кога ќе стигнам до тука најчесто веќе имам неколку идеи од кои ги селектирам подобрите, односно оние кои повеќе одговараат на дадената задача. Оние идеи кои отпаѓаат во прв круг односно тие што не се многу применливи за во моментот – ги чувам за понатака во случај на некој да му притреба похрабра идеја.

Овој процес најчесто ми трае ден – два, но секако се случува и да ми требаат повеќе денови.



3. Кои се вештините со кои се стекна на Galeksia кои најмногу ти помогнаа на професионален план?

Накратко, менторите, но и самиот материјал ми помогнаа да ги одзумирам работите и побистро да ја гледам поголемата слика за различен тип на бизниси, односно подобро да проценам што е применливо, што не е применливо и на крај што е примелниво ама неисплатливо за одредени бизниси.



4. Што е она што според тебе ја прави дигиталната маркетинг индустрија една од најбрзорастечките и најбараните на пазарот?

Дигиталната маркетинг индустрија има земено замав од поодамна, меѓутоа не е новост дека најголемиот чекор, да не речам троскок го направи за време на пандемијата. Многу компании беа соочени со огромни загуби во работењето и навистина беа во небрано, па дел од нив го побараа решението онлајн, односно вложија голем дел од ресурсите за целосно пренасучување или адаптирање на продажбата на онлајн платформи. Кај некои оваа стратегија вроди со плод, додека некои компании не видоа веднаш резултати, но затоа сега играат многу попаметно и размислуваат како да се подобрат во таа насока.



5. Што е она што секојдневно те мотивира и ти помага да ги оствариш твоите цели на професионален план?

Најмногу ме мотивираат читателите и соговорниците во магазинот кои меѓу себе се многу тесно поврзани. Задоволство ми е кога на читателите им се допаѓа и ја ценат содржината што ја работиме и на Портрет гледаат како на списание со трајна вредност. А кога сме кај соговорниците, во изминативе 5-6 години сме имале толку многу инспиративни луѓе кои сме ги интерјвуирале што ми причинува огромна чест да сум дел од медиум кој вистински поддржува квалитетни локални луѓе и им дава простор креативно да се изразат. Сето ова постојано ме мотивира да размислувам како на подобар начин да ја пренесеме до читателите секоја една приказна вредна за споделување.



6. Како сметаш дека стекнувањето со светски признат сертификат може да ти помогне во напредок на кариерата?

Сертификатот е уште една потврда за наученото која им дава поголема доверба на клиентите дека тоа што го работиш е исправно и мислам дека може на секого да му користи особено на оние кои сакаат да работат freelance или аплицираат некаде за работа. Практично имаш уште една карта во процесот на преговарање што оди во твој прилог секако.



7. Изучувањето на пограмата бара посветеност и труд, какво беше твоето искуство и како се соочи со сите предизвици?

Искрено не очекував дека ќе биде толку интензивно, можеби поради тоа што се запишав еден ден пред да почне академијата и немав разгледано многу во детали како ќе се одвива се, но со сигурност можам да кажам и јас и сите околу мене дека бара многу сериозна посветеност, многу вложено време и секако доста е понапорно ако работиш паралелно додека си запишан на академијата. 

А како се соочив со предизвикот? Го знаете мемето I work very well under pressure? Тоа со мачката. Епа така некако и јас. 🙂





8. Која е твојата порака до студентите кои би сакале да успеат во полето на дигитален маркетинг? Што е она што треба да го поседува секој дигитален маркетер?

Според мене секој кој се занимава со дигитален, но и традиционален маркетинг најбитно е да ја познава таргет групата и пазарот на којшто работи. Сметам дека секое вложување за подобро запознавање на овие две работи е вредно и може на компанијата да и даде значајни информации за тоа во која насока треба да се развива продуктот. Така што, за некој да биде успешен треба постојано да биде во тек и да одговара на потребите на потрошувачите кои некогаш се менуваат многу брзо.



Учи и надогради се со Galeksia! Биди успешен професионалец конкурентен на светскиот пазар. Запиши се тука.



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче