Програмата нуди можности за напредување на професионален план

Нашата програма за Digital Marketing Professional е веќе во тек и уште од самиот почеток е приспособена за онлајн учење.


Една од нашите учеснички, која веќе работи во областа на дигиталниот маркетинг, ентузијаст за учење и надоградба и љубител на уметноста, со нас ги сподели деталите за нејзината одлука да го усоврши своето знаење. 

1. Накратко кажи ни нешто за себе?

Јас сум Ивона Велковска имам 24 години и сум студент на Економскиот Факултет во Скопје. 

Работам како Community Specialist за американскиот бренд за фотографија F-Stop Gear. За себе можам да кажам дека сум креативец, перфекционист и голем љубител на животните и уметноста. Сакам да патувам и да запознавам нови култури.

2. Што е тоа што те мотивираше да започнеш со учење на нови дигитални вештини? Зошто одлучи да ја одбереш програмата за Certified Digital Marketing Professional на Galeksia од лепезата на програми кои се достапни во нашата земја? 

Она што ме мотивираше да учам нови дигитални вештини и да се запишам на Galeksia, е желбата да ги надоградам моите предзнаења и да ги применам во работата. Во ова дигитално време во кое живееме поседувањето на вештини од дигиталниот маркетинг е неопходно. 


Моето мото е – никогаш не е доста да се научи нешто повеќе.


Програмата за Certified Digital Marketing Professional нуди широк спектар на можности за напредување на професионален како и на личен план. Одлучив да се запишам токму на оваа програма на Galeksia со цел да се стекнам со поголеми знаења за функционирањето на дигиталнте маркетинг канали и како истите да ги применам во градење на успешна маркетинг стратегија.


CDMP програмата нуди пристап до дополнителни вебинари, алатки, е-книнги и блог постови како и вклучува полагање на Pearson Vuе Certificate кој е светски признат.

3. Кој дел од досегашните часови на Galeksia ти беше најкорисен?

Досега сите модули беа корисни но би го издвоила модулот за Social Media Marketing како најкорисен, бидејќи тоа е она што јас го работам и се пронаоѓам во него. 


Практичните примери, интерактивните часови допринесоа за повеќе знаење и разбирање на платформите и алатките. 


Можноста за работа на реални проекти како креирање сопствени Facebook страници, лансирање кампањи и користење на алатки за мерење на резултатите беше нешто што премногу ми се допадна.

4. Кој е најдобриот совет од менторите во Galeksia кој веќе почна да го применуваш во работата?

Најмногу го ценам советот на менторката Ивана: „Бидете креативни, секогаш користете ги сите опции и алатки кои ви се понудени од социјалните платформи.Тестирајте и експериментирајте!“

5. Кој од модулите сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик?

Како најголем предизвик го гледам модулот за Google Analytics бидејќи е од големо значење за тоа како перформираат страниците и кампањите, прецизно утврдување и мерење на ROI податоците. Сметам дека совладувањето на овој модул ќе ми овозможи постигнување на подобри лични резултати, но исто така и на тимот со кој што работам.

6.  Каде ја гледаш твојата кариера во иднина? Кој е твојот план по положувањето на сертификатот за CDMP? 

Бидејќи дигиталниот маркетинг е постојано во мојот фокус на интерес, во иднина себе си се гледам со многу успешни кампањи за светски познати брендови.


Со положување на CDMP сертификатот кој е глобално признат очекувам успешно да го пренесам искуството во компанијата во која работам како и отварање на нови врати за соработка со модерни компании во областа на дигиталниот маркетинг.

7.  Каков совет имаш за студентите кои размислуваат дали да се запишат на програмите на Galeksia?

Им препорачувам на сите кои имаат интерес во областа на дигиталниот маркетинг, да се запишат на академијата Galeksia бидејќи тука ќе стекнат одлично знаење од менторите кои совршено ги пренесоа своите искуства и нѐ советуваа како да го примениме дигиталниот маркетинг во работата.


Дополнително ќе ги научат најновите светски трендови во дигиталниот маркетинг, ќе добијат нови можности за работа и ќе се стекнат со нови познанства.



Пријавете се и вие! Станете дел од семејството на Digital Marketing Institute кое брои повеќе од 58 илјади алумни членови. Учете од професионалци со долгогодишно искуство, по програма креирана од најголемите светски компании.

 

Аплицирајте тука!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче