Анита Кирковска е Growth Lead во Vellum со долгогодишно искуство во креирање стратегии за контент, развој на продукт и позиционирање на пазар.
Фокусот на Анита е идентификација на можности за позиционирање, создавање ефикасни контент стратегии и примена на вештачка интелигенција во работните процеси.
Од Анита ќе научиш како да идентификуваш нови можности за контент, како да ги скалираш тие можности и да постигнеш забрзан раст. Таа ќе те води низ процесот на користење на најсовремената технологија и вештачка интелигенција, овозможувајќи ти да постигнеш повеќе со помалку напор и време.