Дарко Булдиоски

Дарко е искусен (дигитален) маркетер, тренер и говорник. Во индустријата е од 2005 година. Во 2010 ја основаше NewMediaMK, првата агенција за дигитален маркетинг во Македонија.

Поголемиот дел од неговото работно искуство е во полето на развој на стратегии за дигитален маркетинг, социјални медиуми, дигитални медиуми и бизнис трансформација. Во својата богата кариера развива и имплементира маркетинг стратегии и кампањи за бројни интернационални, регионални и локални брендови. Од 2007 година до денес има предавано на бројни конференции, обуки, академии, тренинзи и работилници.

Како дел од тимот на NewMediaMK но и како независен консултант има работено за компании и организации меѓу кои The Coca-Cola Company, ProCredit Bank, Vodafone, Diners Club, Dell, A1 Telekom, One Telecom, Imperial Tobacco, UNDP, WFD, Grand Kafa, Grawe Insurance, Gemak, Parkland Hospitality Group, InOne, Вива, Рамстор и многу други. Во моментов е дел од интернационалниот тим на TTTech Group каде е одговорен за глобалните B2B маркетинг стратегии и унапредување на целокупното корисничко искуство.




Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче