На муабет со ментор – коjа е Сара и што е Google Analytics?

Денес разговараме со Сара Стојковска, дел од тимот ментори во Galeksia и сертифициран DMI тренер која го предава модулот Google Analytics. Сара е Digital Analytics Consultant, со долгогодишно искуство во домашни и светски компании и работа со клиенти од различни индустрии. Нејзината експертиза и умешност со броевите им овозможи раст и позитивни резултати на клиентите со кои има соработувано.


Во ова интервју ќе прочиташ повеќе за професионалниот пат на Сара во оваа индустрија и како се одлучила за кариера во дигиталниот маркетинг! Од нејзиното искуство од самите почетоци на Galeksia, како и од програмата на DMI, ќе ти открие зошто Galeksia е правилниот избор да се стекнеш со дигитални вештини и професионално да се надоградиш!


Прочитај го интервјуто со Сара, информирај се за програмата и бенефитите што ги нуди и започни со кариера во дигиталниот маркетинг уште денес! 




Запиши се!





1. Здраво Сара! Ти си дел од нашиот тим ментори во Galeksia. За подобро да те запознаат нашите студенти, откриј ни нешто повеќе за себе – која е Сара? 



Јас сум личност што во суштина избегнува да зборува за себе, меѓутоа би можела да издвојам неколку зборови што ме опишуваат: самокритична, ентузијастична, реалист по природа, хаотична, зафатена и постојано во некаква акција. „Големата слика“ е она што ме води низ секојдневието, опкружувањето со вистинските пријатели и семејството како и нивната безрезервна поддршка и разбирање. Секогаш тука да помогнам секому, за што и да е, во кое било време. 



2. По професија си Digital Consultant, со повеќегодишно искуство во индустријата и соработка со клиенти во различни области. Како се одлучи за кариера во оваа област, кој беше клучниот момент?



Оваа кариера се случи толку спонтано и непредвидено, што јас сè уште не можам да си поверувам. Имено, студирав сметководство и ревизија, знаев дека броевите и математиката ме привлекуваат, меѓутоа бев сигурна дека баш тоа поле и струка не се за мене, па сакав да пронајдам нешто што ќе биде преплет на дигиталниот брзо-растечки свет и броевите.



Доброто истражување за светот на дигиталниот маркетинг, што се опфаќа истиот, ми ја оформи визијата за тоа со што сакам професионално да се занимавам. Затоа препорачувам добар research и верувам дека ќе ви се осветли патот во оваа сфера.



Со започување во стартап околина и за почеток, опипување на сите аспекти на дигиталниот маркетинг, природно дојде читањето на податоци и сè што е тесно поврзано со истото. Денес, со поставување на параметри за мерливост на перформанс на онлајн кампањи и мерење на однесување на посетители на одредена веб-страница, целам кон патот на станување Digital Analytics Specialist во комбинација со Data Scientist.



3. Воедно си и сертифициран DMI ментор во Galeksia и моментално предаваш на модулот Google Analytics. За многумина претставува непозната алатка, кажи ни што опфаќа Google Analytics и за што се користи во дигиталниот маркетинг?



Google Analytics е алатка која следи што прават посетителите на еден веб – сајт, ги следи акциите кои тие ги прават на страната, како и клучните конверзии кои ги извршуваат. Со помош на оваа платформа може да прочитаме податоци и за перформансот на кампањите, врз основа на кои ќе ги оптимизираме и буџетираме.
Со Google Analytics ја прилагодуваме страницата во однос на интеракциите и повратните информации кои ги добиваме од корисниците, со цел да ја направиме истата пореспонсивна и поконвертабилна.



4. Како го поминуваш слободното време, која е Сара кога не анализира бројки?



Кога не анализирам бројки, анализирам сè околу мене. Всушност, обожувам психологија, читам слободна литература која ги опфаќа трилерите, мистериите и детективските книги. Не сум голем љубител на серии, повеќе сум за добар филм од жанровите на акција, трилер(повторно) или комедија, а омилена тематика на филм ми е дефинитивно time-travel. Во последно време патувам низ селца и планински предели низ Македонија и тоа е она што најмногу ме одмара и ми ги полни батериите.



5. Кажи ни три твои особини кои те опишуваат?



Нестрплива, охрабрувач/поддржувач, посветена.



6. Да можеш да поминеш само еден работен ден во друга професија, што би билa?



Добро прашање. Хмм… од оваа перспектива веројатно е нешто поврзано со уметност, бидејќи е нешто коешто го гајам од мала. Сликарка, танчeрка, пејачка. Но, има и втора опција – како мала, додека сите другарки сакаа да бидат докторки, пејачки и манекенки, јас сакав да бидам таксист – возењето автомобил отсекогаш ми било забавно, а денес и ме опушта; па можеби би си го остварила и детскиот сон хаха.



7. Што би им препорачалa на сите оние кои се заинтересирани и сакаат да се вклучат во програмата за дигитален маркетинг? 



Вистинското време да започнете е сега (подобро речено: вчера.). Запознајте го светот кој ќе ви отвори врати кои не можете ни да ги замислите, како што и јас не можев да се замислам на оваа позиција пред 4 години. Galeksia е парична инвестиција, тоа е неминовно, но, верувајте заштедувате скапоцено време и добивате материјали и пристап до платформа и програма која е креирана од луѓе кои ги поставуваат трендовите во дигиталниот маркетинг. 



Кога Galeksia и светскиот признат сертификат, би постоеле во времето кога јас почнував да пливам во овие води, би ја зграбила шансата без колебање. Мислам дека ова е најдоброто нешто што можам да ви го посакам и препорачам.



9. Според тебе, кои се предвидувањата за Google Analytics во индустријата за пет години од сега?



Индустрија во подем! Она под кое се води Google Analytics пропратен со Google Tag Manager професонално се вика Tracking, а позицијата Data/Digital Analyst. Оваа професија се очекува во наредните две три години да се вкрсти со Data Science и Data Engineering, што всушност е веќе во брз развој. Почнувајќи од основно следење на тоа то се случува на еден сајт до годишни предвидувања, real-time предвидувања како и оптимизација и персонализација на целокупниот user-journey од платена реклама, до конверзија на веб-страна. Тоа е блиската дигитална идинина





Биди дел од предавањата на Сара на модулот Google Analytics и научи како да ги анализираш податоците и статистиките на еден веб-сајт, дознај што потрошувачите бараат и како од случајни минувачи да станат твои клиенти. Запиши се на програмата во Galeksia и стани врвен дигитален маркетер!



Ноемвриските уписи се во тек!



Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче