Многу ни е драго кога споделуваме успешни приказни и проекти со тебе! Денес се дружиме со студентите кои работеа на практичен проект за нашиот learning partner CRUX! Во период од еден месец, Игор, Моника, Зорица и Марија развиваа креативни решенија во различни области на дигиталниот маркетинг со цел зголемување на brand awareness на CRUX!
Денес се тука со нас да споделат какво им беше искуството со проектот, колку успешно одговорија на барањата на клиентот, дали проектот им ги доусоврши стекнатите вештини во Galeksia и по некој краток совет за сите кои се двоумат дали работа на проект за компанија е вистинската работа за нив!
Да не должиме многу, студентите од CRUX се многу возбудени од успешно сработените решенија, па ајде да видиме што имаат да ни кажат! Продолжи да читаш!
1. Здраво дечки! Денес имаме една продуктивна дружба, ќе разговараме за вашата работа на проектот за CRUX. Но, пред да преминеме на прашања, кажете ни на кратко нешто за вас? Каде црпите инспирација, што е она што ве мотивира да ги надоградувате знаењата?
- Игор: Здраво на сите, јас сум Игор Дојчиновски, веќе ја завршив програмата и се стекнав со сертификат, но сакав да се приклучам на овој проект за да работам на SEO. Пред да ја почнам програмата со Galeksia работев по нешто на сајтови за мене или мои блиски и потоа кога го слушав модулот за SEO сфатив дека тие работи што сум ги правел на сајтовите всушност се SEO и ме заинтересира ептен.
- Моника: Здраво, jас сум Моника Аврамовска и имам 22 години. Најмногу ме инспирира креативноста, нови идеи и можности за експериментирање. Сакам професија која нуди константно учење и динамичност, а маркетингот со себе го носи токму тоа.
- Зорица: Здраво, здраво. Јас сум Зорица. Инспирација црпам секојдневно, би рекла од сè она што нè опкружува. Сведоци сме на тоа колку периодот на дигитализацијата ги промени нашите секојдневни навики, особено моите со тоа што станав член плус на Galeksia семејството. Она што најмногу ме мотивира е желбата за успех и напредок, како и слободата на креативност во самата професија на дигиталниот маркетинг.
2. Главната цел на проектот беше да се зголеми brand awareness на CRUX со зголемување на онлајн присуството. Секој од вас доби своја задача како би можело темелно да се опфатат сите маркетинг канали. Споделете ни повеќе детали околу вашата задача?
- Игор: Јас работев на SEO делот за продавницата на CRUX. Добро е што продавницата е на самиот почеток, па направив анализа со препораки и тоа што е наведено во документот може да се имплементира веднаш на самиот старт.
- Моника: Моја главна задача беше изготвување на Email marketing calendar преку кој подготвив преглод содржини на различен topic кои може да се искористат во идните email marketing кампањи. Исто така учествував и во предлог содржина за блог.
- Зорица: Мојата задача во овој проект беше изработка на Social Media Calendar, каде сметам дека лежи и најголемиот дел од креативноста. Дефинитивно, содржината е она што прво нè мами да прочитаме некој пост и се заинтересираме за производот/услугата и ми беше навистина задоволство да креирам постови со најразлични типови на содржина како би помогнала во зголемувањето на brand awareness.
3. Речиси сите членови во групата сте почетници во дигиталниот маркетинг без претходно познавање на областа. Колку изработката на задачата ви беше предизвик да ги примените знаењата стекнати во Galeksia? Од друга страна, дали проектот ви ги доусоврши вештините?
- Игор: Дефинитивно беше супер прилика да ги доразвијам моите вештини за SEO.
- Моника: Никогаш предходно немав искуство со приготвување на email marketing стратегија што само по себе значи дека самата задача ми претставуваше предизвик. Ја искористив максимално мојата креативност и стекнатото знаење за задачата да биде на правилен начин изработена.
- Зорица: Лично за себе бев малку скептик во однос на креирање на содржина со оглед на тоа што претходно не сум имала можност да креирам. Но, бев пријатно изненадена од тоа како успеав да ги имплементирам веќе стекнатите знаења преку материјалот и тон домашни задачи во мојата задача за CRUX.
4. Зошто одлучивте да се пријавите за работа на практичен проект за некој од нашите learning partners? Зошто сметате дека е корисно за вас и вашите цели кои сакате да ги остварите по завршување на програмата?
- Игор: Се пријавив за работа во проектот за да го применам и доусовршам знаењето за SEO. Иако и други модули и теми ми се интересни, како Google Analytics и Social Media, решив SEO да ми биде број 1 работа на која сакам да се фокусирам.
- Моника: Затоа што сметам дека секоја можност што ни се укажува треба да се искористи, поготово доколку сме почетници во областа. По самата обработка на проектот, се добива реална слика за тоа како функционираат работите што претставува одлично искуство за во иднина.
- Зорица: Како почетници во дигиталниот маркетинг сметам дека е особено важно да се пријавиме за изработка на практичен проект, со цел сè она што сме научиле да го употребиме во реалноста. Само на тој начин ќе воочиме каков прогрес сме направиле.
5. Интересно е што дел од групава е и Марија која е сопственик на CRUX. Како одеше целата комуникација за време на работата на проектот и презентирањето на финалните решенија?
- Игор: Комуникацијата одеше супер, имавме заеднички видео состаноци, работевме во Trello, Google Drive shared documents и имавме група на Slack. Марија постојано беше достапна за насоки.
- Моника: Одлична е Марија и отворена кон нови идеи. Подготвена да ти помогне и одговори во секое време.
- Зорица: Супер! Комуникацијата беше одлична, членовите расположени за соработка со што финалниот проект испадна многу подобар од очекувањата.
6. Каков беше feedbackot од клиентот и менторите за сработените задачи? Колку сте вие задоволни од тоа какво решение понудивте?
- Игор: Марија беше презадоволна од целиот проект и изработените задачи, моите препораки веќе се испратени на нејзиниот ИТ тим за разгледување и имплементирање.
- Моника: Пријатно бев изненадена од feedbackot и многу ми е драго што тоа беше така. Секако и јас бев задоволна, но кога самиот клиент е задоволен од сработеното решение, дефинитивно се добива тој proud feeling.
- Зорица: Позитивен feedback, надминати очекувања што ме прават навистина исполнета што успеав да бидам и јас дел од проектот со моите решенија.
7. Што би ги советувале студентите кои се двоумат дали да се пријават за работа на практичен проект?
- Игор: Секако да, нема подобар начин за имплементирање на стекнатите знаења!
- Моника: Go for it! Целиот тој притисок што би можело да го почуствувате е дефинитивно знак дека тоа е правилното за вас. Кога ќе сработите нешто ново за првпат, самите ќе се изненадите и ќе се почувствувате горди на себе.
- Зорица: И најмалото двоумење би било губење на навистина прекрасна шанса за имплементирање и усовршување на знаењата. Galeksia и нејзините learning partners се ретка можност која мислам треба да се искористи во целост.
8. Здраво Марија! Раскажи ни на кратко за проектот сега откако заврши и откако ги доби предлог решенијата од студентите. Колку си задоволна од сработените задачи, дали твоите очекувања беа исполнети? Исто така и ти беше вклучена во проектот со своја задача, па кажи ни како се снајде и во таа улога?
Сѐ беше сработено одлично. Јас немав толкави очекувања, хаха. Документот од Игор веќе е пратен кај дечките од ИТ, рекоа ќе се имплементира, немаа никакви забелешки. Кај Зорица многу ми е мило што во подготвените постови се трудела да го задржи стилот на она што ние досега имаме објавувано. Сега можеме да продолжиме со објавување на контентот што веќе е подготвен од нејзина страна и може целиот да се искористи. Од страна на Моника одлично беше сработена задачата, многу friendly пристап, како што и ние всушност користиме и стварно сум презадоволна од сѐ.
Лично за мене, делот од задачата кој јас го работев ми дојде добро, за да си го повторам материјалот за PPC, истражувањето на клучни зборови и сл. Сѐ на сѐ, едно одлично и продуктивно искуство кое го препорачувам секому!
Неоспорен е фактот дека сè она што теоретски се изучува добива поголема вредност кога е практично применето. Особено е важен фактот што проектите на кои работат студентите на Galeksia се вистински и реални сценарија од компаниите партнери. Во процесот на изработка на проектот студентите имаат можност да одговорат на вистински барања од клиенти, да понудат иновативно решение кое ќе донесе резултати, а за возврат да добијат збогатено портфолио и збогатено знаење!
И ти имаш можност да работиш на наоѓање решение за некоја од компаниите кои се learning partners на Galeksia! Наредната група започнува во септември. Резервирај си место денес!