Секој модул на CDMP се надоврзува на тоа што го работам

Јасмина, една од учесниците на програмата за Certified Digital Marketing Professional, одвои малку време од нејзиниот динамичен распоред за да поразговара со нас за својата спрецифична работа и за тоа како знаењето стекнато во Galeksia до сега ѝ помогна практично.


Како психолог, дигиталниот маркетинг го гледа од аспект на индивидуалниот печат кој го остава секој поединец онлајн, а после завршувањето на програмата сака да ги примени новите знаења и вештини во нејзината работа.


Тимот на Galeksia го опишува како професионален, достапен и посветен. Епитети на кои сме многу горди.


1. Кажи ни нешто за себе? Која е Јасмина и како би се опишала себеси со три збора? 


Истражувач, авантурист, креативец.


33 години, психолог во истражувачка дејност и психотерапевт. Ја сакам работата и ми е важно постојано да растам и да се надоградувам во секојдневните задачи.


Планинарењето, возењето велосипед и истражувањето на нови места, се просторот и времето кое ми го даваат личниот раст и развој.

Јасмина на авантура со својот велосипед.


2. Ти си психолог по професија, работиш како истражувач и психотерапевт. Тоа е многу интересна и моќна комбинација. 🙂
Како се појави интересот за дигиталниот маркетинг кај тебе? Kако се надополнува со овие две полиња?


Најпрвин би ги поврзала истражувањето и психотерапијата – едното се занимава со луѓето во еден поширок контекст, обидувајќи се да го разбере нивното мислење, ставови, однесувања во однос на одредени теми од интерес ставајќи ги во однос со нивните заеднички карактеристики (род, возраст, професија, место на живеење). 


Психотерапијата исто со занимава со луѓето, но во потесни граници, со нивните интимни светови, отпори и можности. И во двете ситуации е најважно да знаете што сакате да добиете, оттука поставувањето релевантни и валидни прашања е многу важно. 


Земајќи предвид дека и личниот и општествениот живот во голема мера се префрлени во онлајн просторот, дигиталниот маркетинг повторно, преку сите свои алатки го истражува онлајн однесувањето на човекот. Носејќи претпоставки за неговото идно однесување, гради цели и содржини на основа на овие претпоставки. 


Тука ја видов креативноста во пристапот, разбирањето на луѓето и индивидуата и важноста на прашањата кои ги поставуваме. Сите три во фокус го имаат човекот, обидувајќи се да го разберат, притоа земајќи ги предвид сите варијабли кои влијаат на него во даден момент. 


3. Компанијата во која што работиш, М-Проспект, се бави со општествено-економски истражувања. Кој аспект од дигиталниот маркетинг сметаш дека е најкорисен во пракса за оваа индустрија?


Двете дејности сметам дека се преплетуваат и се дополнуваат за подобро собирање податоци, мерење, интерпретирање и хипотетизирање.


Дигиталниот маркетинг овозможува да ги запознаеме луѓето преку набљудување и мерење на нивното онлајн однесување, што во истражувачката дејност ќе ја збогати сликата добиена преку традиционалните методи – анкети. Дигиталниот маркетинг дополнително е просторот понатаму да тестираме дали тоа што го знаеме и предвидуваме е така. 


4. Веќе заеднички поминавме половина од материјалот за Certified Digital Marketing Professional. Кои досегашни теми би ги издвоила како најкорисни и со најголема вредност за тебе и специфичната дејност со која се бавиш?


Од сè што поминавме сметам дека секој модул на дигиталниот маркетинг некако се надоврзува на тоа што го работам. Би го издвоила content marketing, како корисен во фазата откако се собрани податоците.


5. Како психолог, како би им го опишала модулот за Content Marketing на почетниците во областа на дигиталниот маркетинг?


Преку создавање и раскажување приказни, човекот гради целина за својот живот и светот во кој живее. Content Marketing нè учи како да ја слушаме приказната на својата публика, да го разбереме профилот на своите сегашни и потенцијални корисници/купувачи и понатаму да креираме содржина која ја надополнува нивната приказна. Содржината која ја поддржува приказната која ја раскажуваат луѓето за себе и светот секогаш ќе го привлече и задржи нивното внимание. 

 

Возењето велосипед и истражувањето на нови места и овозможуваат личен раст раст и развој на Јасмина.


6. Кој совет или ново знаење веќе го имплементираше во практичното работење?


За почеток сакав да го проучам контекстот во кој опстојува М-Проспект, па се насочив кон анализа на пазарот на агенции за истражување, кај нас и во регионот.


7. Зошто ја одбра токму програмата на Galeksia и како нас би не опишала со три збора? 🙂


Одлуката ми беше спонтана, најверојатно добриот маркетинг го направи своето. 🙂 Во фаза на разгледување опции за вакви курсеви, се појави Galeksia која ми се виде интересна со својот тим, програмата и можноста за добивање признаен сертификат.


Тимот на Galeksia е – професионален, достапен и посветен! Спремен да пренесе знаење и искуство. 


8. Кои се твоите професионални планови после добивање на сертификатот од Pearson Vue? Како планираш да го имплементираш ова ново знаење?


Би сакала да продолжам да учам, можеби со веќе изградена слика кој модул најмногу ме интересира, истиот да продолжам да го проучувам. Знаењето сакам да го имплементирам и на работното место, промовирајќи ја компанијата, зголемувајќи ги алатките кои ги нудиме и користиме, давајќи поквалитетни продукти на клиентите. Би размислила како може да се користат нештата тука научени и во психотерапијата.


9. Што би ги посоветувала колегите што се бават со истражувачката дејност, зошто да почнат да учат дигитален маркетинг?


За да бидат во чекор со времето, да го користат тоа што дигиталните алатки нудат. Да не забораваат дека луѓето се дел и од онлајн просторот кој што изобилува со информации за нивното однесување, преференции, ставови и расположенија.

 


Пријавете се и вие
! Станете дел од семејството на Digital Marketing Institute кое брои повеќе од 58 илјади алумни членови. Учете од професионалци со долгогодишно искуство, по програма креирана од најголемите светски компании.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче