Работа на реален проект – додадена вредност или само добра реклама?

Има ли подобар начин да го преточиш целото стекнато знаење од програмите на Galeksia, од работа на реален проект за успешна компанија?

Нашата цел е практично да те подготвиме за пазарот на труд и со таа цел соработуваме со најуспешните компании кај нас, Learning Partners кои се лидери во својата област.

Дигиталниот Маркетинг има влијание во секоја сфера и секој бизнис па затоа компаниите сѐ повеќе прифаќаат вакви соработки.

Продолжи да читаш ако сакаш да дознаеш какви сѐ можности ти дава соработката со нашите партнери!

Што значи „Learning Partner”?

Програмата за Professional Diploma in Digital Marketing на Galeksia ти овозможува да влезеш во светот на дигиталниот маркетинг преку учење од детална програма и темелен материјал. Но, за да можеш да си подготвен/а практично да ги користиш твоите знаења треба да имаш прилика истите практично да ги примениш.

Освен што сакаме да ти помогнеме во твојата дигитална трансформација, сакаме и да те подготвиме да ја најдеш твојата dream job. Компаниите партнери, кои се дел од програмата, се лидери во својата дејност, иновативни и future-oriented. Компании кои постојано се развиваат и се отворени за соработка со креативни и луѓе со идеи како тебе. Она што е особено важно е реалниот feedback кој ќе го добиеш од нив, а кој ќе ти помогне во твоето постојано усовршување.

Дел од нашите соработки на кои сме особено горди се соработките со: Neptun, Halkbank, Avalon, Bonatti, Matica, Popova Kula Winery.


”Авалон Продукција отсекогаш била отворена за соработка со компании од кои двете страни би имале голем и ефективен бенефит. Многу ни е драго што ќе соработуваме со Galeksia, која активно ги следи светските трендови во светот на дигиталниот маркетинг, има тим кој е составен од врвни професионалци и сето нивно знаење им го сервира на студентите за да се стекнат со светски признат сертификат ”


– Ивана, Авалон Продукција


Кои се бенефициите од работата на реални проекти?

Фокусот на реалните проекти ти дава приближување до нешто што е опипливо и практично применливо. Ова е можност стекнатите знаења и вештини да ги преточиш во практична работа на реален проект. Ќе имаш прилика да видиш што значи план и стратегија за еден проект и како изгледа работата од почеток до крај.

Feedback-от што ќе го добиеш од компанијата заедно со групната работа со колегите и споделувањето на идеи, ќе ти помогнат да ги продлабочиш твоите вештини. Секој предизвик со кој ќе се соочиш ќе ги разбуди твојата креативност и критичко размислување за тоа како најбрзо и најдобро да се пристапи кон негово решавање.

Практичната работа на реален проект ќе ти го даде потребниот confidence boost. Ќе бидеш сигурен во себе дека навистина имаш знаења и знаеш како да ги искористиш.

Збогатено портфолио

Во денешниот динамичен и конкурентен свет, секој се обидува да најде начин позитивно да се истакне на пазарот на труд. Збогатувањето на твоето CV и портфолио со работата на реален проект ќе ти помогне да се одвојуваш од толпата. Ќе бидеш посамоуверен/а и сигурен/на во себе за знаењата и вештините кои ги поседуваш. Тоа ќе ти помогне полесно „да се продадеш“ пред работодавците.

Ова е особено важно за оние кои се почетници во областа на дигитален маркетинг и кои не се целосно сигурни колку знаат и колку можат. Преку давање идеи и предложување решенија за време на практичната работа, ќе осознаеш дали си подготвен/а самостојно да работиш. Ова е одлична прилика за почетници слободно да ги искажат своите ставови без притоа да чувствуваат страв дека грешат.

Доколку веќе си веќе навлезен/а во сферата на дигиталниот маркетинг, проект плус во CV нема да ти пречи, зарем не?

Ќе дознаеш како работат другите компании, какви маркетинг стратегии применуваат и што е она што функционира. Од една страна ќе можеш да ги примениш твоите досегашни практики, а од друга страна ќе добиеш плус идеи кои ќе ги вклучиш во сегашната работа. Win-win!

Како се работи на реален проект во Galeksia?

Како всушност изгледа реалниот проект? Клиентот го презентира својот проблем, ја презентира својата цел и споделува кои се неговите очекувања. Се формира група коja заедно со ментор пристапува кон темелна разработка на проектот и креирање на маркетинг стратегија. Стратегијата вклучува работа на повеќе активности од различни сфери на дигиталниот маркетинг, што значи ќе имаш можност да ги примениш знаењата од речиси сите модули од програмата.


Примерот за case study за Bozinovski


  • 5 студенти
  • 5 недели
  • Органски content calendar за Facebook и Instagram
  • Paid content calendar за кампања за Facebook и Instagram
  • Анализа на конкуренција и keywords research
  • 1 Display кампања и 1 Video ads кампања за Google Ads

Резултат: Зголемена присутност online, зголемен reach и engagement


Дознај како се одвиваше целиот процес во работата на реалните проекти.


Запознај се со дел од нашите Learning Partners

Сите наши партнери се дел од дигиталниот свет и несомнено ги одржуваат своите стандарди на високо ниво, кога станува збор за квалитетен кадар. Како тие може да ти помогнат во развој на твојата кариера во дигитален маркетинг?


Аvalon

Научи како е да се соработува со светски ѕвезди и што вклучува организацијата на еден концерт. Биди активно дел од создавањето на маркетинг стратегија за еден ваков настан.


Neptun

Преку работа на реални проекти за Neptun, која е лидер на пазарот за бела техника и апарати, придонеси за подобро корисничко искуство на потрошувачите.


Bozinovski watches and jewelry

Од секогаш си се прашувал/а како е да работиш на проекти за светски брендови како Omega, Swatch, Calvin Klein? Работата на проект со Bozinovski ќе ти овозможи светските трендови да ги донесеш кај нас!


Halkbank

Име коешто е препознатливо за секој! Со Halkbank како learning partner ќе имаш можност да направиш спој на две различни индустрии, банкарство и дигитален маркетинг.


Кариерно советување

Покрај практичните задачи на реални проекти со кои ќе го збогатиш твоето CV, Galeksia е тука да ти помогне истото и да го подготвиш! Можеш да присуствуваш на менторски сесии кои се специјално креирани да ти ги покажат best practices во креирање CV, како да се подготвиш за интервју и совети доколку сакаш да работиш freelance.

Со работата на реални проекти Galeksia ти овозможува: најдобра пракса, дигитална трансформација, директна помош од ментори, конкурентност на пазарот на труд, пристап до низа можности за развој, корисни алатки, континуирано подобрување на твоите перформанси и практично користење на теоретските знаења и вештини.




Запиши се на Galeksia и откриј ги можностите со програмата за дигитален маркетинг!


Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче