Galeksia ме доближи кон исполнување на моите цели

Моника е една од нашите најмлади студентки кои успешно ја завршија маркетинг програмата на Galeksia. Таа е позитивна и креативна личност која доста долго време ја негува љубовта кон дигиталниот маркетинг, при што одлучува да се запише на програмата Professional Diploma in Digital Marketing.


За време на програмата Моника имаше можност да креира маркетинг решенија за еден од нашите learning partners CRUX. Благодарение на успешно завршената програма и практичната примена на стекнатите знаења, Моника успешно ја реализираше својата цел да започне кариера во дигиталниот маркетинг. Веќе е дел од тимот практиканти на успешна маркетинг агенција TheMonday!


Прочитај повеќе за нејзиното искуство со Galeksia во блог постот подолу.




Запиши се!





1. Здраво Моника. Ти си една од најмладите студенти кои се дел од Galeksia. Како ти се роди љубовта кон дигиталниот маркетинг?   



Здраво, здраво и од мене! Дигиталниот маркетинг доста долго време ми звучеше како една интересна и креативна област. Често пати се затекнував себеси како разгледувам најразлични реклами и едноставно размислував како тоа би можело уште подобро да изгледа. Па, секако следен чекор ми беше упис на програмата за Дигитален Маркетинг на Galeksia што дефинитивно беше во правото време.



2. Кој модул од DMI платформата ти беше најинтересен? Во која област најмногу се пронајде?



Најмногу се пронајдов во Content Marketing и Social Media Marketing! 



3. Дали имаше некој предизвик при изучување на DMI програмата? За што најмногу ги „замараше“ менторите? 🙂



Мислам дека модулот PPC with Google Ads ми беше најпредизвикувачки. Додека ги пишував домашните доста пати и се консултирав со менторот којшто многу ми помогна.



4. Како се подготвуваш за завршниот испит? Дали имаш некои “learning hacks” за полесно совладување на материјалот?



Супер оди подготовката со оглед на тоа што имаме повеќе време и простор да се организираме. За полесно да го совладам целиот материјал многу ми помага кога паралелно ги преслушувам часовите додека учам и од транскриптата.



5. Што можеш да ни кажеш за твоето искуство при практичната работа во тимот на нашиот learning partner CRUX?



Одлично искуство! Леле ептен ми е мило што ја прифатив практичната работа и ги советувам сите истото да го сторат. Плус, како дополнителна позитивна страна е што ми се погоди CRUX кои што се ептен креативни и одлични во тоа што го прават.



6. Како ресурсите од DMI платформата ти помогнаа при изготвување блог содржини за практичниот проект? Кои tips & tricks од модулот за Content Marketing ги примени? 



Започнав со тоа што се ставив на местото на потрошувач. Што мене би ме интересирало да читам во врска со одредената индустрија. За да се изготви одлична блог содржина треба добро познавање на својата публика. Да се увиди што добро перформира и да се движи во тој правец. И секако always keep a fresh mind за нови идеи.



7. Работеше и на email content calendar за проектот на Crux. Според тебе колку и зошто е важен email маркетингот во светот на дигиталниот маркетинг?



Email маркетинг ти дава можност директно да комуницираш со твојата публика. А доколку се погоди начинот на комуникација и времето во кое се праќаат самите мејлови и тоа како ќе вроди со плод. Дефинитивно е опција која што секоја компанија треба сериозно да ја разгледа.



8. Content marketing или social media marketing? Кога би можела да бираш што повеќе сакаш да работиш во кариерата, што попрво би одбрала?



Ух, леле, very very hard question! Јас би рекла дека двете се поврзани и се совршена комбинација за секој креативен човек. Така што во овој случај, двете!



9. Веќе си дел од тимот на агенцијата TheMonday од Скопје, што нè прави особено среќни за тебе 🙂 Како планираш да ги примениш вештините стекнати од Galeksia на твоето ново работно место?



Thank you Galeksia! Стекнатите вештините веќе ги применувам во полн ек и сум многу среќна поради тоа.



10. На твоето CV наскоро ќе заблеска сертификатот од DMI. 🙂 Какви се твоите професионални планови откако ќе го положиш испитот? Дали Galeksia успеа да те доближи чекор поблиску до остварување на твоите цели?



Galeksia дефинитивно ме доближи и ме охрабри кон исполнување на моите цели. Но, желбата за уште поголеми достигнувања расте, а сертификатот од DMI е совршениот поттик за тоа.







Моника е само една од многуте амбициозни студенти на Galeksia кои со помошта од нашите ментори успеваат да ги реализираат своите цели работејќи во една од највозбудливите индустрии – дигиталниот маркетинг.



Доколку и ти сакаш да вложиш во својот професионален раст како Моника, тогаш Galeksia е твојот правилен избор. Не пропуштај ја можноста да се запишеш на некоја од маркетинг програмите на Galeksia, уште денес!









Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче