На програмата на Galeksia се запишуваат студенти со различен професионален background. Марија Николова е сопственик на CRUX, мала општествена одговорна компанија која се занимава со производство на 100% природни путери од кикирики и лешници!
Во текот на работењето и развојот на CRUX, Марија ја препознава неопходноста од онлајн присуството за еден бизнис. Водена од желбата да може самостојно да креира и имплементира иновативни маркетинг стратегии кои носат резултати за нејзиниот бизнис, се запишува на програмата на Galeksia!
CRUX ги отвори и вратите за студентите на Galeksia кои заедно со Марија изработуваат креативни решенија за негов дополнителен развој и зајакнување на онлајн присуството. Во новиот блог пост прочитај со какви предизвици се соочила Марија како сопственик на мал бизнис и зошто сите бизниси треба да вложат во дигитален маркетинг.
1. Она што е интересно за тебе е дека си сопственик на CRUX, мал, но супер иновативен бизнис за 100% природни путери од кикирики и лешници! Или како што би рекле во CRUX, љубов во тегличка! Раскажи ни на кратко за идејата зад CRUX?
Идејата за CRUX почна да се развива од преголема желба на неколку млади луѓе за започнување на нешто свое, односно градење на бренд кој ќе биде пред сè препознатлив по својата општествена одговорност и таа наша визија секојдневно се трудиме да се рефлектира во секој сегмент од нашето работење.
Приказната ја започнавме со отворање на бар за здрава храна што беше и првиот чекор кон доближување на луѓето до нашата филозофија- поздрав начин на живот во ова динамично време.
Но, како најпогоден сектор за време на пандемијата, моравме да донесеме клучна одлука, а сепак да не се откажеме од нашата цел, и така нашето делување го продолживме со производство на 100% природни путери од кикирики и лешници, скромна палета на здрави производи која наскоро ќе ја прошириме.
2. Колку е лесно да се управува со мал бизнис во Македонија и кои се најголемите предизвици со кои се соочувате?
Од моето досегашно искуство, ќе бидам реална, лесен почеток не постои, барем кога станува збор за започнување на сопствен бизнис. Има премногу предизвици на дневно ниво, и потребно е познавање и секојдневно учење од повеќе области за да можете да ги надминете, притоа да сте свесни дека одговорноста е целосно на вас. Но, решение има секогаш, само треба да сме истрајни. Тоа е и најголемиот предизвик 🙂
3. Причината поради која се запиша на Galeksia е да можеш по завршување на програмата самостојно да работиш на маркетинг стратегии за твојот бизнис, од идеја до реализација. Колку е важно за еден бизнис да има онлајн присуство?
Не само што е важно, туку онлајн присуството стана неопходно. Технологијата целосно го промени начинот на поврзување и комуникација со потенцијалните клиенти, а продажбата и дигиталниот маркетинг ја имаат истата улога во целиот процес. Секако дека најзначајно е да имате квалитетен продукт, но за да напредувате со истиот мора да имате и квалитетна маркетинг стратегија.
4. Во денешното време на дигитализација, дали би рекла дека е неопходно секој сопственик на бизнис да има дигитални знаења? Колку треба да вложува во себе и своите вработени кога станува збор за дигитален маркетинг?
Како што веќе споменав, за успешен бизнис не е доволно да имаш само добар продукт, туку и добар маркетинг. И затоа сметам дека е од исклучителна важност секој сопственик да има дигитални знаења. Колку повеќе вложува во своето и знаењето на вработените и ги следи трендовите, толку поголема е веројатноста да го забрза својот раст и да ја олесни комуникацијата во тимот. Редно е да сфатиме дека дигиталниот маркетинг не е спонзорирана реклама на Facebook, многу покомплексно е 🙂
5. На наше огромно задоволство, CRUX е learning partner на Galeksia. Зошто одлучивте да ги отворите вратите за студентите и да им овозможите практично да ги применат своите дигитални знаења?
Задоволството е обострано 🙂 И не ни требаше многу размислување за да донесеме таква одлука. Јас како студент на Galeksia можев и самата да се уверам во квалитетот на програмата, и соработката со останатите колеги е огромен плус при креирањето на нашата маркетинг стратегија.
6. Група студенти активно работи на неколку маркетинг аспекти за развој на CRUX. Која е главната цел на овој заеднички проект? Кои се твоите очекувања по неговото завршување?
Главната цел е да добиеме практично знаење за сè она што имавме шанса да го научиме за време на програмата, а со тоа и секој од нас да се пронајде во област од дигиталниот маркетинг што најмногу му „лежи“. Имам големи очекувања и верувам дека ќе успееме да реализираме супер кампањи кои ќе ја зголемат препознатливоста на CRUX.
7. Откриј ни повеќе детали околу групата студенти, како тече соработката и на каква задача работи секој посебно?
Целта на проектот е подигнување на brand awareness за нашата компанија па задачите вклучуваат креирање на content calendar за Facebook и Instagram, предлог објави за нашиот блог, содржини за Email маркетинг, SEO анализа, како и предлози за Web оптимизација.
Досегашната соработка ни е одлична и преблагодарна сум на колегите кои навистина се вложуваат во секоја задача. Секако, од огромна помош ни се менторите кои ни се на располагање за сите прашања, но и одличната организација која ја има Galeksia.
8. Што би им препорачала на сопствениците на мали бизниси кои имаат потешкотии во креирање онлајн присуство, а сакаат да се едуцираат во дигитален маркетинг за да придонесат за развој на бизнисот?
Ако сте сопственик на бизнис кој сака да ја разбере големата слика на дигиталниот маркетинг и како истата да ја интегрирате во вашиот бизнис модел- постојаното учење и работа со професионалци е вистинскиот пат до успехот. Само така може да ги разбереме можностите и огромниот потенцијал што ги нуди дигиталниот маркетинг. За мене изборот беше Galeksia и тоа е една од најдобрите одлуки што ги донесов оваа година.
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!