Сакам креативна и просперитетна професија како дигитален маркетер

Денес се дружиме со Наташа Сребренова Милески која учи на Galeksia директно од Швајцарија! Кога станува збор за онлајн едукација, можноста да се учи од секое едно место во светот е дефинитивно најголемата предност.


Наташа по професија е дипломиран економист, но во потрага по попросперитетна, а истовремено креативна професија решава да се едуцира во областа на дигиталниот маркетинг.


Каков е животот во Швајцарија, колкава е побарувачката за дигитални маркетери, зошто одлучи да учи на Galeksia и какво ѝ е досегашното искуство на Наташа со програмата, прочитај во интервјуто подолу!  




Запиши се!





1. По професија си дипломиран економист, но реши да се надоградиш како дигитален маркетер. Од каде желбата за дигитален маркетинг?   



Самата промена на местото на живеење ме наведе и на некој вид на кариерна промена. Сакав да се усовршам во област што делумно е и дел од мојата професија, а таа област да биде од креативен карактер, да ми причинува задоволство и нормално да биде барана и просперитетна. Дигитален маркетинг дефинитвно беше вистинскиот избор.  



2. Моментално живееш во Швајцарија. Што е она што ти остава најголем впечаток од животот таму?



Би ги издвоила сообраќајната култура, „швајцарската точност“ и културниот диверзитет. 



3. Колку е развиено неформалното образование во областа на дигиталниот маркетинг во Швајцарија?



Јас искрено се изненадив од тоа колку многу значење се дава на дигиталниот маркетинг тука. Аналогно на тоа и понудата на курсеви и академии од ваков тип е доста застапена. Посебно се цени инвестирањето во неформално образование и желбата за кариерен напредок.



4. Доколку ги споредиш Македонија и Швајцарија, каде е поголем интересот за учење дигитален маркетинг?



Морам да признаам дека во Швајцарија е поголем интересот, посебно за вакви нови науки кои пред сè, се резултат на технолошкиот развој. Некои области кои за жал во Македонија не се доволно развиени (ќе го земам Goodle Analytics за пример), тука совршено функционираат и се практикуваат и се дел од скоро секоја успешна компанија. Исто така и побарувачката за работна сила од оваа област е значително висока.



5. Една од причините зошто ја одбра Galeksia е светски признаениот сертификат. Од каква важност е ова за тебе?



Дефинитивно од значителна важност. Сертификатот е писмен евалуатор на стекнатото знаење и сметам дека со поседување на истиот вратите ни се отворени секаде во светот.



6. Бидејќи немаш предзнаење за дигитален маркетинг, како се прилагодуваш на темпото на наставата и програмата?



Морам да признаам дека на почетокот ми беше малку понапорно со оглед на тоа што немав апсолутно никакви предзнаења од областа на дигиталниот маркетинг, ми требаше време за да „влезам“ во самата терминологија прво. Меѓутоа со тек на време лесно се адаптирав и благодарение на несебичната поддршка на менторите,  а и на самата програма која е совршено адаптирана, сега веќе немам никаков проблем и максимално уживам во целото ова искуство. 



7. Во моментов работиш на практичен проект за Bella. Кој дел од дигиталната маркетинг стратегија го разработуваш?



Мојата задача во проектот за Bella е креирање на емаил маркетинг кампања со предлози за изглед, фреквенција, совети за успешност. Целта на е-маил кампањата ќе биде промоција на нови линии на производи од Bella наменети за помлада публика, од 25 до 35 години.



8. Колку сметаш дека е корисно покрај предавањата да се работи и на практичен проект?



Всушност, можноста за работење на практичен реален проект беше и една од клучните фактори зошто ја одбрав токму Галексиа. Сметам дека теоретското знаење de facto треба да биде пропратено и со практично знаење со цел постигнување на најдобри резултати.





Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче