На муабет со ментор – која е Наташа и што е Paid Search (PPC) with Google Ads?

Наташа Мрмачовски е ментор за Paid Search with Google Ads, Display Ads and Video Ads модулот во Galeksia и сертифициран DMI тренер. Наташа е врвен специјалист за дигитален маркетинг со богато искуство во менаџирање на тимови за маркетинг, HR, брендинг, lead generation, репутациски менаџмент и дигитален мarкетинг со акцент на Google Ads.

 

Од денешното интервју со Наташа ќе дознаеш повеќе за модулот Google Ads, што всушност опфаќа и што треба да поседува еден успешен дигитален маркетер. Од нејзиното професионално искуство во оваа област, како и искуството со DMI програмата ќе прочиташ како да започнеш кариера како специјалист за Google Ads и како да го унапредиш својот бизнис со помош на ваков вид на рекламирање.

 

Имавме навистина продуктивен и информативен разговор, прочитај го целосното интервју подолу! 

 

 

Запиши се!

 

 

1. Здраво Наташа! Ти си ментор на модулите Paid Search (PPC) with Google Ads и YouTube and Display Advertising во Galeksia. Што ќе им откриеш на оние кои не те познаваат, која е Наташа?

 

Наташа е вљубеник на ‘’all things digital’’. Секогаш имав некои креативни хобија и од таа страна верувам дека произлезе и желбата да започнам да се занимавам со дејноста. Започнав буквално од нула како практикант без некое посебно техничко знаење, без преголеми очекувања, но со визија дека што и да правам максимално да се вложам во дигиталниот маркетинг. Доколку ми речат да ја менувам дејноста не би ја менувала, но би учела постојано да ја надоградам.

 

2. Имаш богато искуство во областа на дигиталниот маркетинг, HR, брендинг, lead generation, менаџер на тимови за маркетинг. Дали би рекла дека главниот фокус ти е на Google Ads? Што е она што најмногу те привлече во оваа област?

 

Според мене во дигиталниот маркетинг не треба да си само ‘’специјалист’’’ во едно поле (барем јас тоа така го гледам). За да ги поврзеш сите ‘’коцки’’ потребно е знаење во повеќе области затоа што сите меѓусебно се тесно поврзани. Јас да, работам на Google Ads, но воедно во секојдневната работа буквално за да стигнам до крајната цел морам да започнам од некаде а тоа не е секогаш со реклами туку и анализи, оптимизација, content па сè до стратегии за органски и платени кампањи на повеќе платформи.

 

Затоа ја поддржувам и логиката на програмата на DMI за Certified Digital Marketing Professional затоа што поддржува сè, од концепт до стратегија, реализација и следење на резултати што еден иден маркетер мора да го знае за дејноста

 

3. Воедно си и сертифициран тренер од реномираниот DMI институт во Galeksia. Кажи ни го искуството од твој аспект со DMI програмата и кои бенефити ги нуди сертифицираното знаење што го добиваш?

 

Google Analytics е алатка која следи што прават посетителите на еден веб – сајт, ги следи акциите кои тие ги прават на страната, како и клучните конверзии кои ги извршуваат. Со помош на оваа платформа може да прочитаме податоци и за перформансот на кампањите, врз основа на кои ќе ги оптимизираме и буџетираме.

 

Со самото влегување како ментор во школата, Galeksia ми овозможи да се стекнам и со диплома за тренер што е одлично затоа што и самата поминав во процесот за сертификација (иако малку поразлична) како што поминува и секој студент со цел подобро процесот да им го доловам на сите идни студенти на моите модули. Бенефити од програмата има безброј, пред сè процесот е одлично организиран, вклучени се одлични теоретски и практични програми, а дипломата е сертифицирана и на високо светско ниво.

 

4. Модулот за Google Ads претставува покомплексна тематика за сите оние што прв пат се среќаваат со истата, па кажи ни што ќе научат студентите на модулот за Google Ads? Дали им ја препорачуваш програмата на сите заинтересирани во областа на дигиталниот маркетинг?

 

Од Google Ads модулите студентите ќе научат што значи рангирање на бренд на топ резултатите на Google, како се достигнува тоа и која е праксата која ја применуваат компаниите кои генерираат бројни клиенти само со онлајн маркетинг. A oсвен на резултатите на Google при пребарување, во програмата вклучени се и примери од тоа како се креираат кампањи и на Youtube но и Display, што верувам дека како тренд ќе опстојуваат доста на пазарот со оглед на тоа што корисниците се насочуваат кон гледање на видео содржини се повеќе.

 

Програмата ја препорачувам затоа што е уникатно искуство да добиете знаење од сите аспекти на креирање на кампањи а со тоа да одлучите кога е вистинско време и начин да се применат Google Ads кампањи за клиентите/вашиот бренд.

 

5. Според тебе, од колкаво значење е рекламирањето со Google Ads за еден бизнис? Доколку направиш споредба, дали има голема разлика рекламирањето кај нас и на светско ниво?

 

Рекламирање на Google за нашиот пазар сè уште не е до таа мера застапено, како што тоа е пракса за многу светски брендови. Разликата е пристапот до крајниот потрошувач. Кога еден бренд знае каде се неговите потенцијални онлајн потрошувачи ќе вложува повеќе за да добие повеќе на тие канали.

 

6. Покрај професионалните ангажмани, кои верувам дека ти одземаат голем дел од времето, кажи ни како го поминуваш слободното време? Кои ти се омилени активности за опуштање и рекреација?

 

Јас сум тип на човек кој не сака да има премногу слободно време.
Сметам дека времето треба да е потрошено квалитетно со работи кои не прават среќни, исполнети и пред сè не прават горди на сè што сме постигнале. Времето кое не го поминувам во работа, го поминувам со сопругот, семејството, пријателите. Сакам да патувам (имам и ‘’bucket list’’ на дестинации кои сакам да ги посетам во следните неколку години и за кои веќе имам план (иако минатата и оваа година не беа баш поволни за патување).

 

7. Да можеш да поминеш само еден работен ден во друга професија, што би била 

 

Некој период размислував за проектен менаџмент меѓутоа си го вратив фокусот назад на дигитален маркетинг затоа што си пронајдов нови предизвици во кои можам да продолжам да растам во полето.

 

9. Според тебе, како ќе изгледа Google Ads рекламирањето за пет години од сега?

 

За пет години од сега не би можела да антиципирам што ќе се случи со Google,  меѓутоа каков и тип на маркетинг да е потребен секогаш ќе биде фокусиран на крајниот потрошувач и негово таргетирање на платформите кои ги користи, уредите кои ги користи во моментот, навиките и потребите кои ги има.

 

 

Од Наташа ќе можеш да ги научиш најдобрите практики за менаџирање, оптимизација и генерирање на резултати со помош на платени кампањи преку бројни практични примери. Програмите на Galeksia се акредитирани од Digital Marketing Institute и се прилагодени за секое ниво на познавање во областа на дигиталнот маркетинг. Информирај се детално за програмите овде и пријави се уште денес!

 

Уписите се во тек!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче