На муабет со ментор – коjа е Ивана и што е Email Marketing?

Ивана Јовановска е сертифциран DMI тренер, дел од тимот ментори и предава на модулот Email Marketing. Има обемно работно искуство во над 7 различни индустрии во 10 држави, 200+ успешни E-mail маркетинг кампањи кои директно ја зголемиле продажбата на компаниите. Моментално работи како SEA Consultant во Dept Agency.

 

Во ова интервју ќе прочиташ повеќе за она што ќе се изучува на програмата, бенефитите кои ги нуди и што можеш да постигнеш со знаењето што ќе го стекнеш! Ја прашавме што е клучот до успехот за една email кампања да ни донесе позитивни резултати, како и нешто повеќе за себе и нејзиниот професионален пат! Прочитај ги одговорите на Ивана подолу!

 

 

Запиши се!

 

1. Ивана ти си една од помладите, но не и помалку искусните ментори во Galeksia. Претстави им се на нашите читатели и кажи им нешто повеќе за себе!

 

Најтешкото прашање, да кажеш нешто за себе. 😃 16 personalities test = ESFJ – А

 

2. Во Galeksia си од самите  почетоци, стана и DMI сертифициран тренер. Какво искуство и гледиште имаш ти за DMI програмата и начинот на кој се пренесува знаењето од платформата?

 

Покрај тоа што самиот сертификат има огромен удел во понатамошниот развој на кариерата на секој индивидуалец, самата програма е развиена на тој начин што може да се разбере и да се користи од некој со и без искуство во дигиталниот маркетинг.

 

Најголемиот бенефит е тоа што покрај работењето со програма и платформа креирана и одобрена од светски компании од сферата на дигиталниот маркетинг, самиот обем на часови во Galeksia е подолг од часовите на самата платформа. Ако еден модул на платформата е во времетраење од 4 часа, во Galeksia тој модул се обработува минимум 10 часа, дополнителната вредност е добиена од додадени практични примери, вежби и дообјаснувања од менторите!

 

3. Имаш богато портфолио со искуство во 7 различни индустрии и 10 различни држави. Дали можеш да издвоиш проект или индустрија во која имаш работено, каде што си постигнала најдобри резултати?

 

Во досегашното искуство имам забележано дека со колку клиенти или индустрии и да работам, секоја од нив има посебно место, значење и нешто со кое што се гордеам. Според мене првиот чекор да се работи за клиент или индустрија е запознавање со секој дел од таа индустрија или клиент. Самиот процес придонесува до поголемо зближување и вреднување на истите.

 

4. Го предаваш модулот за e-mail marketing на програмата. Со оглед на големото искуство во областа, со креирани над 200 успешни e-mail маркетинг кампањи, кои 3 работи можеш да ги издвоиш како клучни за една e-mail кампања да донесе позитивни резултати?

 

Три се малку! Email маркетингот можеби навидум изгледа лесен и едноставен, меѓутоа има премногу елементи кои можат да влијаат на самиот исход за една кампања или цела стратегија. Дали се работи за сегментација, персонализација, дизајн, subject line, слики, бои, поставеноста на CTAs, domain reputation, секој елемент има посебна вредност и улога!

 

5. Според тебе, за кого е наменета DMI програмата за дигитален маркетинг? Дали некој без претходно знаење во оваа област може да ја изучува програмата?

 

Програмата е наменета за секој индивидуалец кој се гледа себеси во дигиталниот маркетинг, без разлика дали има претходно искуство или не. Тој што има претходно искуство ќе го надогради, тој што нема ќе се запознае со секој дел од дигиталниот маркетинг. Самата програма е обемна и корисна без разлика на искуството!

 

6. Како го поминуваш слободното време, што е она што те инспирира и мотивира?

 

Музика, игри, добро друштво и дигитален маркетинг се работите кои ме инспирираат и мотивираат секојдневно!

 

7. Да можеш да поминеш само еден работен ден во друга професија, што би била?

 

Немам многу размислувано на оваа тема бидејќи самиот маркетинг е нешто што ме влече одамна, уште пред да почнам кариера во дигитален маркетинг. Нема plan B за мене! 😃

 

8. Што би им препорачала на сите оние кои се заинтересирани и сакаат да се вклучат во програмата за дигитален маркетинг?

 

Go for it, нема што да се изгуби, може само да се добие знаење, конекции, пристап до платформи и отворање на нови гледишта и нови шанси во светот на дигиталниот маркетинг!

 

9. Според тебе, како ќе изгледа Email маркетингот за пет години од сега, дали очекуваш значителни промени?

 

Како и сите гранки на дигиталниот маркетинг, Email маркетингот не е исклучок на секојдневните промени. Самата индустрија е премногу динамична и никогаш не се знае што да се очекува. Едно е сигурно, email is not dead (nor it will be)!

 

Ако станеш и ти дел од предавањата на Ивана, ќе научиш како да креираш успешна email кампања, како да ја оптимизираш истата, кои алатки можеш да ги користиш и сè друго што ќе ти помогне да си го подобриш бизнисот или да почнеш кариера во дигиталниот маркетинг! Запиши се на програмата и стани сертифициран digital marketing specialist!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче