Сара Стојковска

Сара е искусен дигитален аналитичар и тим-лидер, со докажано искуство во работа со податоци, оптимизација на веб-страници и развој на стратегии за дигитален маркетинг. Таа има значајно искуство во Google Analytics, особено во GA4, и Looker Studio, каде што ги поврзува податоците за да креира јасни и ефикасни извештаи. Во текот на својата кариера, Сара работела на различни глобални проекти со клиенти од различни индустрии, фокусирајќи се на оптимизација на конверзии (CRO), анализа на корисничко однесување и подобрување на дигитални стратегии.


Покрај аналитичката работа, Сара е посветена и на личниот развој, активно истражувајќи нови можности за имплементација на AI алатки, учење нови технологии и создавање иновативни решенија. Со својата иницијатива и структуриран пристап, таа се обидува да ја доближи маркетинг-аналитиката до сите студенти на Галексиа!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче