На муабет со ментор – коjа е Верче и што е Content Marketing?

Верче Карафилоска, за многумина позната како Вера Калин, е сертифициран DMI ментор, продукт маркетер и Copywriting/Messaging консултант со повеќегодишно искуство како соработник на B2B, SaaS и eCommerce компании во земјава и во светот. 

 

Со своето повеќегодишно интернационално искуство со над 100 проекти, повеќе од 1000 email секвенци за клиенти од над 25 различни индустрии, преку практично знаење ќе ти го пренесе своето знаење и ќе ти помогне да ги совладаш клучните тактики и вештини за да креираш квалитетна содржина.

 

Во ова интервју ќе прочиташ повеќе за нејзините почетоци, за љубовта кон пишаниот збор и како ја поврза желбата и талентот за пишување со професија во маркетингот, како и за нејзините предвидувања за иднината на content маркетингот. Ја прашавме и дали еден дигитален маркетер треба да поседува талент за да креира содржина која ќе носи резултати. 

 

Прочитај го нејзиниот одговор во продолжение!

 

Запиши се!

 

1. Здраво Верче! Ти си ментор на модулот Content Marketing во Galeksia, многумина верувам дека веќе те познаваат, за сите останати откриј ни нешто повеќе за себе!

 

Писател, продукт маркетер, и трагач по нови, возбудливи искуства патувајќи низ реални и можни светови.

 

2. Интересно за тебе е што си познат писател под псевдонимот Вера Калин. Раскажи ни за твоите почетоци во оваа област. Од каде се појави љубовта кон пишаниот збор?

 

Не знам за конкретен момент кога се појави – отсекогаш постоела. Околу почетоците, исто така не можам да го одредам точниот миг кој можам да го означам за „почеток“. Од една страна тоа е дента кога моите приказни за првпат стигнаа до рацете на читателите, но од друга страна, тоа е всушност крајот на авантурата. Зашто издавањето е само крајна дестинација на едно убаво (а честопати и мачно) лутање низ можните светови и приказни. Сега баш сум во таа фаза на лутање, на барање на вистинскиот тек на следната приказна.

 

Интересно кај пишувањето приказни е тоа што за разлика од било што друго, тоа што еднаш сте го направиле и знаете „како треба“ и кој е процесот, нема гаранции дека ќе стигнете до крајот повторно, или дека еднакво успешно ќе си ја завршите работата. Тоа заплашува, но и возбудува, зашто никогаш не знаете што е следно.

 

3. По професија си продукт маркетер и Copywriting/Messaging консултант со повеќегодишно  искуство. Како ја поврза желбата и талентот за пишување со професија во маркетингот како соработник во B2B, SaaS и eCommerce компании?

 

Во овој свет западнав случајно – бидејќи зборовите отсекогаш ми биле најсилното оружје, логично беше да започнам да ги користам за да ги поддржувам моите соништа и да го живеам животот онака како што сакам да го живеам. 

 

Прво започнав со Content, потоа забележав дека повеќе ме влече Copywriting. Бидејќи во Copywriting е вклучена повеќе стратегија (кога пишуваш copy, мора добро да го познаваш оној кому му се обраќаш и кои се зборовите и наративот кој ќе го натера да изреагира и да ја исполни вашата цел – конверзија), започнав да се дообразувам во областа на Messaging. 

 

Разликата за мене е многу едноставна, додека едното (Copy) се зборовите кои ги гледате и финалниот производ, другото (Messaging) е она „зошто“ зад тие зборови. За да се открие тоа „зошто“, потребно е да се познава целта и карактерот на брендот, пазарот, идеалниот потрошувач, нивната фаза во она што го нарекуваме the buyer’s journey, и слично. 

 

Оттаму природен следен чекор беше да се пренасочам кон Product Marketing, или поточно да ја проширам мојата експертиза. Во Product Marketing еден од стожерите е Positioning & Messaging, а другите се Market Intelligence, Product Launches, Sales Enablement и Information Flow. Секако, овој шаблон и начин на дефинирање на PMM функцијата е моја, и веројатно ќе најдете различни дефиниции бидејќи е прилично нова насока и нештата за кои е задолжен еден PMM се различни во зависност од компанијата и поделбата на департманите и одговорностите.

 

4. Како се одвиваат твоите часови на модулот Content Marketing? Колку вклучуваш реални примери од твојата работа со цел да им ја доловиш суштината на студентите?

 

Искрено, многу ми е драго што влегов во овој свет каде можам да ги споделам моите познавања од областа. 

 

Примери секако дека мора да се вклучуваат бидејќи најголем дел од студентите работат нешто сосем друго и немаат познавања од дигиталниот маркетинг. Воедно, имаме и студенти кои работат дигитален маркетинг, но за македонски пазар, а тука ретко каде има специјализација на улогите, а честопати и алатките кои се користат се многу ограничени поради помалите буџети. На овие студенти гледаме да им дадеме увид во начинот на којшто дигиталниот маркетинг функционира во светски рамки, а со самото тоа им отвораме нови хоризонти за кои претходно имале ограничени – или пак никакви – сознанија.

 

5. Во денешно време секој бизнис се фокусира на креирање содржина што ќе го задржи вниманието на публиката, но истовремено и ќе ја едуцира. Колку е тешко да се одржи овој баланс? Што всушност опфаќа Content Marketing?

 

Content Marketing е пристап при кој се фокусирате на создавање и дистрибуирање релевантни содржини до вашата целна публика/идни клиенти. Целата поента на Content Marketing е градење доверба со идните клиенти пред да се обидете да им продадете нешто. Content Marketing е повеќе за „давање“ отколку за „земање“ – присутни сте за вашата целна публика постојано, им нудите содржини кои ги решаваат нивните проблеми, одговараат на нивните потреби, и сето тоа го правите без агресивно да се обидувате да продавате или да ги пласирате вашите производи или услуги. 

 

Околу балансот – сè во маркетинг е предмет на тестирање; секогаш поаѓаме од хипотеза, а публиката не простува. Ако нешто не е како што треба, бројките веднаш покажуваат. Доколку бизнисите се фокусираат на следење на аналитика недела по недела, месец по месец, многу брзо ќе дознаат кои се оние содржини кои го привлекуваат и задржуваат вниманието на нивната целна публика. 

 

Би рекла дека тоа е разликата помеѓу добар и лош маркетинг, добриот маркетинг не се потпира на „лично мислење“ и претпоставка, туку на тестирање и конкретни податоци.

 

6. Верувам дека многумина ќе ги интересира ова прашање. Дали еден маркетер треба да поседува талент за пишување за да напише добар текст или сепак постојат тактики за учење со кои можеш да ја усовршиш оваа дигитална вештина?

 

Зборовите се секако дел од она што го правите, но колку ќе ви користи талентот зависи од насоката за која ќе се одлучите. 

 

Може да се одлучите за техничка насока во која зборовите нема да ви требаат толку многу, од друга страна може да се одлучите за demand gen или content каде дел од работата ќе ви е смислување кампањи, создавање содржини и слично. Или пак, можеби ќе решите да работите како copywriter, па зборовите ќе се вашето најмоќно оружје. 

 

Она што дефинитивно треба да го имате е прво, љубопитност и второ, научен пристап кон вашата работа; сè што правиме е хипотеза која треба да се потврди, она што нам ни се чинат како добри зборови не секогаш успеваат да ја постигнат посакувана цел – наша задача е преку различни обиди да се приближиме поблиску до целната публика и да видиме што е она што тие навистина сакаат да го чујат.

 

7. Какво е твоето искуство со DMI платформата? Дали сметаш дека ресурсите и материјалите кои им се достапни на студентите им помагаат полесно да го совладаат модулот?

 

Да, навистина се одлични. И тоа не само за полесно совладување на материјалот, туку и за олеснување на работата.

 

8. Кои ти се омилени активности во слободното време? Од каде црпиш инспирација и мотивација? 

 

Листата нешта кои ме прават среќна се прилично едноставни: добра книга, филм, време поминато со пријателите и семејството, нови дестинации, нови растенија во мојата домашна градина, и fetch со мојата Астра. 

 

9. Според тебе, дали ќе има значителни промени во Content Marketing во наредните 5 години? Што сметаш дека ќе ѝ привлекува внимание на публиката?

 

Мислам дека веќе гледаме дел од промените на кои во иднина ќе се става сè повеќе и повеќе фокус:

 

  • Дистрибуција на содржини 
  • Ungated содржини
  • Dark funnel
  • Intent-based branding

 

 

Доколку сакаш да се стекнеш со вештини во дигиталниот маркетинг или да ги усовршиш истите, да научиш како да создадаш содржина со која ќе го привлечеш и задржиш вниманието на публиката, но истовремено и ќе ја едуцираш тогаш мораш да бидеш дел од предавањата на Верче. Модулот Content Marketing е дел од програмата на Galeksia која е креирана од професионалци во индустријата и со неа имаш можност да се стекнеш со сертификат признат на глобално ниво. Дознај повеќе!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче