„Одлично искуство, вистински women-power team!“ – Sara Fashion

Ема, Корнелија, Снежана, Елена, Михаела, Кристина и Стефанија се девојките кои работеа на практичниот проект за нашиот learning партнер Sara Fashion. Денес разговаравме со нив за нивното лично искуство на проектот, воедно и на програмата!

 

Девојките работеа на развивање маркетинг стратегија комплетно насочена кон празникот на жената 8 Март. Под менторство на Елена, ментор на програмата и во координација на Верица Влаинова, Head of Marketing на компанијата, нашите студентки изработија креативни решенија кои ја подобрија целокупната кампања на брендот. Women power!

 

Како дел од проектот, имаа можност и да ги посетат канцелариите на компанијата во Скопје. Ова искуство им овозможи одблиску да се запознаат со работата на маркетинг тимот во Sara Fashion, за нивните ongoing активности и кариерниот пат на Верица, Head of Marketing.

 

Прочитај подетално подолу!


1. Здраво девојки! Вие сте women-power тимот којшто работеше на практичен проект за Sara Fashion – еден од најдоминантните женски брендови во регионот. Пред да ми раскажете за деталите на проектот, за подобро да ве запознаат нашите читатели, откријте ми нешто повеќе за вас!

 

Корнелија: Здраво! Јас сум Корнелија, имам 22 години и во моментот сум апсолвент на Филозовскиот факултет во Скопје. Дигиталниот маркетингот е нешто што од секогаш ме интересирало, но не сум имала прилика да го изучувам или пак работам, па затоа ја запишав програмата на Galeksia која ги покрива сите аспекти на дигиталниот маркетинг.

 

Ема: Јас сум Ема, имам 24 години и повеќе од една година работам како дигитален маркетер. На оваа програма се запишав со цел да се усовршам во оваа област и да го сертифицирам своето знаење.

 

Елена: Здраво, Јас сум Елена. Моментално работам како Маркетинг Директор во Евротип Спортски обложувалници, Голд Слот клубовите и Голд Фелициа. Дел сум од септемвриската група на програмата за дигитален маркетинг. На оваа програма се запишав бидејќи опфаќа модули од сите сфери на дигиталниот маркетинг, програма која има професионални ментори и нуди светски признат сертификат за дигитален маркетер за успешно завршена програма.

 

Михаела: Здраво, јас сум Михаела. Моментално сум инструктор за Б категорија во Авто школа “Шкорпион обука”, но отсекогаш ме интересирал напредокот на технологијата, начинот на транзиции и промени во човековото секојдневие, па сметам дека дигиталниот маркетинг игра голема улога во процесот на задоволување на потребите на потрошувачите и нивна пристапност. Поради тоа се одлучив за оваа програма на Galeksia, бидејќи сметам дека нуди широк спектар на можности за во иднина.

 

Снежана: Здраво. Јас сум Снежана.Се запишав на оваа програма, со цел да направам промена во својата кариера. Немам искуство во дигиталниот маркетинг. Сето ова е ново за мене.



2. Главната задача на проектот беше да се разработи маркетинг стратегија која вклучува активности со фокус на градење уште поголема препознатливост на брендот. Кажете ми во кој дел од стратегијата работеше секоја од вас? Кои ви беа главните задачи на проектот?

 

Корнелија: Мојата задача беше поврзана со Social Media marketing стратегијата, односно бев задолжена да дадам насоки и совети на кој начин може да се подобри присутноста на брендот на социјалните медиуми.

 

Ема: Моја задача на Sara Fashion проектот беше да изработам Content Calendar, со кој опфатив како на неделно ниво би се планирале постовите на социјалните медиуми на Sara Fashion, и би се опфатиле сите теми кои се клучни за нивната маркетинг стратегија. 

 

Елена: Мојата задача во практичниот прокт Sara Fashion беше совети за сегментирање на публиката и пристап и предлози за email marketing.

 

Михаела: Јас имав за задача да ги истражам клучните зборови кои ќе можат да се користат за успешно платени реклами. 

 

Снежана: Мојата задача беше зголемување на свесноста за брендот, на социјалните мрежи. Со цел, зголемување на online продажбата. 



3. Дел од вас првпат се соочуваат со вакво искуство, односно реална работа на проект во дигиталниот маркетинг, којашто бара проактивност и посветеност. Дали побаравте помош од менторите или работевте самостојно со досегашното стекнато знаење?

 

Корнелија:  Иако до пред запишувањето на академијава немав никакво искуство и познавање како фукнционира дигиталниот маркетинг, задачата која што ми беше зададена ја изработив сама. Секако, задачата беше прегледана и од страна на менторот. На крајот имаше и позитивен feedback и од страна на менторот и од страна на Верица што особено ми беше драго.

 

Ема: Иако повеќе од една година работам дигитален маркетинг, сепак моето искуство се темели на B2B маркетинг, а на проектот за прв пат се соочив со B2C маркетинг, кој има повеќе простор за креативност и опуштена содржина. Со задоволство го споив моето досегашно искуство и со она што мене би ме привлекло како купувач при креирање на content календарот. 

 

Елена: Можам да кажам дека мојата задача беше мошне интересна. Календарот кој го изработив за промоција на брендот опфаќаше клучни денови во кои треба да биде испратен секој email и да донесе позитивен feedback кај потрошувачите во однос на купениот производ.

 

Михаела: Кога почнав да работам на проектот бев скептична и мислев дека нема да ја исполнам добро мојата задача, бидејќи за прв пат се среќавам со реална работа на проект. Но, секако голема благодарност и до менторите кои ме насочија во која насока да се движам.

 

Снежана: Да, консултацијата со менторите, како и нашата меѓусебна соработка. Си го направија своето. Успешен проект. 😊


4. Се пријавивте на работа на практичен проект за да се запознаете одблиску со работата во дигиталниот маркетинг. Дали проектот ви овозможи да го примените стекнатото знаење во пракса? Која вештина ја усоврши секојa од вас?

 

Корнелија: Секако да, овој проект ми помогна многу во однос на практичниот дел и за мене како почетник во исто време ми претставуваше предизвик затоа што имав желба да ја изработам задачата на најдобар можен начин. Со тоа, уште повеќе ја развив мојата креативна страна.

 

Ема: Многу е поинакво искуството теорија-пракса. Практичниот дел е оној дел каде најмногу учиме и сфаќаме како функционираат работите во реалниот свет, кога книгата ќе се затвори. На овој проект мислам дека најмногу научивме дека комуникацијата помеѓу тимот е клучот за успешна работа. 

 

Елена: Практичниот дел е оној дел во кој се сретнуваш со реалноста. Научив како е да координираш тим со кој првпат се сретнуваш на одредена задача, а во меѓу време треба да ги насочиш најдобро што можат да го реализираат проектот. 

 

Михаела: Практичниот дел ми овозможи директно да се запознаам со реалната слика во дигиталниот маркетинг позади сите дефиниции. 

 

Снежана: Практичниот дел за мене овозможи поголема креативност, интригантност и уште поголема амбициозност за овој вид работа. 



5. Дел од вас имаа шанса да ги посетат и канцелариите на Sara Fashion во Скопје, да се запознаат со работата на маркетинг тимот и да ја слушнат инспиративната приказна на Верица, Head of Marketing во компанијата. Какви се вашите впечатоци од посетата? 

 

Корнелија:  Супер, ми остави многу добар впечаток. Нејзината приказна дополнително ме мотивираше да не се двоумам и да прифаќам ризици.

 

Елена: Приказната на Верица е идентична со мојата. Ако го сакаш она што го работиш, предизвикот ќе те донесе до височината на твојот успех. 

 

Михаела: Верица беше феноменална. И со нејзината приказна мислам дека успеа да ни ја крене самодовербата и да не мотивира.


Sara Fashion Galeksia prakticen proekt

 

6. Веќе сте при крај со програмата и активно се подготвувате за финалниот тест. Кои се вашите планови за во иднина откако ќе се стекнете со сертифицираната диплома? Дали можеби се пронајдовте во некоја област од дигиталниот маркетинг во која би сакале да се развивате?

 

Корнелија:  Двете области во кои што се пронајдов најмногу се Social media marketing и Content marketing. Па по звршувањето на програмата, се гледам во некоја од тие две.

 

Ема: По финалниот тест би сакала без pressure да поминам низ сите модули и да ги имплементирам научените вештини во мојата секојдневна работа. Област која најмногу ме привлекува е Digital Marketing Strategy, и во иднина би сакала да изработувам маркетинг стратегии за компании.

 

Елена: Секој модул ми користи во она што го работам, нема некој кој посебно би го издвоила.

 

Михаела: Уште од самиот почеток би кажала Social media marketing. Но сега вака при крај ми остави впечаток и Google analytics :’) Ова само ја можам да го пишам :’) :’) :’)

 

Снежана: Social media marketing и email marketing 😁 Да нагласам и др. модули се доста интересни за совладување. 


7. Како вие би го опишале искуството на кратко? Колку сте задоволни со креативните решенија кои ги понудивте?

 

Корнелија: Одлично искуство, вистински women-power team!

 

Ема: Дружење, забава, продуктивност! 

 

Елена: Искуство, дружење, тимска работа!

 

Михаела: Јас сум воодушевена од тоа како луѓе што не се ни познаваат, може да бидат сплотени и решителни како тим во начинот на извршување на нашиот предизвик. Интересно искуство. 

 

Снежана: Несекојдневно искуство, одлична тимска комуникација и продуктивност. 


8. Каков совет би им дале на сите што се двоумат да се пријават за работа на практичен проект? Освен забавната тимска работа, што може да очекуваат во однос на примената на теоретското знаење во пракса?

 

Корнелија:  Да не се двоумат ниту малку, затоа што многу ќе им помогне да го усовршат своето знаење а и во исто време ќе стекнат нови познанства и убава дружба.

 

Ема: Практичниот проект овозможува да се научат сите оние работи на кои “се заглавува” при само теоретско учење. Кога и да нешто не ви оди, обидете се на реален пример да го совладате.

 

Елена: Добар почеток за градење на кариера.

 

Михаела: Од практичниот проект може само да научите повеќе така да… Go for that!

 

Снежана: Одличен прв чекор за совладување на веќе научената теорија. 




„Се радувам премногу за оваа склучена соработка, затоа што пред сè на неа работеа 7 девојки и сите знаеме дека together we can do it all!“💪 – Верица

 

Верица е наш студент од програмата која започна да го изучува дигиталниот маркетинг како почетник пред 2 години, а е Head of Marketing во Sara Fashion. Девојките имаа прилика да слушнат повеќе за инспиративната приказна на Верица и за тоа како програмата ѝ помогна да стигне до таму кај што е сега.

 

Постојано се стремиме кон тоа да им овозможиме комплетно искуство на студентите на нашата learning partner програма, од која ќе можат да се стекнат со hands-on искуство. Самите проекти се одлична прилика да си го збогатиш твоето портфолио, кое ќе ти овозможи полесно да започнеш кариера во дигиталниот маркетинг. Доколку сакаш да се стекнеш со применливо знаење и дигитални вештини, не чекај повеќе и пријави се уште денес! Уписите се мајската група се во тек!

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче