На муабет со ментор – кој е Теодор и што е SEO?

Теодор е дел од тимот ментори во Galeksia кој ги предава модулите SEO и Website Optimization, а воедно е и сертифициран DMI тренер. Своите магистерски студии по Project Management ги завршува на престижниот RANEPA универзитет во Москва.


Со своето интернационално искуство во над 11 различни индустрии и во 7 различни држави, преку практична работа ќе ти го пренесе своето знаење и ќе ти помогне да го совладаш материјалот за SEO, кој важи за еден од покомплексните сегменти во областа на дигиталниот маркетинг.


Денес разговараме со Теодор на многу интересни теми за неговото искуство во областа, професионалниот пат, зошто се одлучил баш за SEO и што им препорачува на сите што имаат желба да почнат со изучување на дигиталниот маркетинг. 


Во ова интервју ќе имаш можност подобро да го запознаеш.



Запиши се!





1. Здраво Теодор! Ние веќе добро те познаваме, но за подобро да те запознаат нашите студенти, кажи ни нешто повеќе за себе и за твојата професија?  



Имам 33 години, ова го работам скоро третина од животот и оставам впечаток дека многу сакам да зборувам. Всушност повеќе сакам да дискутирам и да слушам размислувања, од да правам долги монолози. Меѓу другото SEO бара да разбереш со каков мотив луѓето прават пребарувања и што очекуваат да видат – само така може да донесеш еден вебсајт да се рангира добро и да рангира пред правата публика.



2. Твоите магистерски студии за project-management ги заврши во Москва, па кажи ни како изгледа Теодор кога е студент.



Многу досаден! 🙂 Постојано дигам рака и завлегувам во дискусии со професорот. Моето разбирање на часот е дека присуствувам со цел да научам од професорот. Ако беше идејата само да ја совладам книгата – ќе седев дома и ќе си читав.



3. Што беше клучно да се одлучиш за кариера во SEO?



Клучно беше што ми се понуди убава работа и добри пари од самите почетоци. Имам време и финансиска стабилност да ја истражам професијата, да читам и да се одлучам дека сакам да го правам тоа во животот.



4. Дали можеш да ни објасниш на кратко што всушност значи SEO односно оптимизација на една веб-страница и зошто е важно?



Различни дигитални бизниси оптимизираат од различни причини и со сосема различна примарна цел. Секако, сè се сведува на зголемување на дел од пазарот и раст на добивки. Некогаш треба нешто технички да се измени, некогаш треба да се направи долгорочна стратегија со клучни зборови, а некогаш треба да се зголеми видливоста на сајтот локално.  Мислам дека пократок одговор не можам да понудам. 🙂



5. Општо познато е дека SEO важи за еден од покомплексните сегменти во областа на дигиталниот маркетинг. Од досегашното искуство дали сметаш дека тоа е случај и кај студентите во Galeksia и што би ги советувал за подобро да го совладаат материјалот?



Студентите добро се снаоѓаат бидејки го поставуваат клучното прашање „Па добро што може DMI да ме праша од сѐ ова?“ Настрана тоа, оние што навистина ги интересира ова како идна кариера прашувааат „ОК, па од кај да почнам?“ За снаодлив човек – нема мака!



6. Како најчесто ти поминува слободното време и кое ти е омилено хоби?



Слободно време имам сè помалку и помалку, но гледам да го користам креативно. Наоѓам задоволсто во правење ликери секоја сезона и експериментирам со нови видови. Сакам да правам различни некомпјутерски проекти, поправки и генерално сѐ што би ми овозможило да не сум пред монитор.



7. Во Galeksia си од самиот почеток, што сметаш дека е предноста на Galeksia и програмата во однос на другите институти за дигитален маркетинг? 



Да бидам фер – не знам точно што се нуди во другите програми. Во однос на што ми се допаѓа кај програмата кај Galeksia е тоа што студентите имаат избор: може да ме слушаат мене, може да го слушаат интернационалниот предавач на DMI платформата и ако не им е доста од мене, може и на снимка да ме гледаат. 🙂



8. Да можеш да поминеш само еден работен ден во друга професија, што би бил?



Човечки ресурси. Имам многу фрази што би ме отпуштиле на прв ден! 🙂



9. Што би им препорачал на сите оние кои се заинтересирани и сакаат да се вклучат во програмата за дигитален маркетинг? 



Да разгледаат што сè може да биде дигиталниот маркетинг, да видат што им се допаѓа, да се одлучат за една гранка и да читаат како луди во гранката. Индустријата е многу променлива и мора да се чита константно – многу помага ако те интересира тоа што го читаш!



9. Според тебе, како ќе изгледа digital marketing индустријата за пет години од сега? 



Со многу повеќе автоматизација и machine learning. Стратегиите и математиките во сите сегменти на дигиталниот маркетинг имаат сè повеќе одлуки врз база на податоци кои бараат дневна анализа. За да се следи сето тоа и да може да се донесе исправна одлука или брзо да се открие грешка ќе ни треба малку посилен процесор од оној што го имаме меѓу ушите. 🙂





Доколку сакаш да се стекнеш со вештини во дигиталниот маркетинг или да ги усовршиш истите, да научиш како да оптимизираш еден веб-сајт и да се искачиш на врвот на првата страница од резултатите при пребарувањето, тогаш мораш да бидеш дел од предавањата на Теодор. Програмите на Galeksia се креирани од професионалци во индустријата и со нив имаш можност да се стекнеш со сертификат признат на глобално ниво.



Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче