Програматa нуди солидна основа за сите гранки на дигиталниот маркетинг

Продолжуваме со серијалот на интервјуа со нашите студенти и овој пат разговараме со Ивана Дракулевска. Таа својата пасија за англиската книжевност и генерално за литературата, во пракса ја има пресликано во индустријата за дигитален маркетинг.


Инспирацијата во оваа индустрија ја пронаоѓа во динамичното темпо, разновидноста и секојдневната можност за надоградување. Програмата на Galeksia ја има одбрано како најлогичниот избор на пазарот, а за анализите после секоја кампања почнала да го применува советот “What is not measured – cannot be improved”.


1. Кажи ни нешто за себе. Како сакаш да го поминуваш слободното време?


Јас сум Ивана Дракулевска. Завршив Англиска Книжевност, голем фан на Шекспир и компанија, меѓутоа оваа страст повеќе ме обликуваше повеќе како човек отколку како “работник” во 21 век, па еве сум тука денес. 


Слободното време, периодов искрено најмногу сакам да го поминувам сама со себе и работите кои ме интересираат, меѓу кои и дигиталниот маркетинг. И секако, во друштво на љубопитни луѓе од кои учам нови работи, кои придонесуваат за мојот личен развој. Многу ми е мило што и колегите моментално ми се дел од “тие луѓе”. 


2. Ти веќе се занимаваш со дигитален маркетинг. Што те инспирираше да се заинтересираш за оваа индустрија?


Бидејќи е индустрија која моментално се движи со полна пареа во дигиталната сфера, во сите можни насоки, ги допира речиси сите останати индустрии.


Никогаш не знаеш кој ќе биде твојот следен клиент, дали е тоа е-commerce продавница за најразлични видови на растенија и цвеќиња? Можеби нов прозвод во фармацевстската индустрија или пак во автомобилската? Разновидна е, изобилува со можности за надоградување на знаењето и ми ја стимулира креативноста.


Ме влече тоа што ја опфаќа психологијата на човекот – consumer, купувач, треба да претпоставиш која публика го бара токму твојот производ и да ѝ го понудиш, преку зборови, слики, видеа. Има простор за креативно изразување кое пак ќе ги носи резултатите за брендот/фирмата за која што работам.


3. Програмата на Galeksia е како еден семестар на факултет. 🙂 Што те мотивираше да се запишеш и зошто ја одбра токму оваа програма?


Едноставно беше изборот кој најмногу ме влечеше од понудата на нашиов пазар. Ја имате откупено франшизата од Digital Marketing Institute од Ирска, воден од професионалците во оваа сфера. Се чувствувам како да учам од вистинските луѓе.


Од една страна ги имам Вашите предавања – од луѓе специјализирани во областа кои ги имаа сите одговори на било кое мое прашање до сега, а од друга страна ги имам предавањата на професорите од институтот од Ирска.


Конкретно програмата за Сертифициран Digital Marketing Professional нуди детално интро и солидна основа во СИТЕ гранки на дигиталниот маркетинг, па понатаму останува на тебе во која од нив ќе одлучиш да навлезеш. 


4. Твојата група во моментов го изучува модулот за Email Marketing. Што е најинтересното нешто што го научи од модулов до сега?


Дека вештачката интелигенција зад Google и неговите неуморни алгоритми се всушност одговорни за 99% од СПАМ меиловите на Gmail и дека колку и да сакам, нема шанси, многу е тешко да успеам да ги надмудрам ако одлучам да спамам луѓе чија согласност ја немам за истото.


Фер маркетинг е, не ги замараш луѓето што не ги интересира што имаш да кажеш, баш спротивното. 🙂


5. Кој совет и ново знаење веќе го имплементираше во твоето работење?


Market research и анализите од сè што е сработено. Ако не го истражиш пазарот и публиката во која го нудиш твојот производ или услуга осуден си на пропаст. Учам како да ги препознаам и проценам можните ризици – па со тоа и да ги намалам или спречам.


За анализите на резултатите после секоја кампања она што сфатив е дека “What is not measured – cannot be improved”,а во сржта на дигиталниот маркетинг е да се стреми да се подобрува и подобрува . Бидејќи грубо кажано – целиот светски пазар ти е конкуренција. 


6. После завршување на предавањата и дополнителните менторски сесии, следува полагањето за Pearson VUE сертификатот. Каков предизвик си постави себеси откако ќе го положиш испитот? 


Испитот и самата можност да се здобијам со глобално признаен сертификат беше само црешата на шлагот зошто се одлучив за Galeksia. Предизвикот е да не заостанам во своите намери.


7. Според тебе, кои се предностите да се биде дигитален маркетер?


Бидејќи постојано учиш нови работи, технологијата постојано се развива, мора да си во тек со светските трендови и да ги следиш. Мислам дека оваа индустрија тек допрва ќе се развива.

 

Уписите се во тек! Најновата група започнува наскоро. Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

 

Пријави се уште денес!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче